исто, секој ден се повеќе и повеќе се осеќа мислиш ќе излезе од негде и јас мислам дека ќе пукнам во секој момент
Која недела си? Јас пукнав овие 2-3 дена, не знам што му стана на бебето, мислам дека од папок сака да излезе
Уффф ама иритира цело време дека мрда стомаков, незнам како ќе спиеме денес, и што викаш од ден во ден се поголеми се тешко нас до крај
32 почнувам, стомакот огромен, незнам дали има капацитет уште да се шири сиротиот, а бебе расте изгледа и ептен е активно денес уфффф
Мојава ми се чини 3 дена нема заспано... А и јас со нејзе богами А стомакот ми се чини последните 2 недели дупли ми стана
Чекај ти при крај беше така? Леле како издржуваш, јас цел ден веќе со офкање сум, едвај станувам и легнувам, одам ко пингвин хахах
Од денес 36та Легнувањето полесно, станувањето е екстремно тешко Одењето е никакво, нозе ме болат и отекуваат Стомакот ми тежи, кичма ме боли. Фина работа ова бременоста бе
Е иста бев вчера и се мислев да прашам. Абе болки имав во стомак при мрдање, ме отепа, аи викам цака до крај не знам како ќе се издржи. Нешто многу активно ми се гледа бебево
Хахах според докторите мојава за неполни 24 саата има качено 300гр. Така да, не се баш веродостојни мерките, не се замарај многу
Нормално е мила, на бебуш му се брза да порасне . Еве и јас сум 33+0, а вчера баш бев на контрола и ми го измерија 2.700 кg односно пишува дека одговара за 35+2. Само ние ке си мачиме мака со носењето бидејќи како расте све повеќе ке тежи и ке наликуваме на балони ама тоа е најмал проблем, само нека биде све како што треба .
Дали ова значи дека не може да се земе пример една или две недели пред термин породилно? Не ми јасно. Тука зборот ЗАДОЛЖИТЕЛНО 28 дена пред термин мислам нема простор како да се толкува поинаку? Освен ако не се игра со краен термин? Како ке ти го пишат крајниот термин...
Така стои за нормална бременост дека треба да се отвори 28 дена пред термин меѓутоа во договор со матичниот гинеколог можеш да си отвориш и покасно ( на пр. како ти што предложи недела, две пред термин). Со првото дете, а тоа беше пред 2 години, породилното го отворив баш од денот кога се породив и немаше проблеми околу тоа.
Вчера бев кај Јани, и денес ми пратил извештај за 60клексани а јас имам уште 56дена до краен рок, прашањето ми е, дали другите идат на последен преглед и димери пред пораѓање бидејќи би сакала последно да ми биде пред породување, а вака според извештајов, јас веќе не треба да одам кај Јани на преглед и некако ми е шубе да не одам уште еднаш во декември
јас бев неделава кај Јани, имам уште 35-36 дена до термин, исто ми препиша 60 клексани и ми рече да не проверувам веќе д димери. да ги прекинам 24 часа пред пораѓај и да се боцкам уште 5-6 дена после пораѓај. иначе јас му реков дека ми се многу 60 рече да не доаѓаш пак колку имаш потреба ќе си купиш и ќе се договориш таму во болница уште колку дена после пораѓај ќе примаш
Мене лично 34,35та недела ми беа потешки отколку сега еве 38ма почнав. Мислев не можам да дишам и воздух да земам на моменти,сега се спушти стомак полесно ми е не се задишувам и по подвижна сум. Болки и контракции немам,така да се е индивидуално очигледно