Е де видов дека ми пишавте, не тврдам нешто бизарно оваа одлука е од април 2020, имаше измени да ги најдам и ќе ви ги прикачам. Не ми беше воопшто поентата да се расправам или да кревам тензија, крај краева седам дома и земам плата и океј ми е. Ако се ослободени зошто ти одиш на работа? и уште еден куп други што ги знам. Пак ќе ви потенцирам не ми е намерата да се праам паметна или да кревам тензија, и погоре пишав има еден куп закони ама не важат во државава, ете тоа ми беше поентата а не еден куп да ми ја пуштите одлуката. Убав ден!
Еве што и вратија од трудова (веќе пријави), член 13 точка 11 е за трудници кој овде е и избришан, значи пак се сведуваме на воља на работодавецот, толку од мене. Не ми беше намерата да напнам и изиритирам некого, ако така ме сфативте се извинувам.
мерките се сменети од април 2020, инаку работата не беше да се крене тензија туку има членки што тука читаат, а се шират дезинформации, зошто некој да отвори боледување кога може да зима 100 посто плата..
Како бе се сменети, јас септември реагирав кај трудова и рекоа важат. Сега користам мерка од септември. Колку што знам сменето беше за оние веќе на породилно- укината мерка. За нас трудници се уште важат. Како и да е остаанува секој да си се избори.
Да се вмешам и јас во разговорот во врска со ослободувањето од работа Веќе со години работам во фирмата ама пред 6 месеци останав бремена и прашав за седењето дома ми дадоа три опции и тоа ако седам дома целата плата треба да ја вратам на газдата или ако сакам плата да си одам на работа или да си извадам боледување за државата да ми давала 70 % плата Изборот беше мој и јас си извадив боледување затоа што кај нас на работа договорите ни се на еден месец а ако се правиш паметен по завршување на месецот ќе добиеш отказ без разлика дали си бремена или не- искуства од други така да секоја чест на одредени фирми што ги ослободуваат трудниците и кој може нека го искористи тоа затоа што во оваа наша чудесна земја законите не важат подеднакво за сите
кај тебе е проблемот што си месец за месец пријавена може да те одјават кога сакаат со истек на договор иако си бремена не им можеш ништо...барем ферски ти кажале да избереш тоа е тоа... ама овие што се на неопределено не им можат ништо..
Jas sum vo privatna firma, rabotam od doma, site bremeni se od doma dodeka ostanatite odat na rabota. Zemam 100% plata. Ocigledno vo ovaa nasa cudesna zemja se e do voljata na rabotodavecot.
Тоа и сакав да кажам, дека законите дури и да постојат апсолутно не важат за сите исто, нажалост во такво опшество живееме. Најбитно да сме добри ние и бебенцата па работата секако оди на втор план.
Зависи и до видот на фирмата и односите во неа. Јас неможам да терам нешто насила бидејќи кога и да имам потреба од работодавецот,, вечер во 12,во 12 ја отвара поликлиниката. За 11 октомври неработен ден, му ѕвонам во 16часот малата дехидрирана скрос клапната, си викнав сестра за систем, отворивме, од 17-22часот примаше систем. Некои работи ми немаат цена.. За тие 30% разлика боледување вс цела плата неможам да се фаќам, ќе ме чинат многу повеќе ако навлезам во конфликт. Ама сепак, секаде е различно.
Прашај си во фирмата што тоа сакаат да потпишеш. Може спогодбено сакаат да потпишеш да ти дадат отказ. Зарем мислиш дека приватна фиема ќе ти плаќа 9 месеци плата а ти да не одиш на работа? Секоја чест ако има такви фирми ви земјава.
Кај мене на работа важи ова од прв ден коа видов две цртички не сум отишла на работа и земам цела плата. Се надевам ќе потраат мерките пошто не сум вакцинирана и не сум ни во план сеа за сеа па не сакам многу контакти периодов.
Ti sakas sepak novogodisniot televizor da go zemes izbilen kandidat si mislam toa davat grdonacalnicite za prvo bebe vo godinata
Зашто ова е Македонија. Тука ништо не се почитува. Приватњаците ако немаат ќар од тебе не те држат. И многу им е гајле дали си трудна или не. И ништо не им се може. Секоја чест на ретките исклучоци. БТВ гледам и ти во 8 месец одиш на работа, што тогаш не ти е јасно и зашто не користиш мерки?
начинот на кој што ти е поставено прашањето зошто мислиш дека ќе те плаќа приватњак, а ти ќе седиш дома 9 месеци ти е невкусен, а одговорот го доби нема што да мисли има законска обврска да ја плаќа кога веќе членката решила да користи мерки... на неопределено е пријавена, не можат ништо да и направат и следува и тоа е тоа, не може некој со сила да ја натера да потпише нешто.. не дека ти не си во право за ситуацијата во државата и дека мерките не се почитуваат тоа е факт ама што да правиме, во конкретниот случај може да седи дома да и барем додека е на породилно и сеа додека е трудна ништо не можат да и направат.
Мами дали некои денови ви е тешко во стомакот, денес бебе цел ден се врти и превртува и мислам дека кога се поактивни дека тогаш растат што би се рекло, јас мерам обем на стомак секоја недела и обично 1см ми расте, еве денес мерев и ми е зголемен обемот а бебе цел ден е активно дури ми е мачно од што ме притиска секаде и стомаков ми е оптегнат максимално мислиш ќе пукнам како балон, како е кај вас?