Јас не можам да си дозволам да го оставам сам да бира Еднаш се фати за една за големи деца нас година и вика еве може ваква види шо е убава ќе донесе некоја таква, ќе го носам детето во раце цела година
Не бре какво оставање на маж да бира количка/креветче. Ние идеме заедно секако да гледаме, ама он поише за украс стои, јас секако си бирам хахаха...абе кутрите колку се смешни се им е убаво, мислам да го остаам сам којзнае шо можат продавачките да му подметнат
Мое најпресно искуство. 21 недела. Силни болки во стомак, прво од горе па надоле.. Супрапубично. Едвај одев. Во понеделникот матичниот гинеколог мери скратен цервикс од 28мм,за да во петокот болките не се трпат, одам нс болница. Цервикс 19мм. Докторката предложи итен серклаж. Ме направија серклаж во саботата, строго лежење во кревет релација до тоалет. 22 недела ја почнав. Стравот е голем. Многу ми беше чудно како наеднаш се скрати толку многу. Не да те плашам, сепак тоа е лично искуство, но сепак појди пак на мерење цервикс. Јас ич не бев седната, и на работа одев, малата во градинка ја носев, дома работев.. Турбо бев. Е сега капам глава. Неможам дете да измочам. Со лесно.
Јас па ептен имам доверба во маж за такви работи. Многу внимава на детали што јас не би ги приметила. И хранилка знае да одбере и седиште. Новото кретче тој го одбра, гледаше дури до мрежата каква е (јас сум фан на монтажно). Тој ја одржуваше количката, подмачкуваше тркала, седиште монтира. Ние гледаме ново седиште за големото, од старото не сме задоволни, не е добро заштитено кај главата, па и таа одлука ќе му ја препуштам него. На мене е оставен изглед, боја, на него функционалност. Како и се дома кога го правевме станот, толку сум знаела, ми беше битно да ми одговара, ме остави да одлучам за некои работи, да е џиџано, ми беше мерак, сега се каам, непрактично е скроз.
Кога се прави преглед за цервикс? Сите пишувате дека ви мереле јас сум 17 недела сеуште не ми спомнал гинекологот за ова, слушнав од вас дека воопшто се мери.
Добро само мене не ми се свиѓа ама воопшто макси кози!? Изначитав убави коментари вистина, кога отидов да ја видам во живо тотално се разочарав. Вака на изглед ама ич не ме бендиса. Плус кога ми кажаа дека нели корпа посебно се купува, а тоа што е на самата количка седиштето, траспортерот фактички се прави во корпа до 4 м бебе ми падна чудно. Колцата големи гломазни ми се видоа исто. Може количката е со супер квалитет не се сомневам ама јас не би ја купила. Сега индивидуално е тоа вкус и вкус нормално, на некого нашата количиа не му се свиѓа и е сосема нормално. Инаку за гумите исто многу другарки ме советуваа да не е на пумпање зошто се дупнувале често. Најдобро полна гума и прашај дали има резерва да се купи гума. И убава амортизација да има тоа сопругот сигурно знае. Обавезно, за која и да се одлучиш во живо да ја видиш, да осетиш како ти лежи со тежина, висина, дали е лесна за туркање, дали можеш со една рака да ја возиш. И пошто зимско бебе јас гледав да може убаво да се затвори количката да е покријано бебе за да може да шетаме.
да.. си гледаат они и мене до сега ништо не ми спомнале еве ме 34та недела. и јас мислам дека е се е океј и не ни спомнуваат
Ова беше доста исцрпно и корисно, што ми е баш потребно. Да е не е форумов стварно се прашувам што ќе правев, златни сте значи!
ми олесна ја викам пропуштам нешто. И овде да прашам, дали имате искуство со пролапс на срце и зголемена тахикардија? Како се снаоѓате во бременоста, каков пораѓај ви препорачуваат?
Мене во 22ра прв пат бидејќи бебушко беше поставен со главчето на цервикс баш. После во 28ма (на мое барање), ама докторите си ја знаат работата и мерат ако има индикации. Секако можеш и сама да си побараш, ако сакаш да си знаеш или ако си параноја (ко мене)
И јас баш прашував тука оти ми немаше докторката ништо споменато. Наредниоит преглед што ми беше во 19та мислев да ја прашам, ама секако имав болки и грчеви во долен дел на стомак и вагината, и таа самата ми рече сега ќе го измерам.
Јас ради ова нејќев количка во декември да купам туку во март, ама сите ме искараа дека за по дома ќе ми требала за нишкање и успивање на бебето, па ќе видиме шо како
и јас прво така мислев... после сфатив дека секако идат во комплет а и мене многу ми рекоа дека и дома ги користеле за спиење... иначе за вадење надвор, не верувам дека ќе ја користиме на почеток