Па ако е смрдлив воздухот како што е деновиве воопшто немам намера да шетам бебе по улици, само на преглед и домче. Да, да за спиење многу бебиња место во креветче им спиеле во количка, јас би сакала во креветче ако се навикне бебе да спие
ептен е гадно деновиве... ама скопје и секогаш е загадено најмногу тој период... инаку мислам дека сите ги прават 35-36 та вторите брисеви..али јас ги направив 28 ма, така ми рече матичнва, да сум имала време ако има нешто да излечам до 36та и тогаш да ги повторам. фала богу беа чисти, 36та ми закажа само брис за стрептооха
20и некоја недела мислам дека беше мерење. Ама по индикација е.. Јас имав болки уште во 18ма недела, докторката ми рече најважно ми е сега цервикс да е ок. Тогаш беше 35мм,ама за 3 недели 28мм,за 4дена 19мм. Јас со болки постојано. Чувај се максимално, работата нема крај. Вака грб ќе ми отпадне од лежење сега и главоболки...
Ја ќе правам 5ти брисеви по ред следна недела. Ама јас си имам неразделна другарка кандида, со која што станавме едно во бременоста Иначе регуларно 35/36та се прават. Не знаете колку ви љубоморам што не знаете коа се земаат брисеви и што ви се чисти
И јас се паничев за цервикс и барав сама да ми го мерат, ама да ти кажам право веќе незнам што да мислам и на кој да верувам , мојата најпрво ми мери 4.5 цм одам на приватен ми мери 3цм, се враќам пак кај матичнава ми вика не еве ти е 4.84 и последно по две ипол недели во петокот одам цервиксот 5.11 цм,. а во меѓувреме јас болки стандард нонстоп си имам (не се јаки издржливи како притисок ама сепак..еве и денес траат како во вагината да ме боли..) И викам ее се накачило ова , ми вика зависи од кој агол мериш, и не ми се ни оди веќе да ти кажам право, затоа што излегува дека е ок и нормално да те боли, апсолутно сум во прашалници како може да е толку нормално болки да имаш ( така мислам и матичнава се поставува, како сеедно да му е смачено од работа и пациентот вреќа со компири носи во стомак) и се решив да се стрпам да не одам на преглед до втор скрининг да полежам колку можам и тоа... Ти посакувам со лесно да минеш и ти со твојата ситуација, фала ти за споделување на искуството...
Јас ја имам количката и транспортерот заедно од Енци Менци ја земав и презадоволна сум. Еве и второто во истите ќе го возам, ти ги препорачувам, ем ефтино ем квалитетно.
Добро утро и од мене. Нека почне со убаво оваа работна недела и овој месец. Јас веќе 18+3, тотално различна бременост од првата. Почнав да ги сеќавам и движењата на бебчо, кој сеуште срамежливо се крие и не сака да ни каже дали е батко или дадичка. Синко и сопругот наголемо навиваат за женско, али само здраво и живо да биде. Јас сум можеби и повеќе од потребно активна, такви ми се обврските, потполно сама сум дома, дете захтевно разгалено, работа, куќа и навечер сум исцрпена. Чувствувам дека немам сила навечер. Деновиве така повеќе трчкам до вц, најверојатно и плодот расте, па се трудам само неопходните работи да ги извршувам. Единствено страв имам од вирусов иако прележани, почна пак да дивее, а не сум вакцинирана. Имајте убав почеток на оваа недела и нека трае цел месец.
А гумите не ти се дишеа/дупнуваа? Гледам од тоа сите се жалат во темата колички, а за изработката се гледа дека е квалитетна, нема збор
Девојки, некој ако може да ми прати број од Павле Димчев во лп. Во новиот телефон ги немам пола контакти..
Матичнава ми рече да пијам пробиотик, и ни рече дека можам било кој. Имав дома Pro Defend ми останаа од летото кога бев настината и си ги пијам еве недела ипол, мислев да ги дотрошам па ќе земам нови. Денес што ми текна го отворив упатството и пишува производот не е наменет за бремени жени. Дали некоја го има пиено овој пробиотик во бременост? Што може да се случи што го пиев 10тина дена и кој пробиотик го пиете што е за бремени? Денес ќе одам на преглед ќе прашам, но многу се исплашив искрено.
Па имам болки во долниот дел на стомакот и вагината, немам редовна столица и ми рече да почнам да пијам Плус, од претходната крвна слика имав ++ кај кристали и +кај бактерија, денес правев урино култура. Не знам точно за што од ова ми ги даде. Едит:рече дека секако после 24та ќе ми препише да пијам, само еве поради нешто од ова да ги почнам порано.
мислам дека не е ништо страшно, ако разгледаш убаво речиси на се пишува дека не е за трудници... прашај си ја и докторката за да се смириш
Те прашував зошто кај нас бременоста често се третира ко болест, а не ко нешто најнормално, па даваат некои доктори секакво апче, витамини еден куп, пробиотици итн. Пробај избалансирана исхрана за столицата, повеќе јогург и кисели краставички (купечки). А за пробиотиков, читам и јас сега вика not suitable for pregnant, ама ништо нема да ти биде скоро сигурно ти кажувам. Not suitable и забранет се различни работи. Пробиотиците се безбедни, ова мислам дека го пишува за помошните состојки на капсулата. Само со индикација да се земаат, ама пак ќе речам нема да ти е ништо.
Ич да не се плашиш. Апсолутно сите пробиотици можеш да ги пиеш во бременост. Ние паничиме и за витаминче да се напиеме, а што штета би можело да има од тоа на пример? Цела бременост пијам пробиотик, па не сум имала никаков проблем од било кој...