И јас работам во приватна фирма ама не потпишував никаков договор, т.е не ни отидов на работа ја пратив потврдата по колешка. Ако си на определено да не станува збор за продолжување на договор, пример јас додека не земав решение ми продолжуваа договор на 6 месеци, па на година.
Малку сум неупатена Дали со потврдата си ослободена од работа како ковид мерка или имаш некоја причина да не одиш на работа? Ако е користење на ковид мерка како се исплаќа плата 100%или помалку?
прашај што треба да потпишеш и пази што потпишуваш, не знам каков договор имаш дали на определено или неопределено време...? 100 посто се исплаќа, бремените жени се ослободени од работа уште важат мерките
Ама не ги ослободуваат сите фирми, затоа што владата даде само препорака да се ослободат а не задолжително, другарка оди на раб. уште 8ми месец е
Маџунков има отворено приватна поликлиника у Струмица. И тоа феноменална ! Иста апарарура ко во Систина. Мислам нема договор со фондот Ако тргне работата да мораш Систина одма да идеш не знам мора ли да звонеш. Одиш таму и кој е на дежурство тој ќе те прима
Јас некаде прочитав дека ако имаш услови да работиш од дома ти даваат опрема за работа од дома, доколку фирмата не може да ти обезбеди услови за работа од дома тогаш си ослободен од работни обврски. Незнам дали е точно.
Работодавецот одлучува за жал... другаркава работи во аптека и опцијата беше да иде на раб или отказ да си даде, а кај нас ги ослободија сите трудници без никакви домапни обврски, платата ни е 100%.
Како и сите закони во државава и во овој се најде дупка некоја, со 100% сигурност тврдам дека не се ослободени сите.
На неколку пати ме имаат прашано, ами што ќе правиш ако не те вратат на работа после породилното отсуство? Викам здравје боже ќе барам друга работа. Ко да треба заради работата да не родам дете.
Јас ѕвонев во Влада, на Трудова инспекција и сите ми рекоа дека сме целосно ослободени од работа со физичко присуство(како што е и наведено од Влада) до прогласување на завршување на пандемијата од страна на СЗО, со потврда од матичен, 100% плата. Бев еден месец од дома но ради инспекции ме ослободија целосно
Здраво сакам да прашам за породилното кога се отвара или дали имате некој закон да прочитам како иде тоа ? кај мене на раб викаат месец дена пред си го отвараш некои викаат после породување дали знае некок да ми објасни или да прочитам ?
Кај нас ако не им побараш на приватните работодавци да ја користиш мерката, ретко кој сам ќе ти речи да седиш дома. Зборувам за оние со помали бизниси.