да.. и се дупнувале често полна гума да бараш...иста бев и јас . побудалев кога гледав колички. на крај се мислев за на чико бест френд негде оваа цена беше и макси кози лила , малце поскапа... на форумов се изначитав за таа на чико дека седиштето било малце потесно од вообичаено што мене не ми личеше.. и не прочитав ниеден негативен коментар за макси кози и си реков одам на сигурно едит: буквално ја прочитав цела тема за колички
Епа јас за креветчето ја остаив сестра ми да се замара, исто изрази желба дека сакала од неа да биде... А за креветчето сите шо ги знам ме советуваа да сум гледала тркалца да има.
јас за креветче прво бев залетана за оние омни бејби како кругче што се, па после се премислив за нормално обично креветче и го купив првото што ми се свиѓаше не се мачев многу
Ајдеее, леле ми се скрши филм сеа скроз, ептен бев загреана за неа...ама од друга страна па добро што спомна кој ќе пумпа и менува гуми.. А иначе Макси Кози ја фалат сите mom инфлуенсерки и малце ми е поскапа од тоа што планирав да потрошам за количка искрено..
јас тргнав да купувам количка докај 18.000 .... и на крај толку се мачев што тетка ми рече добро која сакаш таа ќе ти ја купиме аман веќе нас поклон ни се и креветчето и количката , така да, да не те премислувам јас не дека сум со некое искуство можеш да си ја земеш јас само да ти кажам што прочитав
Да не ти кршам филм ама поише луѓе ми се жалеа за квалитетот на количките во ова Gencbebe, јас немам искуство, само така имам чуено..
Вака убаво изгледаат ама можно е , не се ни разбирам искрено еве прв пат од членката читам за гумите треба убаво да се распрашаме пред да купиме
Јас за првото ја купив макси кози лила исто по спремен докторат на тема колички Немам зборови колку со мерак си ја возев. Ја товарев и со пакети вода, не мрдна. Редовно мм ја подмачкуваше со маст некоја (тркалата) и wd40 прскавме кај запците, како нова е. Не крцна. Кај не сме ја возеле, не се прибирав. Кога ќе сакав да ја пицнам, возев до кај што се перат коли, ја вадев корпата со беби и за 5 мин рамката ми ја светнуваа со вап Летоска си ја средивме исправме цела, го чекаме беби бр.2 уште се радувам на количката што таа ја одбрав. На овие наши улици заради големите тркала и амортизери и со 1 прст можеш да ја управуваш. Нема да згрешиш. И транспортерот е удобен.
ако бираш количка како мене ти препорачувам уште од сеа да си фатиш да си ја исчиташ цела тема за колички и да си напраиш список да си ги видиш во живо... јас кога ги гледав на нет супер ми изгледаа сите.. во живо не баш... а и да ти кажам јас кога си купував кола за мене побрзо се решив
Мене брат ми сега ме извести дека ако дошло бебето пред тој да дојде ќе излегле со мм и ќе купеле количка. Официјално страв ме фати од нивниот избор
гледај да имаш транспортер кога ќе дојде бебето, да си го извадиш од болница за количка не знам во декември колку ќе ги користиме секако
Хаххаха и мене ме фати страв од машки избор на количка Ние коа шетаме и гледаме на маж ми се му е супер а ја се препотувам цела
и кај нас е оставено се на мене , што ќе изберам јас тоа.. него му е се супер инаку ти пишав во порака за количка, види
Само да дадам пример за машки избор на било што за бебе...бил у Капитол и му купил капче многу било убаво и ми се јавува цел среќен да ми каже. Доаѓа дома глеам капчено за дете од прво одд..
Јас си одбрав наједноставна количка не сум во можност да давам толку пари за убави колички. Се надевам дека ќе биде добра а и е од 0 месеци до 22 кила. На чиполино е.