Обично викаат дека кога е мирно бебето највеќе растело тој период Здрав,жив мајка да ве радува цел живот
Јас мислам дека нема простор за паника. И јас имам забележано дека во 2 недели, 2 дена сигурно ми е помирно и помрзливо. Не дека не ме загрижува, но пробувам да останам смирена. Не се секирај
Анче не се секирај мене кичма цела бременост ме боли, и од време на време знаат така некои послаби болки доле кај јајниците. Се спрема телото, да е нешто посериозно ќе боли интензивно нема да престане. Уживај си имаш уште малце
Никако мед!!! Ништо, ништо ама ништо што содржи шеќер не смееш. Ни природен, ни вештачки, никаков. Јас 7 години имав хронична е.коли во урина, ми направи леукоплакија на бешика и морав да се оперирам, така да верувај дека знам што зборам. Докторска можам да спремам на тема цистити и ешерихија коли. Пиј антибиотикот, многууу вода и чај од брусница. Мене брусницата лично не ми помагала многу ама само она е дозволена у бременост. Инаку вака надвор од бременост чај и масло од диво оригано се доста ефикасни. Биди упорна со течностите, пиј многу вода дур се породиш за да праиш профилакса на бешиката бидејќи ешерихијата е мноооогу досадна бактерија и се повторува доста често.
Ке си купиш сушена брусница,јас ја земам од пазар на мерење. Така ми е најсигурно и најчиста е. За спремање исто како со филтер чај,ја попарувам една лажица од прилика во еден шол,ја пијам течноста и после и брусницата ке си ја изедам
Девојки дали за во болница е потребно мрежести гакички и влошки за гради? Дали воопшто дозволуваат гакички? Да не купувам безпотребно
За визита не треба да носиш. Јас носев ама не ги облеков дека со царски и не можев да се свиткам за да облечам и соблечам гаќи. Плус најмногу лежев и доев, ставав две влошки и немав проблем. Градник не носев а сами влошките нема да стојат. Даваат спаваќи ако се направиш лом од млеко.
Здраво девојки, денес влегувам во 20 та недела, во петокот на преглед бев релативно се беше ок, цервиксот нема кратење сега за сега само што ми рекоа постелката треба да се следи ми била ниско на 1 цм, а јас еве денес многу болки имам незнам што да мислам веќе, ставам и утрогестан 2x1 и магнезиум пијам кога една директ од 400 кога две, и пак имам болки во долниот дел на стомакот и кај вагината, има ли некој искуство со болки во 20 та и се да било ок да не ме фаќа паника да се мислам сега што е
Се сложувам со @Razvigorec земи си на мерење од продавница за здрава храна и така вари си. Инаку другиве чаеви сите се полни шеќер и многу мала концентрација на брусница. Увиниот е далеку подобар од брусницата според мене ама има многу поделени мислења за него во бременост...
Мами некоја да не има ваква количка? Некое искуство? Од се што глеавме најмногу ми направи мерак, ама стварно не се разбирам во квалитет и практичност на колички, па не сакам да избрзам.
јас ја гледав оваа, мислам дека единствена забелешка е што гумите се на пумпање што на форумов го прочитав како негативна страна... иначе не можев да најдам некои мислења општо за количкиве на фри он, а истражував многу детално богами кога купувавме количка
А зошто е негативно тоа што се на пумпање? Мислиш би се дишеле често, па ќе треба да ги пумпам? Тогаш какви гуми би биле најсоодветни? Леле количкиве шо се проблематични значи, и како што повеќе гледам и читам мислења така се позбунета сум..
Јас за креветчето мислам дека се пореметив, затоа за количка оставив брат ми да си бара најидеална поедноставно ми беше, а тој изрази желба едно од тие 2 работи од него да биде