согласно закон треба да го отвориш породилното 28 дена пред очекуваниот термин... можеш во договор со матичниот и на денот на породувањето...јас планирам така за да седам после поише дома..
И јас како доктор матичен во ПЗУ ми рекоа боледување да отворам, ама излезе дека стварно имам потреба од патолошка. Не се побунив бидејќи докторот покрај што треба да ме плаќа 100%,треба и друг лекар да плаќа. Првично требаше одмор да искористам, а во меѓувреме да се допитам до институции што сте пишале погоре, ама мораше серклаж да ме прават, и тука веќе отворивме патолошка.
Мене матичниот ми кажа по автоматизам отварање на породилно е од ден на породување, ако сакам од порано да го известам
Ееее ти си десетина дена пред мене. Рано ти е за во 35та да се пораѓаш Седи мирна таму. Ти за Стара Нова год
Да си се консултирам најубаво со матичниот. Кај нас на раб бараат месец дена порано да отвориш за да се вратиш порано ради тоа што нема кој да им работи. Се враќале кога бебињата им се 10 месеци.
Тачно девојче, само те зезам, јас за Бадник пошто 1 недела сме напред. Да префрли годината, шо се вика. Јас би да чекам, ама ќе видам оно како сака, не јас, не се прашувам веќе.
https://vlada.mk/node/23684?ln=mk Не е никаква препорака, СЕ ОСЛОБОДУВААТ од работа со физичко присуство. Ќе си пишете барање, во кое ќе се повикате на одлуката на Влада со број.. од датум.., во прилог ќе ја приложите потврдата од гиниколог, и не може никој да го одбие. Платата е 100 % затоа што се води како работа од дома. ПС. Не е ослободување од работни обврски, туку само од физичко присуство на работно место. Е сеа, зависи од дејноста, ако е продавачка, аптекарка, возач, медицинска сестра, тоа не знам како би било со работа од дома. Затоа ваљда нееднаквостите
Епа значи заклучок само ако си програмер или имаш опција да работиш на компјутер си ослободен, или во превод можеби некои 10% од трудниците, друите кој како се снајде. Значи не до влада до сегде имаше поднесено барање другарка и и вратија од кадрова служба дека ова е препорака на владата а не задолжително.. Е сеа СЕ ОСЛОБОДУВААТ само ако сака работодавецот, сите останати си одат на работа освен нели ако не извадат боловање. Поздрав
Женски да ве известам.. Ви пишав пред некој ден во врска со желудникот од бебето дека не се гледаше. Денес еве бев повторно на Ехо и се е во ред Пресрекна сум
лелеее колку членки ти пишаа, па земи отвори прочитај не знам зашто упорно тврдиш нешто базирно на рекла казала... трудниците се ослободени до прогласување на крај на памдемијата од страна на СЗО и зимаат сто посто плата, а таа другарка ти може слободно да ги пријави во трудова инспекција..