Јас земав 3 - 50ки, 5 - 56ки, а иам и по некоја 62 и 68ца. Ама не ги купував сите јас, купија некое и баби/тетки. Од 0-3, не повеќе од 5. Тие одма ги надраснуваат, бар така ми кажуваат. А исто ме советуваа да си зеам и по прерамки, за под шпихозни. Такви иам сеа за сеа 2, планирам уште 3 да купам.
Само пренатални витамини и без мешање со луѓе ама маж ми работи со многу луѓе секојдневно така што неможам да бегам од него дури и беше болен пред некое време и јас бев со него ама за среќа ништо немав симптоми на прелада. Мене ми е страв да се разболам од фактот што нема на кој начин да се лечам а не па непроверена вакцина да примам … 100% против вакцинација во бременост!
Јас лично повеќе преферирам боди на кратки за одоздола, дома секако е топло така да боди на долги и плус блуза или шпихозна одозгора многу е, 50ките ептен не искористени ми беа мене, земете во предвид дека алиштата се смалуваат малку при перењето и сушењето во сушара, на мојата и се фаќаа само првата недела потоа преминавме на 56ки (се роди 50 цм). Исто така треба да се земе во предвид дека некои бебенца многу повраќаат, плукаат така да обезбедете се и со лигарчиња. 0-3 според мене треба да имаш барем 5. Ако сакаш да играш на картата сигурно земи помалку помали бројчиња, а повеќе пример 62ки и во случај да ти се извалкаат сите помали боденца секогаш можеш да облечеш поголемо, а ќе ти траат подолго.
Ако имате сушара тогаш ви треба по 5-6 парчиња од една бројка. Да сум со овој памет ке си порачам комплет со кратки на џорџ, ги има по 7 во пакување и две пакувања пк 3 шпихозни. Јас директ со 56 почнав ама над 4 кг бебе имав и знаев дека ке е големо. Ги носеше 3 недели.
Пробај со чиа семе го ставам во цеден лимон со вода и пијам. Ова како природен избор, ти пиј си терапија секако...
Јас исправ и здиплив сѐ од син ми. Се породив во 36та недела и скоро сѐ е купено од баба и тато после пораѓај. Така истеравме во првиот месец/два, сосема доволно ни беше. Следи попис што сѐ имам во плакарот (за зимско бебе) : Бодиња на долги 6 Бодиња на кратки 3 Бодиња на рамки 3 Панталончиња 4 Потенки шпихозни 4 Подебели плишени 4 Комплети 3 Капи памучни 3 Капи зимски 2 Ракавички 4 пара Скафандерче 2 (и едно ќе заврши работа) Крпи бањарки 2 Ќебенца меки 3 (навечер беше замотан/повиен во меко ќебенце) Бројките на овие се од nb или 45 до 56.
Капи и ракавици за внатре не. Капа само за надвор а ракавици ако треба зошто скафандерите обично се со подолги ракави.
Сакам да прашам 27 недела сум пиев фемибион 2 сакам да ги прекинам да продолжам да си пијам само магнезиум, калциум, омега 3, витамин ц,цинк, d3. Дали е паметно или да си продолжам со фемибионов бидејќи јас не гледам некоја потреба премногу од него. Првото тромесечие си пиев ова погоре што пишав тек од второто почнав да ги пијам фемибионот.
Да ве прашам во 7 месец и 8 ми имавте односи? Имам слушнато дека не треба да не дојди до предвремено породување.
Искрено јас на своја рака си земав фемибион сеа во второ тромесечие, претходно само фолна пиев. Имав многу мачнини и ми се лошеше преку цел ден па не ни јадев.. сеа океј сум со исхрана да направам крвна слика и веројатно ќе прекинам со фемибион затоа што и советот од матичниот беше да јадам се и пообилно а да не земам дополнителни витамини. Нека кажат поискусниве што мислат, ама јас како фармацевт можам да кажам и дека добар бизнис си прават фарм. компании.
И мене истото ми го кажа докторот и јас самата бев против тоа на почетокот секако дека на сите не ни се јаде и сето тоа со тек на време ќе се смени ја повеќе се чивствувам понатрупана со апчиња отколку што внесувам храна само 2 јадам и тоа не обилно нешто што ќе каснам како ужина. За тоа се мислам дали да го испијам до крај на месецов и да ги прекинам да си продолжам со тие што си ги зимам.
Уште подобра варијанта е да јадеш повеќе пати во денот помала количина.. Ако имаш нормална бременост и ти е во ред крвната слика мислам дека нема да е проблем да ги прекинеш фемибионот и да си продолжиш со тоа што си земала претходно ако ти делува подобро.
Консултирај се со матичната, најдобро ќе ти каже дали имаш потреба. Јас јадев нормално, со добра к.слика и пиев витамин ц, магнезиум и фемибион до сам крај.
Јас воопшто не пиев фемибион, цело време си терам само со витамини. Фолна 1000мкг, б12 1000мкг, б6 100мг. Магнезиум 400мг, калциум 700мг, омега сега во 3 тримесечие појака доза 500 епа и 250 дха, д3 5000, цинк 25мг, ц вит 2000мг, пробиотик.
Божем супер ми беше скриениот шеќер пред месец и кусур, ама топки е супер. Јас сум правела тогаш со 100 гр гликоза и боцкање до трет час. Требало со 75гр гликоза и боцкање на 2 часа. Епа не е добар. По 1ч ми е 15 По 2ч ми е 10. Кркнав инсулин да боцкам. Пред секој оброк 4 ие Фиасп, а навечер у 22ч по 10 ие Левемир. Овој Левемирот на приватно идел. Прв пат слушам инсулин дека има и на приватно. @Alishan30 ти знаеш дал од секогаш е вака? Толку внимавав на исхраната, ни кг се неам поправено, ама тоа е. Се активирал пак. Ајде, др вика да не се секирам, ќе истуркаме уште 8 недели. Бепка е добра, недела дена е понапред , грло 3.4, протоци добри... Ај и овде да го изрекламирам лепотанот мој кој просто ужива да се слика
Зарежав вакцинирање. Гледам мирничко е кај нас. Веројатно ќе почекам да се породам и после одма ќе се вакцинирам. Вие како сте?