Од кај земавте скафандери и кој број, мене тоа ми е збунувачко што бројче да биде за да не биде купен за 2 носења и толку а сепак да не плива во него
јас нарачав од muppet kids, пишуваше од 0-3, кога стигна искочи 62ка се консултирав тука на форумов и решив да си го задржам иако ми изгледаше големко
Јас во втората бременост пиев аспирин, ама примав и клексани, иако во првата ништо од тоа не ми беше потребно. Прокрварев некаде 14 недела, ми кажаа нормално дека е, пиев магнезиум и утрогестан. Мирував две недели. Се беше во ред со бременоста. Најубаво е да те прегледаат, и што ќе ти каже доктор тоа да пиеш. Мој совет, штом ти дале аспирин да пиеш, сигурно има зашто. Ти посакувам се да биде добро.
Ептен е слатко, јас па омие кало шушкавец ги гледам ама никако да се одлучам да купам, незнам шо бројче о така си го оставам тоа за крај да се купи
јас барав таков шушкав за поклон да купам... никаде не најдов мало бројче се се поголеми а ова беше една од првите работи што ги купив. ми искочи случајно, го видов ми се свиѓаше и го нарачав така без некој план, ама мислам дека ќе ми се најде
Зекако дека ќе се најде и ќе си го износите убаво, јас ќе почекам зимска гардероба да се појави па ќе го мислам
Даа, прв син на мајка Утре ќе идеме по количка, а за креветче тетка му изрази желба дека сакала да му купи, па ќе и напраиме мерак Иначе сеа само шо се вратив од Рамстор, ми изназемав боденца, капчиња и чорапчиња од Тила и Ваикики и нема шанси да искочам од дома без да отидам у некоја бебешка продавница и да земам нешто Иначе коа сме кај скафандерите ја овој го бендисав многу од Тила, има капче и ушенца ко на зајче. Дебелко и меканко е многу
Да, да, не ми побараа ништо. Јас во Рамстор бев, а за Капитол незз како е, не сум пробала да влезам, ич не ме однел пат натака. @Anaroz1 дааа, имаше од 0-3, 3-6, значи не сум видела поубав памук на бебешки работи од овој на Тила. Се е буквално преубавооо. И ќебенцата им беа сон, такви мекиии мекиии, сакав цела продавница на грб да ја качам жими се хаххаа
чим е така понеделник после работа одам да купам нешто, јас на фб гледав се како за поголеми деца ми изгледаше ) одамна шопинг не сум направила... останав на три боденца и ова скафандерчево
Која недела си? Јас и во првата и во вторава бременост пијам аспирин 100 а кога ме фаќа мигрената и од 500мг. Крварење не ми направил никогаш. Ама да, знам дека често знае да направи. Не е лошо да одиш на ехо да видат од каде е крварењето.
Да си земеш обавезно, преслатки се 1200/300 така нешто. Имаше и такви шушкави,ама мене тие не ми праат мерак искрено, некако овие помекиве ми се повеќе ко за бебенца
Хемоглобинот ти е железо и протеини јади месо(мидиркино,јунешко)млечни производи(урда,јогурт,млеко..)што повеќе ориз цвекло спанаќ....