Ќе си се храни бебко и од резерви ако треба ама не е убаво да не јадеш. Пробај лесна храна или овошје барем, јас кога имав мачнини јадев леб и кисело млеко.. салата некоја направи си
Јас ти препорачувам да одиш кај Димчев Систина или Петрова Ремедика и не само за мислење него и да се консултираш дали деформитетот на стапалцето е нешто што оперативно ќе може да се среди. Ако решиш на ГАК матичниот ќе треба да ти даде упат, но сепак советувам да посетиш некој од специјалистиве на приватно. Технологијата е толку напредна што сигурна сум дека би се нашло решение доколку е само тоа проблемот и е само физички деформитет. Многу ми е жал за тоа што го поминуваш , биди силна и никогаш не се откажувај
Мој совет е да јадеш нешто полесно и мали залчиња низ цел ден, полека полека. Бебето ќе си се храни, а ти треба сила да имаш.
Леле јас синоќа сањав кај кого треба да се носат мекици, дури се напнав хахах, баш сабајле викам леле што сонував, да почнам од сега списокот да го спремам хаха.
Благодарам за храброста ❤ и секако ќе го посетам доктор димчев па понатаму ќе видиме што може да се направи
Мамичке истиот проблем се јави и кај мене, јас одев на сите скрининзи кај Павле Димчев и претходно ништо не ми кажа. На скринингот во 28 недела ми рече дека има проблем кај зглобот на стапалото сма дека не е сигурен и не може да види убаво. Јас целата испаничена бев бидејќи до тогаш се беше во ред и докторот почна да ме смирува дека не е сигурен и да има нешто дека се решавало со подврзување, со ортопедски корекции и ништо не сватив а многу се исплашив. Кај мојата матична кога бев не сакаше многу нешто да ми каже освен дека е сомнителен аголот на стапалото. Кај Димчев сум на преглед 35 недела и верувај се и сешто прочитав и веќе немам ум. Ако има друга мајка со овој проблем што се соочила и дали го решиле кога се породила замолувам да сподели. Те разбирам како ти е во моментов бидејќи и јас сум исто☹️
Пишува на упатството, со оглед на тоа што не се пијат наеднаш сигурно само две чаши во денот сум пиела, ама знам вечерта кога ме фати и дијареа и повраќање на секоја голтка повраќав... И затоа директ на инфузија бев па тоа ме освежи. Инаку ми траеше 24часа
Инаку и јас сум се спремна, уште постелнината што ја купив сега да ја исперам и оградицата плетенка . За по дома боди на кратки одоздола и потоа шпикозни. Јас така поминав со првото. Боди на долги одоздола може само за надвор. Дома и онака ќе е бања. А и списокот за теганици е спремен и кутивките нарачани
И после не сме можеле да спиеме епа нормално само нешто си мислиме и си сонуваме а маживе си спијат топ мува не ги лази
И во 5 сабајле ќе ме праша "А ти зашо не спиеш?" А мене се живо ме боли, имам киселини, ме фаќа нервоза и ќе си се сврти пак ќе си заспие ...
А што е уште поголема трагедија мене ми се приспива и му викам ај да си легнеме а он неее ко демек рано му било. Си легнуваме за 3мин е комиран јас лежам може саат време,не бива станувам си пуштам ТВ и си спремам мезе
Мајчина книшка имате ли? Задолжителна била за на пораѓај демек... Јас немам, ама сега сменив матична и таа ме напна за таа мајчина книшка.