Пипаат, пипаат. Скоро породија пријателка една така на договорено. Чекаа само ден два да влезе у 9 ти . Точно 36+5 ја породија
Ептен ретко пораѓаат испод 38 а камоли па 36+5. Тоест само со јаки врски може. Знам по мене јас во 36та само што влегов ја молев докторката да ме породи, нејќеше да чуе. Рече со полна 38 недела одма те праѓам. Ама синко мој реши другиот ден да искочи
Ај помош. Се обидувам претежно да лежам и спијам на лева страна, но по кратко време такви болки осеќам под лева града/ белодробие што морам да се свртам. Како лежите/ спиете на која страна?
Осеќаш како жежење/печење такви болки? Пробај подисправи се со перничиња Едит: спијам и на лева и на десна страна, и на грб (кога имам киселини), повеќе е полулежечка отколку на грб де. Ме сфаќаш
Спиј на десна тогаш. Ја на десна спијам, на лева нема шанси око да склопам од секад ми било непријатно и неприродно. Да немавме нет сеа секоја ќе спиеше како шо и е убаво и немаше да се замара. Ако ти е толку шубе лежи преку ден на лева, ама ако имаш болки нема да трпиш сеа..
Па да по логиката на мојата докторка требаше да се породам кога син ми направи 40 дена Шала на страна што повеќе во меше тоа подобро. Моето имаше продолжена жолтица грчеви како лудило кои уште траат и со бронхилит на 16 дена. И поради таа причина дека бебенцата не се комплетно спремни не пораѓаат под 38 недела.
Еве сум јас тазе, уште не излезена од болница Посета е дозволена секој ден од 10 до 12 часот но само по еден. Кога ќе се породиш може сопругот да дојде да те види кога ќе те симнат во соба.
Нека праша по овие што ги прават пренаталните тестови, секако примероците ги испраќаат надвор од Мк. Сигурно има пакет и за утврдување на татковство во бременост со тоа што ќе треба крв и од таткото, е тоа незнам како ќе го изведе Среќно!
Health Aid alergo нешто, пантенол (новите препораки викаат во консултација со доктор, а на старите пишува дека се дозволени на бремени и доилки), прополис, аквамарис за нос, еукалиптус кремче за околу нос и гради масажа, витамини малку покачена доза, многу течности, инхалација со солен раствор. И, овлажнувач на воздух, секако ќе ви треба за новиот член - ако немате набавете си. Мене сув воздух од греење ми создава проблеми (суво грло, растечен нос).
Дали и колку е нормална болка под градата која на моменти е со чувство на жежење а на моменти е баш болка... Беба е карлично и докторката вика дека тоа е од главчето што притиска, има ли некоја вакво искуство