Далеку од карање, но коментарот ми бркна во очи. Некој не сака да се доведе до степен да има болки до умирање и да заврши во болница, ако доктор дозволил да се напие парацетамол при што би се спречиле толку големи болки.
@Nbnbnb @pamelche во врска со пробиотикот, мене матичната ми го кажа мултилак кога не можев никаде да најдам лактогин, а после тоа ми го препорача и провен. И на двата во упатството пишува за трудници и доилки дека треба претходна консултација со лекар. Мислам дека нема лек не па проботок каде што тоа не го пишува дека за трудници мора прво консултација со лекар. Така што најдобро да ви каже матичен лекар кој да го земете.
Парацетамолот го пиев по препорака од докторката која работи во државно т.е од како завршив во болница и она ми кажа да испијам после инфузијата после некое време разбрав дека не треба да го пијам гледам дека не си информирана а коментираш како да си за мојава ситуација. А исто така нема да кажам на некој да има секс во 6та недела од бременост толку од мене.
Чарли Бејби во Тетово, 3во 1 колички, со многу добар квалитет, имам неколку пријателки што си зеле од таму и се многу задоволни, а цените се реално поефтини од на Локо Кроко и Енци Менци.. Доколку некоја од вас е во можност да оди до Тетово, разгледајте ги..
Луѓе дај не се карајте... прво на секој лек ако земеш да читаш пишува или дека не се препорачува на трудници или дека треба предходно консултација со доктор. Еве ќе ви го кажам моето искуство, летово и мене ме фати стомачниот вирус, бев 20та недела тогаш. кревав температура, дијареа со денови, повраќав... исто пробував со пробиотоци, електролити на најбезболен начин да се оправам и да не пијам апчиња без потреба... сменив исхрана. се беше џабе, живеам дома со фармацефт дури и она беше против да се напијам ентерофурил, а на ушатството пишуваше дека никако не е дозволен во бременост.. сепак докторката од систина ми го препорача, испив 2 апчиња и се оправив за два дена.. затоа имате доктори и можете да ги прашате. ако се водите по се што пишува на упатството или кој што кажал на интернет нигде нема да стигнете. упатствата се направени за да се заштитат производителите што е сосема нормално и очекувано, верувајте знам зошто се тие упатства такви какви што се тоа работам. ако тргнеш да читаш на упатството пишува и дека клексан ако примаш може да искрвариш и да умреш
Не е секогаш во мстеријслното ако на детето не му ја пружиш љубовта му пружаш материјално. Ја сум растена каде што материјалбото било побитно а љубов нигде за тоа цел живот ми недостига татковска љубов Не секој може да си дозволи толку пари за колички и незнаеме дома какво им е може реновираат може си имаат од брат сестра неискористени. Сепак пружајте им повеќе љубов на децата не на материјалното
Само ќе спомнам дека налетав на магнезиум на кој во упатството пишуваше дека не е препорачлив за трудници и доилки...
Дааа, имаше една у Bebehome 63.000 беше. Истото го искоментирав и јас ко маж ти, првата кола што си ја купив скоро толку беше
Хахаха ја моето пежо за 1300 го дадов, да знаев дека вака ќе испаднат цените со количките, ќе му ја чував
Zdr na site, imam edno prasanje, 9 nedela bremena sum so ivf uspeavme po dolga borba, e sega nastinav veke 2 dena glavobolki, grlo...napraiv test korona nemam znaci obicna nastinka, se slusnav so dr mi kaza ne smees da pies nisto osven tecnosti vitamini i paracetamol no ako imas epten bolki ili temperatura e sega za nastinkata ne mi e problem ke trpam svee no najmnogu me plasi dali moze da mu nasteti na plodot uste mnogu malecko, od toa imam strav? Fala pozz
Еве оваа е во комбинација до трснспортер. https://www.encimenci.com.mk/kolichka-alma-2-vo-1-black-moni-0667570699 https://www.encimenci.com.mk/kolichka-gala-2-vo-1-premium-stars-moni-066533q33799 А оваа количка ја имам јас, тогаш се продаваше со транспортер заедно и торба. Мислам дека седиште покасно ќе ти треба, барем после година, година и пол. https://www.encimenci.com.mk/kolichka-gala-leather-dark-grey-moni-066533q345
Нема потреба од толку скапи колички, јас ги купив 11 000 и уште се супер. Летно време велосипедче земав и од летните колички оние лесни, попрактично ми е така. Кога излегував за кратко место корпата транспортерот го ставав зашто ќерката радознала сака да гледа а не сака да си лежи. Скапи колички се за има се може се, инаку иста работа вршат.
Мила јас така исто бев пред некој ден ,ама рацете ме болеа , неподнослива болка , парацетамол, магнеЗиум облоги ништо не помогна на крај отидов на масажа која се покажа како ефикасна пошто наредниот ден бев ко нова
Кој колку пари има таква ке си купи. Не е твое да кажеш дали има потреба или нема. Од мое искуство, има разлика од таа 200 до таа 400 500 евра. Имате тема за колички, видете си што ви одговара на буџетот. Јас сакав макси кози ама не ни беше во буџетот. Не можам да кажам дека нема потреба за толку скапа кога реално нема споредба.
Еве пак ќе пишам само за тебе : Скапи колички се за "има се може се", инаку иста работа вршат. Не пишав не купувајте, кој колку има. Ако некој неможе да си дозволи количка од 500 евра треба ли кредити да зема,само зашто се подобри? Иста работа вршат количките, нема да се возат до 5 години у колица децата па да му се мислам. Лично јас до година и пол ја користев, после велосипед повеќе користевме летно време, ем поинтересно му е на детето. Инаку немора да значи поскапа количка дека е и подобра, другарка ми му купи на детето количка од 25 000 ден и воопшто не беше задоволна, не и држеше правец,за разлика од количката која јас ја купив ем лесно се вози, ем поефтина.