Зошто би чекала? Јас од 30та перам и пеглам,се е спремно. Креветче не е склопени само ама тоа може и маж ми додека сум во болница да не ми фаќа прашина. И си викам добро е што е се спремно сега сум далеку по 'тромава'. Спремај се подобро порано како минат неделите потешко е
Хахахах леле, не можам. Секој ден се нешо ново читам и се што читнам ми е паметно и корисно и сосема различно од претходното Мене ова ќе ме полуди. Ајде значи за по дома треба и боденце на кратки или без ракавчиња. Done. Фала ти шо ти текна да прашаш
Да се собереме еве со @LiquidLuna и да идеме заедно на шопинг сите Јас сум 30та значи со најмала приколка па ќе ве подбутнам ако треба
Јас официјално од денес сум долгоочекуваниот 9ти месец па синоќа и торбицата за мене за во болница и за бебе земање ја спремав. И список му направив на маж ми за мекици ми се изнасмеа слатко
Ајде и на тоа да мислам. Ако си од Скопје, ќе порачувате мекици или ќе ги правите? Кај нас нема кој да ги прави - немам свекрва, ниту свекор. Мајка ми во друг град па сакав да порачаме да не ја малтретирам жената секако и кај нив дома ќе си прават . Препорака?
Не сум од Скопје,јас се јавив кај жена што прави да прашам спакувани се средени со сите салтанати да бидат за маж право да ги носи да не треба ништо да чепка хаха. И јас немам свекрва сами сме
Ние кога идевме на работа (ова зборам со физичко присуство пред 2 години) сите нарачуваа од "Мекици Сама" и не беа лоши Се наоѓа негде Капиштец, па и ние од таму планираме. И знам дека треба ден два однапред да се нарачаат
алал да ти е!!! јас среќа за покрупните работи што ги купив на време ... иначе ако ги слушав сите ми викаа остави таму 8ми-9ти месец ќе купуваш се има време... најлош совет некогаш даден!!! ги послушав за облека и еве ме сеа со 4 боденца среќа што мм ме натера со време да купиме креветче и количка иначе веќе ни можам да шетам, губам воздух, бебе тежи притиска, цело време се осеќам како да ќе се самораспаднам...
Леле и јас уште од 6ти месец сум опседната со тие мекици. Во различен град сме со мајка ми. Таму се прават мекици на трет ден и средено е тоа. Ќе иде и мм со кумот на еден саат. А овде се прават денот по пораѓај. Овде, од страната на мм немаме ни еден роднина, ама за кај мм на работа ќе требаат минимум 200 да порачам, уште 50тина за комшиите. Дугарите ќе си ги чести во кафана ако работат де. Ама ќе морам да организирам некој да ги носи по комшиите и во болницата кај мм, зш ако оставам на него никој нема да апне ни една тиганичка
Тие што се за на работа може да бидат на пример во големи кутии секој да си земе,ако е една по една два дена ке му требаат да ги раздели за по комшии и роднини спакувани. Јас и список му направив со имиња и бројка колку да однесе оти што викаш ако оставам на него никој нема да касне
Леле колку се имам смеено за имево Сама. Секогаш поминувам од таму коа идам накај клиника и секогаш се смеам коа ќе го видам. Баш и маж ми ме зезаше да не сакаш од Сама да нарачаме мекици ко ќе се породиш, ми викаше, хахаха. А тоа стварно да ти биле убави
А јас пак дека имам свекрва... Мм пак ги среди тие работи за по комшии и роднини. И подобро. Што се однесуваше до неа 20 беа доволно за се.
Од понеделник еве официјално ветувам дека почнувам со спремање за во болница и перење по дома! (Нека ме праша некој дали сум почнала, да не заборавам случајно ) Какво прашоче да земам?