Девојки не ми се верува дека купив количка. Прво идење у продавница без мн шетање и размислување ај со среќа нека ни е, се престрашив
И за тоа ќе ви кажеме искуство, наскоро, ако сакате споилери Ама, (хумор во продолжение) за првото дете сите се ангажираме, се тресиме пред да се роди, па откако ќе се роди сите ко сончогледи по него. Второто, само се чува, единствено пазиме да не јаде од тањирот на мачката. За третото:" Ако јаде од тањирот на мачката-тоа си е проблем на мачката! "
Аааа супер избор, ми се свиѓа Само со убаво да си ги возиме бебушите @LiquidLuna вие уште малку ако почекате со постелките накај болница ќе ве туркам глеам
Јас уште не сум добила инфо до кај ми е постелката Ако не заборавам утре ќе си прашам Ќе одам да ѕирнат цервиксот дали се крати уште. Мојава се смири иначе, немам веќе контракции, немам болки, она е поактивна од кога било и мислам дека заслужува еден добар шопинг А ќе ме претуркаш преку улица, на ГАК ќе се пораѓам секако. Ама прва ќе добиеш мекици бе па
Не користам прогестерон, од самата бременост ми се јави. По сите истражувања заклучија дека е труднички дерматитис. Прво ми се јави како кругче кое чеша и се перута, мислеа дека е гливично и се мачкав со кортикостероид кој не помогна, потоа ми дадоа Канестен 1% и тој само ми ја влошуваше ситуацијата, многу ме чешаше местото дури и се прошири и помодре. Потоа почна на деколтето, и под пазувите црвена рапава и сува кожа која многу чеша, на подлактици како егзема суво ми се јави и позади колената на превојот осип, помодрев од чешање. Се туширам и мачкам со лосион за егзема и пијам антихистамин (лоратидин) киј воопшто не помага. Дерматологот ми препиша денес крема Дидермал, да се мачкам целата бременост, меѓутоа со стероиди е, а користење стероиди се препорачуваат користење најмногу 10 дена. Планирам да правам алерго тест на прогестерон за да ми ја потврдат дијагнозата, инаку 90% е таа, и како мала бев алергична на се и сешто,сега само ми се активира во бременост. Ми кажаа ваквата алергија се активира кај некои за време на бременост, пред менструација и со пореметување на хормоните. Доколку нема бременост сд лечи со контрацепциски таблети,а доколку е во бременост нема лек, терапија после бременост. Autoimmune progesterone pregnancy dermatitits ми е дијагнозата.
Ехее нема муабет и тебе и цервикс и постелка и сите има да ве турнам И ја иам уште тон ствари за купување, дур не сум станала ептен табуретка се мислам да искочам да купам, али се преморив неделава со тоа количката, кај не бев. Уште да не ја сака стварно има пешки да оди Сеа еве и пумпа и ланолин додадов на списоков, а сигурно и други работи ќе искочат и ќе го фрлам на крај Ја сум следна недела на гак па ако идеш пак на цтг може и стварно да се видиме, со или без мекица. Ако не искача малава ќе даеш кафе од Номад Ете видиш, сам ако не си ја наредиш работата нема кој, и кафе и мекица и све си средив, а нема ни 7 сабајле
Хахаха а јас обожавам вака да ме договорат без многу муабетење. Готово. Наредната недела пиеме кафе. А додека не си станала табуретка ептен да излезеш и да купиш. Ние шо заебавме, заебавме работа
Ohh, odlicno, me ohrabri mnogu i mi dade nadez, jas nekako imam uplav od toa kako ke bide doenjeto, dali voopsto ke mozam, ama ete majka priroda si go pravi svoeto.
И јас сакам се порано да ми биде купено, до 30та недела Сега вака од болки не шетам многу, не па табуретка кога ќе бидам А за месец, два тек треба да се селиме, ќе биде забавно Ама сепак рано ми е, тек 21ва сум, наредниот месец може посериозно да се заангажирам. Таман со другите работи за средување од кејф и бебешките да си ги наместиме. Верувам дека ќе ја склопам количката и ќе стои во дневна 3 месеци ќе фаќа прашина
Ете, ти од порано можеш списоци да направиш, гледаш што се ќе треба. И тоа што си мислела дека не треба . Таман, по со време да си фатиш
Која ти одговара на буџетот. Ако можеш да позајмиш најдобро. Се стерилизира, па не е никаков проблем да се користи од повеќе мами. Има различни на пазарот, рачни, електрични, од разни брендови. Генерално, сите бркаат иста работа. Јас имам на Lansinoh рачна, таква имаа во болница и таква си порачав да ми купат. Беше и достапна во мојот град, за Медела на пример требаше да објаснувам каде во Скопје да ја најдат.. Ја користев првите месеци, ги задоволуваше моите потреби. На некои мами кои користат подолго/почесто, пумпаат на работа, им треба електрична затоа што е побрза и поефикасна. Тие се поскапи. Ама рачна, од проверен бренд, за почеток мислам дека е доволно
Списоците веќе се спремни и какви пелени и влажни треба Реално мм кога виде се фати за глава Када за бебе па зашо да не