Здраво труднички, да имате избор помеѓу царски, природен, со епидурална или без, во вода или дома што би избрале?
Девојки здраво, ми треба мал совет. Имам 38 години и прва бременост....15 недела сум. Праев приска која ми е ок, бев кај Д-р Димчев во Систина на скрининг и тој ми кажа дека сум добро. Меѓутоа матичниот ради годините ми препорача да направам НИФТИ тест, додека пак д-р Тофоски вели дека тестот ПАНОРАМА е подобар и помалку пари. Ми треба совет дали да го правам НИФТИ или ПАНОРАМА тестот?
Ова можеш да прашаш тие со искуство што се веќе породен па како си прошле. Иначе, јас ќе чекам да видам како ќе се намести дете, ако е спремно, идам природно.
Jas go pravev panorama, zadovolna sum i prilicno brzo mi stignaa rezultatite, mi bese kazano deka ke gi cekam dve nedeli no stignaa pobrzo. Jas go pravev za da bidam mirna 760e
Ако е сѐ како што треба, мене од она што го имам читано највеќе ми се допаѓа дома, во вода, со бабица. Ама, немам искуство со природен пораѓај, не знам ни одблизу како е.
Здраво мамички. Денес сум најсреќна жена на светот, си ги слушнавме нашите срценца, 8+4 сме, одлично си напредуваат. Бидејќи близначка бременост е Др ми предложи за три недели НИФТИ да направиме и скрининг. Сега имам прашање, знам дека е пишувано но некој да ми објасни што се се дознава преку ова испитување, пол, аномалии и сл. И за колку време резултатите би биле готови. Уффф ептен сум нестрплива за се.
И од мене совет, обавезно ланолин за во болница. Таму најмногу ми беа разранети брадавиците. По можност мачкајте и при крај на 9-ти. Пумпата исто така е потребна првите денови, кога надоаѓа млеко, а бебе уште не знае салам да цица.
Леле срцка колку убава вест. За близнаци мислам само Панорама нудеше можност за испитување на двете деца одделно (другите тестови не прават разлика, односно ако нешто има не дај боже, не знаеш на кој близнак). Пошто ептен стручно ти објаснив јави им се на повеќе и распрашај ги..
Фала мила мами Да Панорама го прави испитувањето, ќе гуглам сега да видам што ќе најдам. А ако некоја правела може да ми објасни
Здраво Бремена сум 11 недела со близнаци , пијам само премама дуо дали е малку тоа ? И кога се испитуваат ддимери кога се прават тие тестови панорама нифти Ништо не ми спомнал матичнииот до сега само torch имам испитувано Фалаа ви
И јас сум 38 години , 11 недела почнувам и ако е се во ред на скринингот не планирам вакви тестови , ем ми е стресно да чекам резултати , ем ми се скапи и плус ако е се во ред на скринингот не ја гледам поентата на ваквите тестови кои од пред некоја година станаа актуелни...ова е само мое мислење , не дека сакам да те премислам...пишав дека сме двете на 38 г.и заради тоа ги предлагаат тестовите
Ај и јас да се пишам во 38 годишните. Јас имав мисед пред оваа бременост, и заради тоа открив дека умам наследна тромбофилија и мутирани гени, а една од тие мутации, според научни истражувања, го зголемува х4 пати ризикот за трисомија. Мене ми беше ризик, и иако ми беше скапичко, направив генетски тест. Чекањето 10тина дена е богами, напорно. Ама, и први солзи од радост доживеав кога ги видов добрите резултати и полот на бебето