Mora da pies nesto za da go pokacis hemoglobinot bidejki na poragaj ke ti padne , jas na primer denta koga senporodiv si pravev krvna slika i mi bese 11.1 otkako se porodiv prirodno mi padna vednas na 96, pa mm mi najde eden sok cista aronija ,pijam 30ml nautro na gladno i eve 2 meseci posle poragaj mi e 121.A dodeka bev bremena nikako ne uspeav poveke od 111 ea go ppkacam, de piev suplimenti , de cedeni sokovi itn no se bese zaludno..
Јас едвај чекам да се породам, а богами и маж ми го дели истото мислење Сакал и второ за брзо време ама да не сме се карале толку многу наредната бременост Преку ноќ ми се смени бременоста. Од активна, без болки сега едвај функционирам и само сакам да спијам. Цело време. 24/7. А се ме боли. И така. Забавен круг
Не тврдам дека е слична ситуација, сакам само да споделам наше искуство. Внук ми е роден со едното стапало припиено до ногата, горниот дел на стапалото и прстињата му допираа на ногата (мислам дека успеав да објаснам). Со редовни масажи, по 2 пати на ден, по 2 месеци му се врати во нормала. Сега веќе е дечко (фудбалер), 13 години без никаков проблем. А инаку сето тоа било од што заземал одредена позиција со ноџињата во матката и така фатило лежиште
Исто е и кај нас заземена позиција има прстите му доаѓат на место на петите извртено стапалце има прегледите траеа по 40 мин никако не мрде со десната ногичка проблемот бил во зглобот
Станав за во веце пред два саати: Чаша вода, нос ми се затна, уште една чаша вода, пак во веце, бебе ика 10минути, галам меше и се вртам на страна, "зошто ме боли стомакот од сите страни" - себеанализа и консултација со гугл. Глупости, гасам Гугл, не ме боли така, 3 сабајле е. Ми студи на нозете. Облекувам чорапи. Ќе спијам, само да видам колку е саат. Порака од Фемина, читам форум. Од други табови, издвојуваме: шпихозни 0м дали има на некој од сајтовите што ги следам, колички нови модели (малку мака ми е шо имам, каков избор има..). Жешко ми е, соблекувам чорапи. Гасам телефон. Болката околу стомак појака. Се напив ли денес магнезиум? Ајде уште еден, одамна беше сабајле. Пак во вц. Да наредам перниците околу мене. Требаше и машина да пуштам, таман ќе ги закачев со сега.. Бременост пуштена на најјако. Добро утро
Мамички случајно ги разгледував производите на Lansinoh па ги видов шишенцето за млеко, дали некоја од вас имала искуство со нив? Се мислам какво шишенце да купиме за почеток.
Welcome to the club.. Цела ноќ кај мене помина така, од 23h легната до еве сега, активни саат време спиење, на 100 паузи Боли кукот, врти се од една на друга страна, таман си се наместил, треба за во вц да станеш, одиш се враќаш, пак едно пола саат бараш добра положба, малце дремка те фатило, бебе почнува да прета низ стомак, се будиш, галиш стомак и климаш со глава за спиење, се така во круг и оп ете го силно светнал ден, а ти жива ненаспана..
Да се пријавам во ненаспаните денес. Само јас имав друга мака, покрај болки во нозе ме утепаа киселини па 2 пати станував за повраќање. Си сварив чај, го испив се смирив малку ама од болките не заспав пак. Сега да ја оставам ќере во градинка и назад на спиење ( се надевам ).
Кај нас на снаа ми не и го кажаа тоа на ехо, тоа го видовме откако се роди, шок. Ама фала му на Господ се заврши добро, со масажи и истегнување на стапалото се оформи, само упорност и консултација со ортопед. Пак ќе напоменам секој случај си е за себе, само ви посакувам позитивен исход како кај нас
А имаш некој проблем за да ставаш вагиналетки? Исцедок некој/некоја непријатност? Јас сум цело време со вагиналетки ама имам исцедок, затоа. Нема ништо да ти биде од нив, ама не разбирам зошто не ти зеле брисеви. Тоа си е твоја желба, мене 6 пати до сеа ми земаат. Ако ти е шубе така да ставаш инсистирај да ти земе брисеви, ма да стварно ништо нема да ти биде од вагиналетките.
Имав за малиот и пумпа и шишенце, добри беа. Пластично е шишенцето, ама за одмолзено млеко такво требало. Ги користев и ќесите за одмолзено млеко и ланолинот на Lansinoh, немаше утка во ниеден производ. Може линк/инфо кај гледаше шишенце? Би сакала и јас да набавам ново.
Девојки дали во долниот дел на стомакот над препоните е нормално да има од време на време затегање и блага издржлива болка при движење. 17 недела сум. Многу ниско го осеќам бебе, кога се качуваат нагоре?
Сите сме исти, легнав во 12, во 2 на мочање, демек заспав, во 3.5 пак во вц, очи широко отворени неспиење до 7, тогаш сум презаспала до 9.30 демек спиена, скоро секој ден е така, телово како да не спрема за долги непроспиени ноќи со бебушките мајки, затоа одмарајте преку ден колку може, јас чистењето го ставив на страна, не летам како порано се да биде под конец, едноставно немам сила, шетам 2 пати на ден по 2,3км и гледам да лежам колку што можам. Најтешкото ни е сега, мора да издржиме уште овие 8,9 недели
Овие ги има некаде во аптека или само да се нарачаат? Јас немам ни цуцла ни шише ни пумпа.. си реков да видам во болница каква ке фати ако фати таква да купам,сега се мислам дали да купам нешто и што за почеток?