Незнам која недела си, ама породилните болки не престануваат. А откако ќе влезеш во 9ти месец богами од мое искуство нема ден нешто да не ме болело. Матката постојано со мали како менструални болки, ќе боли неколку саати па ќе престане. А ако боли и станува сѐ поинтензивна болката и на пократки интервали, е тогаш се породилни болки.
8 ми сум , 34 та терам ... изгледа овие болкички не се ништо чудно за овој период .. ама така некако ми дојдоа наеднаш, а предходно се без проблем си правев и си мислев ќе терам така до крај
Ако си бремена не, во бременост не се употребува. Јас претходно користев масло од диво оригано како капки и плус чај од диво оригано во комбинација. Капките си има шема но со маслиново масло, а чајот варев големи дози пиев до 700мл дневно на двапати/трипати во денот. Испив 2 масло и 3 кутивчиња чај, ама од него паѓа хемоглобин да знаеш.
Не сум бремена. Имам клебсиела пред 3 месеци ја пиев тројната терапија за лечење на хеликобактер после силните антибиотоци ми се уништи нормалната вагинална микрофлора имав кандида и клебсиела. Кандидата ја средив со канестен. Од тогаш не можам да ја искоренам клебсиелата за неа пиев панцеф и користев вагиналети со антибиотик, на последниот резултат од брис се покажа дека сега е резистентна на речиси сите антибиотици. Во меѓувреме користев ацидосалус вагиналети но без некој значаен успех. Сега прочитав овде дека може да се користи диво оригано претпоставувам делува на зајакнување на имунитетот, ме интересираше начинот на конзумирање. Ти благодарам на одговорот. Поздрав
Здраво, дали некој знае дали има во Скопје ординација каде што проверуваат днк на татко во бременост?
Девојки тие што имате искуство со ешерихија. Веројатно треба да избегнувам благо? Дали и мед не би требало да јадам?
Мене веќе 3 дена ме мачи. Бев кај гинекологот, ми даде упат за физиотерапевт и ќе почнам со физиотерапија од следнава недела. Во меѓувреме масирам на болната невралгична точка, но мошне нежно без груб притисок и малку попушта, но е прекратко. Изгледа плодот притиска. Мене ми рекоа обавезно да носам и појас за стомак наменет за трудници, за да го држи стомакот нагоре. Гледам да мислам позитивно, дека ќе помине наскоро, пробувам психички да се охрабрам сама. Подршка на сите кои минувате низ овој проблем, многу непријатно и болно е. Бидете храбри и позитивни, наскоро ќе помине.
Јас синока пробав со облоги мраз да ставам.Ставив на местото и за 15 минути престана болката.Сеуште ме боли но не до толку да неможам да се движам.Сега повторно ставив облога.Се надевам целосно ќе помине
И мојава е денес у некој lazy mood , го стискав стомакот за да ме ритне пренежничко се прави важна нешто
Kako ke rastat taka se poslabo ke se cuvstvuvat udarite, poveke ke bidi tegnenje na stomakot I ke se poznava grbce, gaze.. Lele koga ve citam sakam pak da sum trudna
И мојот фраер е исти, ако два дена е активен три спие, исто како мене и татко му хахах, јас препишувам на тоа дека ја менува положбата па помалку се осеќа или дека е нормално да не е многу активен, не дека некогаш ме ме фаќа паника, баш пред некој ден пишав..
Матичната ми кажа дека може да се завртени со грб и да ритаат позади и тие движења не можеме да ги осетиме.