Мене свекрва ми ми рече дека ми купила ќебенце денес од Стружанка, дебело некое ко плик шо се праело, ама ќе му земам и скафандер секако, па ако му е голем ќе се смееме. Здравје ќе идеме на вакцини, педијатар, ќе се најде. Ја зимурлива сум ептен има да го тунтам како мече
Плик кебенце имам и јас ама незгодно е за во транспортер,затоа скафандерче. И јас сум зимурлива многу,тешко на бебето со мене
Некој друг да го чисти песокот или со маска да го чистиш и веднаш миење раце , на мојава свекрва ми и го чисти доаѓа секое сабајле и го чисти вака немам никакви обврски со неа мирна е и пречиста надвор не излегува воопшто од како ја купивме е внатре.
Два дена имам минимален кафен исцедок и сум испаничена а ми кажа матичната дека е нормално зошо се напив два дена аспирин. Денес прескокнав не го испив и повторно имам малце кафено. Дали има место за паника ве молам за одговор тие што сте имале ваков сличен проблем. Да чекам и утре дали ќе имам па да земам утрогестан..
Дали некој знае да ми каже од кога почнуваат да се јавуваат лажни контракции и како се чуствуваат? Ми доаѓа од време на време како испапчување проследено со болка и чувство на притисок, трае некои 10 секунди и престанува. Најмногу ги чуствувам во делот над папокот, кај желудникот. Првин мислив дека бебето се мести ама сега некако почна психата да ми работи и да се загрижувам. Инаку сум 31+3
Така се чувствуваат, барем јас така ги чувствувам. Се јавуваат после 28ма недела. Извести го гинекологот
Дали ти поминува кога ке станеш, кога ќе се размрдаш, ако поминува тогаш бебето е се мести со газето или грбчето, а ако не поминуваат ни кога се движиш тогаш се лажни болки веројатно (така ми објаснија мене на специјалист). Не се плаши, ако се вистинските болки нема да се трпат тие се разликуваат од сите други
Се надевам дека ќе биде како кај мене и дека се ќе биде во ред. Опушти се колку можеш, зашто знам како ти е.
Па ќе пиеме по едно кафе во парк, барем толку сме заслужиле за овие месеци дружба и поддршка нели? ❤️
Јас си купив неколку 50ки,неколку 56,неколку 62ки така да за почеток имам избор на бројчиња, земи барем една 50ка, другите 56ки може ќе плива на почеток во нив ама за брзо ке ги порасне