И јас сум подвижна, исто, дома работам, пешачам по 2 пати на ден, метам низ двор ама пак се осеќам неразгибана, нога да кренам малку и одма болка од препони ми доаѓа, затоа се осеќам зарѓано што не сум се истегнала асално од таа препонска болка и ми е страв да вежбам и се тегнам ради неа
искрено мене ми беше страв да вежбам и не ни фатив ред во бременоста, иако предходно си вежбав редовно ... на почетокот само спиев, повраќав имав мачнини, не ми беше ич до вежбање и така си помина времето.. планирам после пораѓај здравје да почнам нешто.. иначе алал да им е на сите што си вежбаат и имаат сила и време
Е алал да им е и јас викам, ги гледам на јутуб како се тегнат, склекови праат, чучнуваат лесно, јас нема шанси ништо такво да напраам, освен пешачење друга разонода немам, а немам ми сила ни здив доволно за да се задишам веќе,едвај зборам шо се вика одма се задишувам
Јас ако легнам да вежбам, можам само да заспијам и ништо повеќе Активна бев онака цела бременост со движење, ама сега јок, само ми се спие
да ама не прават ништо друго во животот... јас во 7 станувам во 6 се враќам уште да земам да вежбам и ќе умрам едвај идам по скали не можам да дишам...
Спиј дур можеш собирај сила, јас само навечер на 3,4 рати спијам, преку ден нема шанси, ич не ми се спие
Ве читам со уринарни инфекции, сте пиеле ли Д маноза? Јас матичниот кога го прашав ми рече брусница и увин да конзумирам (а не се препорачува), а д манозата е сосема безбедна според сите истражувања. Имав некоја настинка, кога ќе се притиснев на долниот дел од стомакот многу ми се приодуваше (а не можев, по 1 капка) купив една кесичка д маноза и одма ми пројде. Правев уринокултура претходно, не покажа ништо. А од брусница веќе аир не гледам...
Јас пиев дманоза, брусницин капсули и уште ги пијам, но најмногу ми помогна солубитрат германски чај.
Мешиња има ли лек за исцедоков стварно е катастрофален бел и воден почнува и да мириса од што го имам по цел ден … само мењам гаќи
Нормално е зголемен исцедок, и јас го имам, иста сум, како подмочана. Ако ти се чисти брисевите и се додека нема чешање и мирис не е страшно. А дали има лек и мене ме интересира, само не верувам. А и самиот исцедок ја зголемува отпорноста од инфекции
Aко мириса да провериш брисеви... Лек не верувам дека има оти е нормално зголемен исцедок во бременоста..
Сега препрочитав и видов дека си почнала да осеќаш мирис. Ако и покрај тоа што нон стоп мењаш гаќи, пак има мирис, убаво ти пишала @LiquidLuna најдобро да провериш брисеви (ако немаш скоро проверено). Ама верувај зголемен исцедок не познавам трудница што нема
Uriroyal се најдобри. Д манозата е 2гр(2000мг)плус пробиотик. По една ќесичка се пијат на ден. И јас откако ставам утрогестан имам некое печење кај уретрата а одржувам хигиена..
Гледам пишувате за вежбање. Јас дури уплатив пилатес за трудници и ниеден тренинг не извежбав Од 9 до 5 пред компјутер работам, грбот ме боли од седење, главата од самиот компјутер. После додека да спремам за јадење, да јадам да раскренам да прилегнам ми доаѓа време за спиење. Плус, првите месеци цело време бев поспана, спиев повеќе а тогаш имав дозвола од доктор да вежбам, сега бебе е ниско и со болкиве докторот рече повеќе да лежам да одмарам, иако аамо за спиење што лежам од што немам кога. Како се расприкажав Ама се нервирам што не сум ич активна, ама и кога ќе излезам малку да пропешачам одма имам болки и се враќам. И јас се плашам како ќе се породам кога уште сега не можам да кренам нозе, не па тогаш
Само при таложење на исцедокот почнува да мириса пошто не секогаш успевам да ги сменам веднаш гаќите .. хаха Ама секако ќе си барам брисеви на наредната контрола боље ми е да ми е мирна главата
Баш ми е жал, а неможе да те ослободат од дома да работиш, барем легната во кревет ќе работиш на лап топ, и онака се ослободени трудници од работа. Со низок плод мораш да одмараш повеќе и да лежиш не се зезај. Колку ти е цервиксот?
Од дома работам ама на статичен компјутер, затоа морам да седам. Цервиксот во 18та мислам дека ми го мереше 3.5 беше. Ми даде терапија утрогестан и 2×1 магнезиум.