и јас бев со царски исто во 36 недела поради пукнат водењак без никакви болки, млеко ми надојде наеднаш па бебе не фаќаше да цица болки до небо. Се надевам овај пат ке сум успешна во доењето
Сестра ми имаше таков проблем после породување и се вовлекоа брадавиците и купи силиконски брадавици и така си цицаше бебето најнормално.
Зелено јаболко секој ден јади помага, сода бикарбона со вода, дуња, ама од искуство кога ќе фатат киселими само апче помага, рупурут земи сто пати се подобри од гастрогард
Држи се пидалеку од цитрусни овошја, лимон, портокал и млеко тетрапак, тие само полошо ќе направат после пола саат пиење
Мешиња што ми предлагате да земам Femibion 2 ili Jamieson prenatal, до сеа бев само на обична фолна, хемоглобинот ми паднал на 106.
Девојки читам сте се распишувале за разранети гради и болки при доење. Го имав и ја тој проблем со првото дете. Млеко надојдено до максимум уште од третиот ден, бебе не секаше да фаќа брадавица на почетокот, гради топки, качување температура и поради тоа мислам дека по цел ден само се одмолзував. Гради партал направени, болката дури на моменти неподнослива. Иако бев скептик кога ми кажаа најмногу за тоа ми помогна Капки АД, ги има во аптеки околу 100 и нешто денари се и почесто мачкање првите недели .
Kako znaes deka ti e od progesteron pravese nekoj test? I kolku progesteron koristese I do koja nedela ? Jas sum 26+ stavam po 100 na vtor den I se isipav na stomak ama ne me cesa koj znae kolku pa se mislam da ne mi e I mene od progesteronot.
Мала доза е тоа, сите тука ставаме по 200мг +....такво чешање на стомакот е мн често во бременост, мене ми се јави негдр 18/19та недела исто, па помина само од себе. Евентуално да провериш да не ти е од нешто друго осипот, некоја храна на пр.
За тазе мајките кои се колебаат што да земат опрема за доење или прихрана (читав поназад како не ви била потребна пумпа но силиконски биле)... Ланолин и пумпа за измолзување се неизоставна опрема за било која што има желба успешно да дои. Пумпа дури можете да земете на заем. Иако бебето треба да се става на дојка постојано кога е со вас, има периоди кога педијатрите ги зимаат бебињата и не ги враќаат со саати. Ова во болница. Неизмолзувањето во тие неколку саати може да биде погубно за надоаѓање млеко или пак да дојде до преполнување и стврднување на градите. Е тогаш ќе имате проблем и реална потреба од пумпа бидејќи новороденче неможе толку да исцица. Доењето е многу помачно од самиот пороѓај. Сконцентрирајте се на методи и позиции на доење за да не дојде до рани и рагади. Многу ама мнооогу упорност, и обавезно барем еден човек кој ќе ви дава деноноќна поддршка во доењето (не само морална, туку и да ви направи ручек, да ви подава чаша вода додека доите и сл.) Цуцли, шишиња, адаптирани млека и силиконски брадавици само ако има потреба од нив! Ништо од ова може и да не ви треба, ама ланолин и пумпа ќе ви помогнат многу.
27ма недела сум ама кога се движам многу ме болат препоните, долу матката и грбот. Едвај некогаш и до дома стигам. Пијам и магнезиум и џабе. Вака и прватА бременост мислам ми беше. Вас како ви е? Имате слични болки?
Мене ми се вовлечени, не сме користеле силиконска брадавица или како и да се вика тоа. Сам си ги извлекува пупките со самото цицање и после пак се враќаат назад.
@Kitten ја расипавме романтиката во групата. Ама од друга страна, ќе бев среќна некој пред првото дете да ми го кажеше сево ова.
и јас си го помислив истото, камо некој да имаше тогаш да ми даде некој совет може и ке се изборен некако. Тој мастит ми е нокна мора
Исто! Немав никого околу мене да ме спреми. Плачев повеќе од бебето со тие скаменети цицки во болница. А во тоа време постоеше само една фб група Соба за доење каде што една докторка несебично ни пренесе сѐ што можеше. Нон стоп читав ситуации и проблеми на жените, некаде се препознавав, учев, испробував...Учев паралелно со случките што ги имав. Исто така ни на форум неможеше да се најдат корисни совети како што има сега.
Значи и пумпа и ланолин да си спремиме за во болница. Браво мами @Kitten и @Anaksunamoon, поима немав за ништо од ова и лично многу се плашам за доењето како би го извела. Пак ќе кажам, сите сте златни тука и како што научив корисни работи од форумов од ни од доктори не добив такви совети. И јас морам да прашам кај ни е стварно @S.o.F.i ? Фалат твоите паники, не не откачувај сеа на крај