Да, ама треба малку појако железо, подобар хемоглобин за да се качи хематокритот. И мене ми е на долна граница, 34% со екстра железо. Не е само железото фактор Едит: хгб ми беше 105, железото 11 - хематокритот 31. Сега хгб ми е 111, железото 16 - хематокритот 34.
Женски, пошто мојот критичен период помина и од вчера сум малце поубедена дека ќе родам бебе Решив мааалце да си ја опуштам душичката па да прашам за поведра работа. Некоја искусна мамичка да ме посоветува дали да земаме неколку шпикознички подебели како плишани со оглед на тоа што баш зимските месеци ќе ги фатиме а и плус сме во куќа што е за нијанса посвежо од стан. Јас од лани имам спремно ама се ми се баш памучни. Што викате....Да земам такви или сега само имам изливи на емоции што ми го активираат конзумеризмот
Паааа тие сидерал форте што ги спомнуваат да ги пробаш? Видов на неколку членки им многу помогнале. Или лактиферол мислам дека се викаа што ми ги има спомнато мојот гинеколог како опција?
Земи земи, ако најдеш кажи ми и јас од каде да земам. Ништо не можам да најдам, а тоа што го најдов не ми се свиѓа
Нели....некако за плишани тапа изборот...некако ретро ми изгледаат многу. Ама ете од денеска ќе почнам интензивно да барам а ако најдам нешто добро известувам.
Леле не знаеш колку ме израдува. Мојата матична ми рече дека ке е подобро да одам кај специјалист, ама терминот е на 8.11. Денес пак ѝ се јавив дали може побрзо да ми дадат, рече тој е најблискиот
Кај мене лактиферонот не се покажа ефективен, од 100 на 89 ми падна со мего хгб, се префрлив на ферум лек и почна да се качува. Инаку да, и сидерал ги фалат многу. Со препаратите на железо мора да се екапериментира, кај секој различно делуваат. Кај мене она што делуваше пред бременост, во бременост не делуваше.
Коа сме кај повеселите теми веќе како облека дали некоја од вас порачувала од Muppet kids? Имаат мнооогу убавки новогодишни шпикознички и боденца (ќе ви ставам и по некоја сликичка да ви отворам работа ), ама секогаш кога порачувам од нет сум скептик, па сакам да си прашам за искуство.
Ги гледав баш вчера, ама никаде немам прочитано ништо ниту за страната ниту reviews ... А по 1500 денари се поубавите и ако не ги бива, да си ги закачам како украс таман за нова година
Јас лани за ќерќами порачав баш новогодишно фустанче за новогодишна фотосесија, супер стигна како на сликата и материјалот преубав задоволна сум Инаку, 4та недела сум, по препорака на гинекологот два дена некни и вчера на гладно пиев аспирин ради повисок притисок и ми кажа дека можно е да имам мал исцедок на крв од аспиринот, па вчера имав минимално на хартијата како кафенко, па од страв не се напив денес, но еве пак имаше малце црвено на хартијата. Докторката ми кажа да земам утрогестан доколу се појави крв... Е сега пошто денес не се напив апче ме плаши зошто е крвта зарем сеуште има ефект апчето од вчера рано? На моја рака ќе ги прекинам аспиринот, во првата бременост немав вакви маки.. Искуства?
Лелееее јеееј! Може ли да ги замислиш колку ќе бидат нереално слатки у тоа бодињата новогодишни?! Ме убеди толку, сеа и ја ќе нарачам, ептен сум тешка ја на вакви ствари Леле абе од коа ќе се породиме не можам да се помирам дека нема да ви ги знам бебињата и дека нема да знам што ќе се случува со вас, ко другарки да сме си така се осеќам
Мој совет е се памучно да си купиш. Има подебел памук. Ако треба подебело да го облечеш можеш боди со долги и шпихозни. Ама пази многу затоа што бебињата лесно се прегреваат. Капа внатре не, ракавици не.
абе од кога ќе се породиме само ќе се префрлиме во друга тема место во труднички, во мајчински муабети
Битно мачево ми прави друштво додека си дремуцкам во кревет Него, има некој искуство со животинче и бебе? Ова црнчево е ептен поврзано со нас па веројатно ќе ја сака и бебка?
Оо што убаво Јас чувам персиско маче до сега само еднаш ми има легнато до стомачето и од тогаш никогаш хх ама она е таков карактер неќе да се гали ..
Леле какво е бушавко, убавко Мојава ми е цело време до стомак/врз стомак ама се нервира кога бебка ја тепа Не и е јасно шо се дешава, многу е интересна А ми ја обожава трудничката перница, ко за нејзе да е купена