Женички да ве прашам дали стомакот нонстоп боли по малку бидејќи имам слушнато дека требали да боли тоа било убаво бебето растело..Денес јас малку повеќе одрв пеш и ме болеше малку ама сега не осеќам никакви болки.Дали е тоа затоа што се одморив а малку ме фаќа паника
Не значи дека ако не те боли стомакот дека бебето не расне не знам кој ти кажал таква дезинформација. Од одење те здоболел стомакот доколку ти се случи пак седни одмори и испиј магнезиум
4та недела сум, матичната уште кога миги препиша рече можно е да имаш мало прокрварување на хартија од аспиринот, и ако се случи тоа да земам утрогестан (вагиналетки, сњкоја вечер по една) и да не паничам. Дури и ми пиша рецепта пошто знаеше и ме предупреди дека ќе се случи мало крварење. Преглед за 3недели ми закажа, не кажа да појдам за малце кафено тоа ми го кажа, ако има обилно крварње тогаш да појдам, а вака ми кажа што. Паничам многу, најверојатно без потреба.. Али ништо од ова немав лани во првата бременост, па затоа..
Штом така ти рекла ок, без паника ако имаш пообилно крварње тогаш оди. Се надевам дека нема да се случи. Со среќа
Женички дали некоја од вас има несоници? И како се справувате? 25 недела сум во последно време спијам како да не спијам и некои неубави сонови.
Мила и јас пиев аспирин и сеуште пијам , во 13 недела 1 недела имав кафен исцедок на кој не обрнав мн внимание , после една нед на бришење имав крв и мн нормално така цела успаничена со мм директива на контрола заминавме ,каде што ми рекоа дека имам ниско поставена плацента и морам да мирувам плус итрогестан и кринонг гел примав ,,,после 4 нед ( тој период бев дома си почнав и меркибе за трудници да ги користам ) викам ај ке изз малце на кафе ,2 сати на столче што бев пак ми се појави кафен исцедок и од тогаш бев постојано во кревет ….се додека не ми кажаа дека се е ок ….Мој совет е појди на контрола ,чисто дс си ти мирна
@Knizhevnik11 прашајте гинеколог дали мелатонин е дозволен во бременост. Пред бременост многу ми помагаше во регулирање на сонот.
Цела бременост во грч ја поминав, таман малку се опуштив пак проблеми... Пред некој ден ме имаа фатено некои чудни болки во јајници за прв пат во цела бременост, баш пишував и тука, земав ден од работа лежев и ми се смирија. со докторката се чув ми рече ако поминуваат и ако бебето си е нормално активно не е ништо страшно али ако сакаш дојди на преглед. Си реков ај да не одам пошо бебето си беше нормално активно, а болките се смирија. Денес, во 5 станав да мочам, кога се вратив во кревет почна кичмата да ме боли, ама некоја таква интензивна болка... викам ај ќе помине, накај 6 сопругот излезе за на работа и останав сама, почнаа пак некои како менструални болки пропратени со болка во кичма, станав шетав, не ми поминуваш и готово тука 300 мисли низ глава дека ќе се породам пред време почнав да плачам си се спремив да тргнам накај болница и додека се мислев на кого да се јавам почнаа да се олабавуваат болките од тогаш поминаа 3-4 саати ништо немам никакви болки . се мислам што се случува ... во среда имам закажано редовна контрола во систина, ама не знам да не не треба да чекам до среда, да не се случува нешто... или пак ме фаќаат тие лажните.. ништо не ми е јасно. секој совет е добредојден. бебето иначе си е активно најнормално како и до сега ..
Би сакала да ти дадам совет ама тешко е да се знае кој колку силно чувствува болки и како ги дефинира. Не знам зошто ја поминувате во грч бременоста, јасно ми е дека многу од нас имаат не баш пријатни случки во минатото, ама паниката и стравот не помагаат. Јас имам 3 инвитра зад себе ама по природа не сум воопшто паничар. Болките во половината и куковите ми е секојдневие посебно наутро ама ништо трагично нормално е бременост. Последните 2 недели и надолу почнав да осеќам притисок, бебе тежи нормално 34та недела сум ама не се во интервали и знам дека се од проста физика, тежи и гравитација си влече надолу Ако не ти поминуваат, неподносливи се, во интервали се болките, оди веднаш на преглед, во спротивно мое скромно мислење е дека нема потреба
Мила, нормално е сега да се јавуваат нови и чудни болки. Бебе штом е активно а тебе ти поминуваат болките не мислам дека имаш причина за паника Ама за да се смириш скроз зошто не отидеш или и се јавиш на докторката?
не се неподносливи болки, ниту се во интервали ... така да претпоставувам дека се е во ред... ама викам да прашам тука поискусните да не искочи треба да идам на преглед ја си дремам дома стварно не знам што е нормално, што е за да одиш на преглед
Јас со такви болки се занимавам недела дена. Докторката баш ми кажа дека тие болки како менструални не ја загрижуваат
[QUOT Да не работеше нешто неделава повејќе да се имаш заморено,пешачено,настината да не ти е половината..не мора да се одма контракции
пешачев поише тој ден кога прв пат ме фатија болки и одев пешки до 5ти кат иначе цела бременост сум во движење и не сум имала било каков проблем... само што очигледно дека веќе не е исто, последниве 2-3 недели сум успорена, брзо се заморувам, се задишувам лесно, стомаков ми тежи, како се да ми е потешко ...
Ај и јас со мојата хипохондријална бременост: два дена послабо ги чувствувам движењата, или се чиста спротивност на тоа како ја чувствував бебка пред неколку дена (стомакот ми се поместуваше лево-десно, се познава дека некој се движи). Не знам дали движејќи се се пресели пак некаде подолу, или се измори, ама два дена мнооогу слабо ја осеќам. Вчера се движевме повеќе, па ајде реков нормално, синоќа кога легнав едвај со сите сетила начулени осетив некои мини движења, денеска исто, едвај мало промрдување на огромен стомак.. Не знам дали да бидам загрижена, или да земам да чистам нешто по дома!?
Може да ти е од тоа,одмарај сега до контрола па ке видиш. И јас до пред една недела рипав кога станував,шетав по цел ден а сега мислам не можам да се завртам.
Па нели е нормално некогаш повејќе некогаш помалку да мрда, јас секогаш сум гледала да ја осетам нит сум пратела интензитет нит колку пати било уште тоа да бројам ми фали.
И јас така си се тешам, барем да ја осетам дека мрда од време на време. Ако се движам или лежам ич не се движи, ама пак изгледа се заврти и стиска кај бешика а движењата и се поинакви.. Лапнав едно чоколадо, пијам какао, и "наслушнувам" Фала за утеха