Бебето е само недела дена понапредно. Плодовата вода била во ред. Ама јас и пред бременоста чат пат имав проблеми со шеќерот и инсулинот, плус цела фам скоро ми се со дијабет.. па ваљда затоа. А крупна сум си јас. 178см и 85 кг
Епа 2 пенкала купивме. Би требало да ми стигнат. Сеа ќе се врати мм па ќе израчуна дал ќе ми стигне Фала мн унапред
@Bubce38 Јас за време на бременоста (2020) го боцкав и го земав на рецепт од инсулинската аптека во нашиот град. Имам 3-4пенкала остането во фриждер,да проверам треба само рок и можам да ти ги дадам за да не ги купуваш на приватно. А инаку да Левемирот го имало на приватно моја блиска го имаше купено од аптека од Систина пред 3години.
Мајки како сте во план.. Пернир р купувате за бебете и какво. Имам слушнато на рамно дека е поубаво. Јас за првото јотганче му постилав во креветчето, ама како е правилно не знам
Крвна слика во 8ми месец. Шеќер супер. ЦРП 5,1, треба да е 5. Леукоцити и кетони во урина Доста плочест епител, ретко бактерии и видлива флокулација. До сега се било супер, ова сега баш се изненадив од резултативе. Мислење: инфекција, бактерија?
За почеток немам во план. Како е правилно не знам. Другаркиве некоја има перниче, некоја нема Ваљда ќе се водиме педијатар што ќе каже, така
Мами помагајте од утрогестанот што го ставам сабајле и вечер ми се појави чешање и печење неможам да го пијам имам страшни вртоглавици… кажете некој лек јас освен сода и промивки со камилица друго и незнам…
Праи уринокултура, мене секоја урина ми е со бактериска флора, леукоцити и кетони. А уринокултурата чиста. Јас бев на ендокринолог заради тие кетони (јас имам и скоро граничен шеќер), и ми рече дека ми се заради исхраната (не внесувам шеќери, па телото ми е во кетоза). А инаку може да се јават и ако си легнала гладна вечерта, ако си дехидрирана, или ако си повраќала. Иди праи уринокултура така ќе си бидеш на чисто.
Мораш да го пиеш тогаш, бидејќи ќе те чеша и иритира уште толку. Истата мака ја имав. Ќе ти се навикне телото за некој ден и нема да ти се врти, само биди трпелива. Ако не прекинеш да го ставаш нема да се смири јадежот. Пиј го бар некој период и доле мачкај се со канестен или стаи една доза вагиналети Канестен. Тотално безбедно во бременост. Подмивките со сода/камилица ништо не ми помагаа.
Претпоставив душо дека ќе морам да го пијам… ајде ќе се навикнам нема друго чаре сепак фала на одговор и совет
Јас логички си мислам затоа и за првото така направив.. Дека мали се многу па да го легнеш на перница некако не ми идеше а некако сите височки малите перници
Девојки здраво, 24 недела сум имам уредна бременост, но денес чуствувам како вибрирање од левата страна на градите, неправилна работа на срцето. Ова прв пат ми се случува. Ме интересира дали ви се случува ова и вам, дали е до бременоста или е нешто посериозно?
Мами вежбате ли нешто во нашиов 8ми месец? Од што се ми тежи немам сила ни да вежбам нит да се чепатам доле по килим, гледам вежбиве се сите такви со чепатење и тегнење. Ми е страв како ќе одам на пороѓај ваква улежана и неизвежбана
Не знам од каде си, во Ск има пренатална јога. Инаку, вежбав до пред месец два, а ова не ми одговара ради термините, пон и среда поручек.
јас мислам дека ако земам да вежбам ќе испуштам душа одам на работа, шетам кучиња, работам по дома, неам простор за вежбање, ама пешачам бајаги ...