Инаку, од педијатар имам слушнато дека исто препорачуваат во текот на бременоста да се пие пробиотик, бидејќи било добро за бебето после да немало грчеви
Ги нема да мрднат гумите супер е све. Од Мони марката сакаш да земеш? Едит: Ја немам оваа лошо сум видела извини, ќе ти пуштам слика која ја имам.
Како не е безбеден кога буквално секој доктор го кажува тоа и секаде кај што сакаш отвори го пишува истото. За други апчиња има дискусија меѓу доктори, за парацетамол нема никогаш.
Има многу истражувања кои укажуваат дека апчето не е безбедно а докторите уште го препорачуваат дури и јас испив едно во 11 недела кога имав огромни главоболки ама од тогаш никогаш повеќе. Дури и на форумов имаше линк каде пишува зошто не е добар парацетамол.
Магнезиум, Б6, кока кола, кафе со лимон и легни си, и јас во прво и второ тромесечие 4,5 месец имав редовни главоболки, ама ги издржав со ова што ти кажав да пробаш да пиеш, ако не оди прашај си го док што смееш да се напиеш
Кои се тие многу истражувања? Би прочитала ако знаеш поточно да ми посочиш што да барам. Зарем докторите не се во тек со тие истражувања? Сега читам од American College of Gynecologists последна изјава им е дека ацетаминофен (парацетамол) е еден од најбезбедните за во бременост. Ова е организација на гинеколози и акушери од цела Америка кај што впрочем се прават 99 посто од сите студии за сите лекови во светот. А линкови од сешто има, ама којзнае кој ги напишал и колку се релевантни. Само да се зема најмала доза што може. Затоа членката треба со доктор да се консултира дали може две. А досега буквално ни еден доктор не сум слушнала да вели Не за парацетамол.
Многу од апчињава меѓу кои и Парацетамолот се 'дозволени' ама 'не се препорачува' па сега вие видете колку се безбедни
Абе на секој витамин/лек пишува така, остај ти тоа...за пробиотик правиме муабет не за лек. Тофоски ми кажа така, не си зборам од памет. Моментално еден на Livsane, а иам пиено на Провен, Лактогин, Waya, ама било кој можеш стварно...
Не се такви изјавите за парацетамол. Никаде не сум прочитала "не се препорачува". Прво во упатството не пишува. А инаку не треба секогаш се да се издржува. Некогаш "штетата" од апчето е помала од тоа заради кое го пиеш апчето.
Женски, од синоќа неподнослива болка во нозеве имам, листовите, стапалата и зглобвите.. Зедов магазиум, зедов парацетамол, ништо не помага.. Дали смеам да ги измасирам со онаа коњска маст зс спортисти што е? Некој со слично искуство нешто да предложи? Не се издржува ова денеска, ем цел ноќ неспана, ем боли, ќе си полудам..