Cefixime е панцеф и е многу јак и делува, но за ешерихија помага и fosfomycin којшто е една ќесичка, околу 270ден, се пие само еднаш навечер и многу ми помогнал за ешерихијата, но не знам дали е дозволен во бременост. И двата гледам се сензитивни на неа.
Јас до сега, 35+ немам најдено лек за киселините. Се сум испробала, докторот ми кажа дека едноставно се случува, кај некој повеќе, кај некој помалку, кај некој ич Гастрогард ми се покажал како најидеален за пред спиење. Ги смирува киселините моментално и додека делува гледај да заспиеш Пробав со руптурупт, ништо посебно не се смени. Види кај тебе може подобро ќе делува. Кога почнуваат, седам или шеткам малку, да не се враќа киселината нагоре. Иначе мислам дека ми е изгорен веќе хранопроводот, буквално од 6та недела имам нонстоп. И досадно е и мачно е. Може ќе ја извадиме со плетенки од болница - ако е точно тоа дека и расте косичка Види алтернативно може ќе ти помогне: свежо цеден лимон, многу вода, чаша ладно млеко/јогурт, семка од маслинка, зелено јаболко. Не јади многу зачинета храна, и не ептен жешка храна. Јади во помали оброци, поспоро и почесто. Не легнувај одма после оброк, тогаш е најлошо, и последниот оброк нека ти биде неколку саати пред легнување. Со среќа, знам дека е мачно Мене нешто од ова ми помагаше понекогаш, сега апсолутно ништо.
За ешерихијата ми помогна масло од диво оригано. Неколку капки на ден две недели и се исчисти. После тоа продолжив со маслото уште некој период. Од тогаш фала богу не се појавила пак, но чим осетам мала мачнина одма почнувам со диво оригано. На блиски исто им го имам препорачано за ешерихија и помогна. Е сега незнам дали е дозволено во бременост, консултирај гинеколог!!!
Фала ти многу за сите предлози за можни решенија, има неколку што не сум ги пробала, па ќе тестирам деновиве. Негде читав и за чај од камилица, чај од ѓумбир, топла вода со лажичка цимет и вода за со пола лажичка сода, ако не си пробала некое.
Чаеви избегнувам (камилица одамна ми го надразнува желудникот и повраќам), ѓумбир па ич Вода и сода е за аматери, нешто најјако што може за мене Се шалам, може на некој му помага. Сум ја заборавила да ја спомнам иначе и содата ја имам пробано Е ајде ќе пробаме топла вода со циметче како ќе делува, не сум слушнала за тоа до сега. Абе ја додека и најдам лек на киселините ќе се породам
Мене првиот пат ми беше , нормално, страв од чинот на породување, ама многу повеќе ме загрижуваше хранењето на бебето. Пораѓајот минува за ден-два, 10тина дена, доењето е со години.. Фактот што бев со царски и дека може нема да дојде млеко а бебе ќе се навикне на шише исто ме мачеше. Рагада на второ фаќање на бебе, и најјака болка што сум ја искусила (а ми ставаа инекции за болка секој ден да не ме боли раната), и неизвесност Ако вака боли-како е најприродна и најубава работа од мајчинството?! Ама, ланолинот, и комбинирање доење/пумпање/адаптирано во првата недела, па доење/пумпање првиот месец, нѐ донесе до само доење после 40тина дена. До тогаш сѐ се стабилизира, и успешно доев до 15 месеци. Бебе родено во 36 недела имаше обравчиња и за батачиња за мерак, напредуваше и подобро од очекувањата на педијатарот. Морам да се заблагодарам само на виртуелната заедница на ФБ групата за доење, а од мм и мајка ми немав некаква поддршка. Додуше, сакаа да ми олеснат, ама наместо да ме охрабрат првиот совет во тој прв месец им беше да се откажам и да биде само на вештачко, да ме поштедат од нервозите кои сама си ги создавав и да ми симнат од товарот. Совет за новите мами: наоружајте се со план, опрема, поддршка, литература, самодоверба за деновите пост пораѓај.
Јас исто сум 34 н утре ама се спремив уште многу порано. Мислам дека подобто е се да биде порано спремно
Доаѓам дома од шетање и разгледување колички и сум во паника. На сите маани им најдов, или претесна или дизајн не ми се допаѓа, или ми делува нефункционално... Со син ми во 26та недела веќе си имав купено. Сега сум 35та и се оставив без количка Инаку сакам се на време да ми е средено, обично организација ми е јака страна. Не знам зошто вака се оставив... Кога сме кај доење јас 2 месеци доев со силиконските брадавици. Ме спасија, без нив никако не можеше да фати син ми а и од рани и гризење спасуваат. Исто така бидејќи 7 дена беше бебе на кислородна поддршка, порачував од болница да ми купат пумпа за да не го изгубам млекото. Во првите 2 месеци ми се случи неколку пати едноставно да немам млеко. Па трчавме до дежурна аптека за шише и адаптирано. Сега сето тоа на време ќе си го снабдам. Подобро нека стои дома за резерва па макар и да не го искористам. После 2 месеци се си дојде на свое место, имав млеко за за 2 бебиња . Доев до 11ипол месеци
Јас ги оставив силиконските, пумпата и тие додатоци за доење за после пораѓај. Добро е така? Мислам ако немам млеко или бебе не сака да цица џабе ќе ми се, секако ги има во секоја аптека. А со ланолин планирам да се обезбедам сега кога ќе ги земам последните работи што останаа. Иначе, don't worry. Ќе прошеташ уште малку и ќе си ја најдеш идеалната количка
Пумпа не брзај да земиш, може и да не ти треба. Истото важи и за силиконските брадавици. Ако ти притреба можеш во секој момент да си купиш.
Да, можеш да го оставиш тоа за подоцна, ќе го докупиш по потреба. Ќе видам за количка ќе излезам пак деновиве, сеуште си работам full time па син ми доаѓа од градинка и како да ме прегази време
Мене ги гинекологот Фамосан ми даде за киселините, 20мг наутро половина час пред јадење. Јас многу и повраќам додуше од киселаната, избегнувај благо и кисело, лимон никако уште толку ја надразнува слузокожата на желудникот и ствара киселина.
Инаку мене ми се јави труднички дерматитис и сум катастрофа, ај што од киселините неможев да спијам, сега па и ова, се ме чеша. Организмот ми бидна алергичен на високото ниво прогестерон и така ќе ди терам додека се породам, затоа и полипот ми излегол. Ај што мачна ќе ми беше оваа бременост
Искуство некој со стрептокока да сподели? Брисевите ги правев сега во 33 недела и тој за стрептокока ми испадна позитивен. Ми препишаа антбиотик и полиганикс вагиналните. Ме интересира некоја што имала, правевте ли потоа контролен брис, и некоја што потоа природно се породила?
Devojki, koga veke se zboruva za doenje, nekoja da ne ima iskustvo so ramni/vovleceni bradavici? Citam sto kako se pravi vo toj slucaj, ama dokolku ima nekoja da spodeli iskustvo so vakvi bradavici, ke bidam beskrajno blagodarna.
Лелеее даа, ја искарав @pamelche за џабе Ама I mean well, не сте ни свесни каква штета може да предизвика и што мака иам видено од неа.