А зошто некој би сакал да се породи пред време без индикација? Трудниците најчесто сакаат да поседи повеќе, да биде поспремно, ова прв пат го слушам и стварно не сфаќам со која причина
Хормоните ми вријат ( како и на сите де ) па не издржав да не се објаснам. Јас стварно не знам дал некој др ќе рече да чекам до 42ра недела ако ги земе во обзир сите мои дијајнози - имам ХОББ од раѓање - лани се оперирав од малиген карцином. Операцијата беше изузетно тешка, т.е ми откажа едното белодробно крило па 6 ч ме реанимираа - имам леукопенија - дијабет имам кој во бременоста фала богу е "мирен" - имам 44 г - тесна карлица а бебето машала е крупно за неделите - бааѓи сум крупничка - имам двоцифрен број на ивф, три ванматерични кои се третирани со цитостатици - канцерот беше многу лошо поставен па од операцијата добив ошетување од 35% на гласните жици. Т.е 35% гласот ми е одземен. Не можам да зборам гласно и при обид да подвикнам ми се качува притисокот, а воедно последица од тоа што сум со такво оштетување а и без тироидна си здобив и тахикардија за која примам терапија од пред бременоста. Значи имам траен инвалидитет. Тоа што мм работи 30+ год во здравството и со многу од докторите е бил колега на факс, се дружеле за време на специјализациите, бил цимер со некој од нив, си кумувале по свадби, соработуваат и ден денес ...тоа ќе го оставиме на страна. И уште ова. Пола од докторите беа скептици дали воопшто требаше да ризикувам и да останувам трудна. Но јас сум усиена глава и решив дека ќе раѓам. Па не врски дал ќе барам, светот ќе го обрнеме само да заврши све како што треба. Како и секој де што сака све да биде во ред и со него и со бебето. Ова што си правам бајрам на умот да се породам у очи НГ е само шала. Не сум до толку забегана да "барам такви привилегии" Деновиве ќе примам флостерон. Ќешки нека издржи бебка што подолго , со задоволство ќе ја чекам да дојде на свет она кога ќе сака
Еве ме, болка со притисок, доктор вика притиска со главче. Ама болаката е многу интензивна ако лежам на лрва страна, штом се свртам престанува.
Фала ти многу И јас пластилите од жалфија што ги земав, и покрај тоа што ми ги препорача доктор, се плашев да земам, бидејќи на упатството пишуваше дека "безбедноста на овој лек во бременост не е утврдена". Иако сум свесна дека се безбедни ама стравот си го прави своето.
Епа мене така ме "дроби" на колк. Абе ди праат бебкиве што си сакаат, им се може Кај кој др одиш сеа?
Откако ја прочитав оваа приказна на ништо веќе не се жалам , постојано го гњавам мм де ме болат колкови од инекциите , де нешто друго...браво за тебе ХРАБРА ЖЕНО ...еве доказ дека храбрите секогаш успеваат ...ти посакувам здравје и да си бидеш најсреќна МАМА на свет, си заслужила
Мами, 28+5 сум, ама денес и вчера бебе е премиерно, а до сега не застануваше рингишпил ми беше во стомакот. Паника ме фати на најсилно така јас само да си се искажам хаха
Легни на лева страна и лежи 2 часа. Во рок од тие два часа треба да осетиш 6 удари. Така ни кажаа на предавањето за трудници. Ма да сигурна сум дека се е во ред, не се секој ден исто активни бебушите, само ние си креваме паника така
Е па мајка бебето веќе има свој ритам створено кога ќе спие а кога не, ич немој да се грижиш. Докторот ми има еднаш кажано " ти секогаш си у движење или некогаш одмараш" така и бебето има потреба од одмор. Со лесно нека е
Мешиња, кога ви излезе папчето напред На апликациите ми пишува дека веќе треба да се познава, моево го нема уште Не ми се верува дека од утре влегувам во 6ти месец Кога помина толку брзо времето, како вчера прв пат да слушнав срценце Малце во шок сум дека имам уште помалку време со бременоста од што помина
Мене уште во трет месец. Ама зависи каков ти е папокот. Ако ти е баш дупче може и да не ти излезе воопшто. Мојот беше пополн така, можеби затоа искочи толку рано нанапред.
Здраво мамички. Јас сум 9+3 (близначка бременост со ивф), за две недели ќе правам Нифти, Др ми рече уште е рано да испитам д димери. Би сакала да ве прашам за мислење кога е најдобро да испитам д димери и да ми препорачате добар трансфузиолог од Систина. Имајте убав ден
И јас сум со ивф и испитував пред трансфер, 15гн, 27гн и еве денес 32гн. До сега си се покачуваа, но пиев аспирин. Денес ќе видиме дали ќе има потреба пд клексан. Да си испиташ наскоро.
Јас уште од позитивен тест почнав да ги пратам д димерите и хемостазата , точно на 3 недели. У Систина мм се консултира со некој др Нино. Добар бил. А не ни знам дал има и друг трансфузиолог таму. Не сум го видела јас докторот, не можам да дадам никакво мислење за него, но еве тој ме води овие 7 мес, телефонски