Не се секирај мајка, моето бебе се роди со папочната врвца околу вратот ДВА пати замотана, исто царски, се беше супер, апгар 10ка. Со лесно нека ти е
Со лесно мајка, еве малку да те утешам, нема никаков проблем ако папочната е околу вратот на бебето додека е во стомакот, дури и при пораѓај ако бебето почне да излегува природно со главчето прво. Така сум јас информирана од страна на бабиците тука. Проблем е ако бебето при пораѓај е лошо завртено и со папочна околу вратчето, а почне да излегува природно. Инаку со царски ич не бери гајле ќе го одмотаат веднаш, а додека ти плива во плодовата вода папочната исто плива и се лизга од лагуно маста што е на бебето, не за џабе се појавува оваа маст додека ни се во стомачето, ги заштитува.
Аууууу дојде времето Софиии, ајде мама си лесно нека е! Не се секирај не е толку опасно, сепак бебе е во плодова вода и се лизга врвцата, одмарај и опуштена биди, спреми се да се гушкаш со бебето наскоро ❤️❤️❤️
Дај боже. Уште за првите ваши сакав да се дружам со вас у оваа тема. Ама еве, сега било пишано да се начекаме Ако сум на крај јас, битно се начекавме
И јас би сакал снајка да направам Со нетрпени чекам да дојде твојот батко. Само ги демнам темите да не стигне абер некаде Па во подготовки сум. Сите испитувања завршени. Само да закажам преглед и подготовка да земам од замрзнатите. Се надевам нема некоја непогода пак да ми ги одложи плановите. Кај мене очигледно гром во коприва не удира Честитки мами и со лесно до крај.
А ти имат ли кажано дека ниско е поставено? Да не му се таму ножињата па сега таму удира, сепак рано е кај тебе горе да го осеќаш. @S.o.F.i не си стварај паники без потреба, рекол дека е околу вратчето, може значи дека е до вратчето, не значи дека е замотано. А и да е така, ништо страшно што ќе бидеш царски, има многу такви примери. Опушти се утре и спремај се за гушкање Со лесно нека ти е, ќе чекаме убави вести
Дами што уште можете да шеткате, да не има некоја сретнато ваков производ кај нас? Ова вика дека се монтира на седиште/транспортер, има дупчиња за харнесот, го ставаш и врзуваш бебето и го копчаш за зимски прошетки. За жал, немаат достава до мк. Кај нас онлајн само за колички и неколку специјализирани за конкретни транспортери најдов, реално прескапо за нешто што ќе се користи 2-3 месеци..
Честитки Баш се израдував од се срце на оваа убава вест, со лесно да си ја износи бременоста ти посакувам
Удари не чувствувам во предел на папок (нит лево/десно,нит горе доле). Сите удари, клоцања се малку над и под царскиот рез/пубично. На прегледот фокусот беше на скратениот цервикс, не ми рекоа за ниско поставено, ама апла се осеќа..