Ако е вакцинирано мачето и секоја година ако прима инекција за беснило и ако прима редовно ампула за болви и апче за глисти нема проблем, напротив сум читала дека и имунитетот на децата е подобар ако растат со милениче. Однеси го на ветеринар пред да дојде бебуш нека му стават тазе и ампула и апче за глисти. Мислам дека на ветеринар и со инекција можат тоа се да му средат. Само да знаеш може да е љубормоно мачето и за инает да му спие во количка хаха.
Хахах па супер, ако е некое плачливо бебе да не знам што е ден што е ноќ па во целиот хаос мачето ќе го шетам во количката што има везе
Идни мамички, вие што сте при крај и чекате како мене како ќе ги облечете бебушките за излегување од болница ? Јас ова го имам спремено + боди по долги има. Дали да спремам скафандерче или доволно е ова и ќебенце ?
Дали некоја од вас има/ла искуство со ишијас во бременост? Што ви помогна најмногу и дали се повлекува по пораѓај? Од пред некој ден имам големи болки при одење, особено на едната страна од ногата. Ќе почнам од следната недела со физиотерапија, но не знам како ќе издржам за викенд… Многу боли при движење, ми се плаче колку е не издржливо. Веќе сум во 9-ти месец, сакам да сум подвижна пред пораѓај.
и мене ме интересира истото... немам ништо спремно ама во план ми е боди по долги, горе шпикозни некои плишанки капче и ќебенце... не знам дали треба и плус скафандер ... што знам 2 мин се до кола... цело време ова размислувам
Јас сум со ишијас и дископатија. Одмор кога почнуваат болките, се додека не се смират. Помалку стоење, помалку наведнување и дигање на тежина. И физикална терапија секако, има и пренатални вежби како јога за трудници што ја подобруваат состојбата
Јас имам кутренце и исто се плашам како ќе се слагаат со дечково коа ќе се роди. Едново ќе плаче, другово ќе лае, мама ќе полуди Иначе јас мнооогу сакам животни и од мала чувам куче и верувам дека децата што растат со миленици се посреќни, посмирени и побрзо развиваат чувство за емпатија. Нешто што мене лично ми е многу важно со оглед на тоа во каква апатија живееме. Јас ќе ги дружам цело време и верувам дека супер ќе се слагаат
Дома немам куче, ама кај свекрва ми има и кога сме таму се само до бебе сака да седи и во него гледа. Па ако плачи лае најсилно што можи. Така секој ден би ме побудалиле двајцата
Здраво до сите ,едно прашање до мајките кои сте пред пораѓај,кој број на алишта имате купено за вашето бебе за од болница.Јас купив 50ка,па се мислам можеби да не е мало.Инаку до денес сум 36+3,на точно 36 недела бебе тежеше 2960гр. има уште до крај па се мислам дали да купувам ново поголемко 56 број или ќе поминеме и со 50ка.Фала на одговор.Се најдобро!
Мене ми е рано....ама си мислев на тоа. Си реков би спремила и такви и такви во торбата па кои ќе му се точни со тие ќе излезе.
Истиот проблем го имам и јас последниве 3 дена.31+3 сум и не можам да одам, на левата страна кај бутот ме штрека страшна болка.Можам да движам само со десната нога напред,ако ми е левата напред имам болка до срце што ме погодува.Читам по интернетов дека таква ишијалгична болка може да се јави во бременост.Мачкам Ice power gel и малку од малку ми попушта болката,ама само додека трае ефектот на загревање максумум 1 саат.Ајде побрзо да се исправиме на здрави нозе за да си ги чуваме бебушите
Една друга тема да отворам. Среќа што постои работа од дома. Иначе со толку апчиња потсетници... вака дома сум си бркам раб си пијам све со ред
На иста мака сум. И јас се мислам за скафандерче имам едно мекано ама па за до кола...после у кола ќе зоврие. Сепак мислам доволно е само ќебенце. Кога ти е термин ? Мене ми е до 10.11.
15.12 ми е термин ... ладничко ќе биде тогаш.. купив скафандерче и јас мекано, ама ќе и биде големо, и топло во кола... не знам стварно
Aиииии златнииии тиеее колку се убавиии Јас сум болна по кучиња, мислам дека луѓе децата не си ги чуваат така ко ја шо му се потресувам на кучево мое. Инаку еве го и мисирот мој најдебел
Хахахаха сите ние со скафандерите си иаме мака Ја мислам тие шо сме од декември + со термин дека ќе ни требаат. Другиве можат со ќебенца да поминат. Мене термин ми е 10.01, а тогаш знае и -15 да биде, па не би го шетала само со ќебенце..
Мешиња денес бев на ехо, бебето е супер си се развива, наместено со глава доле и ме притиска ептен. Инаку конечно и мене ми го кажаа полот, син на мајка, колку му се израдувавме, посебно јас имав желба за син. Сега у облаци сум, ќе почнам и јасда гледам облека за момче, колку мерск има аии...