Ако се заедно секој ден нема да реагира така на плачот на бебуш, ќе се адаптираат едно на друго, вака му доаѓа на територија и му плаче (не дека и бебушов сака)ама кутрево си ја брани територијата, башка реагираат они на високи тонови...ама да се постојано заедно мачиња ќе бидат
И јас се мислев за скафандер,на крај земав. Термин ми е крај на ноември. Си велев кај ке ја носам зимово ама има доста прегледи,вакцина...значи нема да е само за од болница
Другарка ми има кутре и цело време иде по бебето. Ама ако го земе некој во раце, тоа се лути. Посебно на татко и многу му се лути и лае И ако бебето плаче, кутрево завива хахаха
Уф бешиката, те жалам хаха, ама ќе се поткачи дечкото, тек сеа ќе почне да шета низ меше и да те клоцка насекаде Честитки за синче, посебна слабост се на секоја мајка
Некој ден од декември 06.12 е последниот термин што го кажаа па ќе видиме п.с: Ако си ја родам на 07.12 мм нема право да побара подарок за годишнина додека сум жива. Подобар поклон здравје
Хахахха леле какви драми имаат они по дома значи, се изнасмеав Моево куче значи не знаете колку го сака маж ми, а инаку ја го имам пред 8 год прибрано од улица, маж ми го знае само 3. И не ми дозволува да му се приближам, а седнам до него ќе се намести меѓу нас, ако го гушнам ме ржи, а ако нешто му викнам ме лае. Значи нема шанси емоции да си искажеме со маж ми, ќе ме изеде мислам дека Е така сопственото куче ме шитна, а тек сеа за бебето шо ќе праи и колку ќе биде заштитнички настроен можам да замислам
Ајј колку сме блиску јас и тиии. Ќе се дружиме цело време значи. Мене ми е по циклус околу 20.01 ама ми викаат изгледа порано е зачнато па порано ќе е. Здравје, со убаво само.
да знаеш овие како живеат... едвај чекам да видам како ќе се однесуваат со бебето дали ќе го чуваат или ќе бидат љубоморни
хахаха лелее не знам ако ја вадам во скафандер овој огромен ќе и виде 62 ка е да купувам уште еден ли
Јас се породив лани во ноември и имав скафандерче 62ка, од старт ѝ го носев, сѐ до март го изнаносавме. На почеток ѝ беше голем ама нема врска секако само лежи и во количка е.
Не бее, па ќе биде облечено и под скафандерчето. Нема да и биде удобно ваљда ако и е ептен кнап. Или можеби трескам глупости. Веќе во ништо не сум сигурна. Толку
Jas samo da se nadovrzam za macinjata injas mnogu gi Sakam ama.mi e strav vo bremenost da ne zarabotam toxoplasma od niv I se drzam ponastrana
Затоа некој друг ќе чисти по мачето додека си бремена и немаш многу голема причина за грижа Плус со редовните вакцини и ампули, ако се чува мачето на затворено и ако не се храни со сирово месо ризикот е премногу мал
А од драми со мачево издвојуваме: Кога почнав да се гледам со мм, мачето не се тргаше од него. (11 години ја чува, тогаш беа 8 ). И ние ќе се гушнеме, таа ќе ме помириса и ќе почне да фршти. Нешто повеќе со нејзе у соба, не дај боже. Почнав да преспивам тука, почнавме да се сакаме со мачето колку толку. Само спиевме на исти кревет, она на еден крај јас на друг Е кога се преселив, виде не виде почна да ме прифаќа. Сфати дека не си одам Ама и ден денес ако лежиме гушнати со мм, таа мора да е меѓу нас и му се мести за нејзе да ја гушка а не мене хахаха
и мене ми беше страв пошто искачаше и надвор и го однесовме кај свекрва ми мачорот ... иначе ние сме со животинско царство дома кучињата планирам од старт да си бидат со бебето...
Ее затоа мојата принцеза 11 години е внатре. Да ја пуштиш надвор, улица не знае да премине. Ќе прегладне, нема да знае од каде и што да јаде како што е навикната се да и е сервирано
Мислев ножињата се таму ама главчето било, си го цицаше прстето цело време. Ти благодарам мајка, одвај чекам да го држав в раце