И јас прашував за во аптека ама сите ми ја кажаа само странава што ја пратив погоре, па најверојатно само онлине ги има
Јас сепак ке оставам овие работи за одпосле да ги купувам. Прво да видам како ке биде, дали ке имаме млеко ко прво,дали ке цица... Немам никаква претстава сега што би ми требало
Ако не сте доеле, според мене ви треба ланолин (чист ланолин). И обавезно во торбицата за породување. Јас ги масирав брадавиците уште од 8ми месец со ланолин, да омекнат и да се стимулира доење демек има разлика. Во болница бебе ми направи рагади, среќа што го имав кремот со мене па мачкав, пумпав, доев, пак мачкав и поминав некако.. Инаку, исплатливо е тоа 40мл.за 1000че. Јас минатиот пат истрошив едно мало Медела, и 3-4 Лансинох од тие по 10мл., добро што го има во понуда големо пакување. Минатиот пат јас освен кремот, до пораѓај немав ништо, па им ѕвонев од болница што да ми купат (пумпа, шише, влошки за гради, адаптирано млеко, стерилизатор за шишиња и цуцли..). И тоа не е страшно, не е дека бебе гладно ќе остане
Ајдеее таман ке речам готово се е спремно оп нешто ново. Арно викам никогаш нема да бидеме додека не се породиме. А тек па после.. фала ти што сподели
Ланолинот е одличем за гради. Јас ги мачкав и тоа ги омекнуваше. На почеток додека надоаѓаше млеко ланолинот мислам дека ме спаси. И да не го потрошите за брадавици за се друго може да го користите за омекнување, за зараснување обични рани, за испукана и сува кожа итн. Големото пакување е многу поисплатливо на медела.
мене од тие рани му е многу страв со првата керка имав многу мака и завршивме со вештачко млекара, ама немаше кој да ме подучи што и како треба, па сега реков да се спремам со време.
Дали некој имал ешерихија во бременост? Што е спасот? Ќе одам после работа секако кај матичнава да го види резултатот да ми даде терапија. Претпоставувам ова е листа на антибиотици на коине сензитивна, што би можела да ги примам Споделете искуство што да избегнувам од храна? И што може да е причинител за бактеријата?
Одлично размислуваш. Заследи ја @Kaetana на инста доење со љубов и ке најдеш се што ти треба. Ако имаш нејаснотии има често прозорче за прашања.
Чек малце...нели почна со Нифуранот? Го бараше знам, ти реков ко Дофурин да го бараш ако не го најдеш ко Нифуран. Не си ми јасна сеа...праевме муабет више. Еве уште еднаш. Ешерхијата е толку необјаснива појава што точно што ја предизвикува никој не може да ти каже. Може да се јави од намален имунитет, лоша хигиена, синтентичка долна облека, лоша исхрана (полна шеќери и јаглехидрати), пушење и сл. Во бррменост појавата на бактерии е почеста заради хормонскиот дисбаланс. Мене лично најдобро ми се покажал Нифуранот (Нитрофурантонин под латинско име тука), што може исто да се сретне како Дофурин (во Бети аптеки сум го наоѓала). Избегнувај шеќери, луто и презачинета храна. Тие ствари ја иритираат секоја бактерија, а шеќерот ја храни и се размнижува. Незз зашо уште не си го почнала антибиотикот, ешерихијата не е играчка, да не те плашам ама братучедка ми се породи пред време ради неа. Одма да почнсш да пиеш од Нифуранот, под најитно! Исто многууу вода, чај од брусница (мене не ми помагал нешто многу ама него го препорачуваат за уринарни инфекции) и обавезно пробиотик со антибиотикот.
Си ме помешала, не сум прашувала јас. Во понеделникот правев уринокултура првпат, сега ми стигна резултатот. Ќе одам после работа кај матичнава, претпоставувам треба таа да ми го препише Фала на опширниот одговор
Дали се нормални киселини преку цел ден во 29-та недела и од што може да се јавуваат? Порано ми се јавуваа ако јадам бело брашно, ама одамна ми е исфрлено и јадам само интегрални работи, ама последниве недела-две буквално цело време имам, ми се смируваат дур јадам и дур ми спадне малце јадењето и после тоа пак. Најчесто ми се смируваат со гастрогард, ама не сакам да претерувам по 1-2 макс. земам во денот ако е неизждржливо жежење. Се мислам да не е можно да му расте коса на бебето? Ама како и да е, напорно е и не знам како да си помогнам. Има ли нешто безбедно за пиење во секое време, чај некој...?
Оооо сори многу тогаш, со некоја членка сигурно зборев ама незз со која. 7 год си патев од ешерихија па одма коментирам на такви постови. Најдосадна и најупорна бактерија што постои. Цело време се повторува, зстоа е многу важно да пиеш многу вода за да мочаш цело време и да праиш профилакса на бешиката. Кажи и Нифуран да ти препише, најдобар лек е за ешерихија. Некад го даваа и без рецепт, а некад и ми барале по аптекиве, така да земи си за секој случај. И благо никако!!!