Јас сум 35+3 ни еднаш не сум осетила стврднување или контракција, не знам дали е нормално. Осеќам на една страна или со газево кога мрда ама знам дека е беба а не контракција
Даа, и тоа е нормално. Немај гајле. Мислам имам спомнато другарка беше на контрола, без контракции никакви во 39та, бебе карлично завртено со закажан царски за неколку дена а бебе веќе и беше спремно за природно и се породи за 2 саати. Посакувам како нејзе лесно да ни е на сите жими се
И јас имам ваков пример закажан царски заради карлично поставено бебе,се породи природно 3дена пред тоа
Оф бе , јас денес одкакп сум станата си имам болка во левата рака ,немам сила ни да ја кренам нз зш така пиев мсгнезиум , вит6 дслерон ама ништо не помага ,нз што да правам веке
Мене не ми беше закажан ама најавен дека имам големи шанси. До последен ден ниедна контракција и не бев ниту милиметар отворена + тврдо грло. Ме примија од вечер, за сабајлето да ми стават провокација да пробаме прво природно. Вечерта ми ставија вагиналета за омекнување на грлото. Во 4ч, сабајлето сам ми пукна водењакот, во 8 се породив, ни провокација ни ништо лесно и природно пројдов. Ден денес викам од страв се отворив, а дефинитивно вагиналетата изигра улога кај мене.
Додуша и јас сум била карлично поставена до пред крај. Мајка ми отишла да закажат царски и и пукнал водењак на влез во болницата и додека се качи на бокс јас сум веќе била свртена. Е сега што сум излегла со рачето на ушето и сум ја повредила мајка ми малку, не сум јас крива Ама ушето ми е малку скратенко горе кај што сум си го држела и јас си носам последици значи
Што мислите сакам да си ја офарбам косата на фризер, ама со тие нејзини фарби значи со амонијак се дека сум плавуша и тие најубаво ми фаќаат, а сега сум заникаде. Ќе има влијание некое на бебе ?
Тоа ме интересираше дали во овие недели има некое влијание. До сега само еднаш се фарбав и тоа со фарба без амонијак. Сакам и јас да ја скратам и да се фарбам, да заличам на човек.
Јас колку си ја обожавам косава во бременост не е можно. Ептен ми порасна, не сакам да ја кратам. Сама ќе си паѓа после пораѓај, колку што имам читано хахах
Девојки на уринокултура ми излезе е. Коли. Мала концентрација но сепак има, ми рече матичната нифуран но го нема никаде. Има некоја слично искиство? Што сте пиеле?
Јас сега сум 32 недела а пред околу месец ипол си ставив и бланш и фарба обична без амонјак. И јас сум плавуша како тебе па така богу се си е ок.
Побарај го како Дофурин. Истиот лек, различна фирма. Го имаше во Бети аптекиве. Овој антибиотик содржи нитрофурантонин што најнајнајубаво делува на ешерихијата. Ја со години мака мачев со неа и овој лек најбрзо и најубаво ми делуваше.
Не сакам да те плашам ама обавезно да си ја излечиш...барај друг антибиотик...јас имав а не знаев, бебето фати при пораѓај и мораше и тоа долго време да се лечи...на антибиограмот само на нифуран ти е сензитивна?
Не е само на тоа. Ќе одам кај матичната да го види резултатот и да ми даде нешто друго. Фала девојки.
Ако не го најдеш, прашај ја матичната за Панцеф. Дозволен е во бременост, но појак е од Нифуранот. Ама прашај си ја матичната за секој случај да не се праам доктор ја сеа тука
Девојки, 27недела сум.. Првите три месеци се откостив од мачнини и повраќање.. Но од кога влегов 4ти, наваму ми се нема десено.. Сега пред малу, од нигде никаде, добив нагон на повраќање, исповратив.. Има потреба да паничам и да одам на лекар, или е нормално ова? Паничар сум, знам..