Здраво идни мами. Да се пријавам со второ човече на пат Малку неочекувано , дојде во лоша ситуација и најверојатно има зошто Тераме 7 недела, денес го видов човечуљаков , испадна на дежурство , али битно се видовме и арни сме . Со лесно да ни е на сите до крај
До кој месец се иде кај матичниот гинеколог? И како иде после кога ќе се иде на цтг бидејќи сакам во чаир дали си бирам доктор што ќе мњ води тамо како оде тоа знае некој ?
Најчесто до последните брисеви. Тие од 33-36та недела што се најчесто. Она издава упат за Чаир и идеш во Чаир со упатот само еднаш, на секое идење ти закажуваат кога следно да одиш, следните одења се без упат.
Кога ви се спуштија бебињата? Јас сум скоро 35 недела и бебето е со главата надоле од 20 недела но со нозете уште ме мава во желудник и ребра. Овие денови имам болки во желудник, киселини, ептен се осеќам подуена. Едвај чекам да се спушти надоле, малку да ми олесни.
Јас сум 32ра, од 30та е така наместено со главата на колк, со нозете во желудник и исто последнава недела имам киселини многу. Според бабиниве муабети може и коса им расте
Девојки здраво. Извештај од денес. Бев на контрола, ЦТГ добро( го ставив во посебна тема, која знае да ми го прочита). Ме гледаше на ехо, а пред да ме погледне му спомнав дека многу ика и ми е страв од папочната врвца да не му е околу врат. Тој ми вели се' тоа е нормално да си ика. Ама кога ме погледа рече во право си била, сепак му е околу вратчето. Иако маж ми вели дека само му поминувала тука напред дека така рекол Докторот, ама јас прашав околу вратчето ли е, рече да. Целата се препотив и испаничив. Докторот вели честа појава е, како да не се секирам. Ама јас сум преплашена искрено... Договоривме царски сега за во Вторник, докторот вели прво ми е за притисокот па за постелката созреана и на трето место за папочната врвца. Јас и утре цел ден незнам како ќе издржам, само се молам да е се' во ред да не се направи проблем. Неможам да се израдувам дека доаѓа денот да се запознаеме. На никој не сум кажала дека во Вторник ќе биде, само на вас еве. Држете ми среќа да биде се' добро !!!
Јас пред 30и кусур години сум се родила со врвца околу врат. Тоа не им е проблем верувај. Уживај во овие ден два, верувај ми веќе не се враќаат, гушкај се со маже и сакајте се. Последно сте си сами, уживајте, проблемите после со бебе се итекако подраматични придружени со постпородилни хормони.