Мешиња има нов курс за трудници на инста профилот mamma.mk.prenatal.education од 6 декември. Знам дека претходно прашуаваа некои за курсеви па ако сте заинтересирани проверете. Јас сакам да се пријавам има интересна програма.
Не ми се вози повеќе, ни возач ни совозач Дома ми е некако најпријатно, или во природа, не би да се бутам по продавници. Ама затоа секој ден пратка, и 300 табови отворени со производи само ова ми остана нереализирана нарачка, а мислам дека ќе ми треба, од искуство
На инста профилот што го пишав, во порака им пишав. Имаат и програма да видите и цена мислам 1500 денари е 4 предавања по 90 минути. Така нешто беше. Има за предпородување, вежби за дишење, пораѓај, доење... не знам дали смеам линкови ама еве во споилер Спојлер https://instagram.com/mamma.mk.prenatal.education?utm_medium=copy_link
Исто се осеќам и јас, ич не ми се бута у молови и гужви. Ама ми останаа уште некои стварчиња да докупам, ама здравје у декември. Вака општо како си? Јас и ти сме блиску со терминот знам, те фаќа ли паника малце?
Хелоу мешиња. Само што доаѓам од преглед. Само со доктор не на ехо. (тука е така посебно доктор друг преглед ехо) Конечно влегов во 9ти месец 36+0. Ми закажаа царски на 9ти декември. Толку многу се стресирам, тогаш ќе бидам 39+3. Некако ми е доцна. Се надевав дека ќе биде барем на 6ти. Со син ми природниот процес почна во 38+6 Ама работите не одеа по план па завршив со итен царски во 39+0. Они ми викаат ако почнат порано контракции дојди веднаш за итен, ама јас имам уплав од првиот пораѓај и толку многу се стресов се расплакав од паника.
Ти и онака лежиш, ама сепак мислам дека како ќе расте ќе се качува нагоре. Баш секој со своја мака, цела вечер не спиев од болки во желудник, веќе неможам ни да јадам салам.
Мајки што ќе се породите зимава или веќе имате зимско бебче па да дадете некој совет сакам да почнам да купувам облека ама не знам од што да земам најмногу? Треба да се породам во декември и ме интересира што да носи бебка по дома за да и биде топло и удобно? Мене ми доаѓа да изнакупам тон ствари ама од друга страна па си викам колку од тоа реално ќе ни треба бар првите месец-два и се плашам дека ќе направам хаос, дека од тоа што ќе ни треба ќе земам малце и обратно
исто и јас ќе имам зимско бебенце, па јас се мислам дали да купам количка 2 во 1 или да земам од тие што се 3 во 1 со корпа, се двоумам дали ќе имам потреба од таа корпа бидејќи истата како што ве читав се користи до 6 месеци
Здраво мамички пишав и во друга тема ама овде сте ми поактивни, дали некоја од вас има искуство со др. Лазарова на гак за втор скрининг конкретно ме интересира како е. Денес бев на преглед и ми рече највероватно ќе имаме девојчее Ама читаќи ве вас научив многу па искрено ми значи вашето искуство, дали да одам таму или да си одам на приварно. Ве гушкаам сите и многу сум среќна морав да си кажам
И страв ми е, и едвај чекам да заврши бременостa. Не ми е така розево ко првиот пат, и јас сум 5+ години и се изморувам брзо и лесно, мака ми е веќе да не можам да си играм со малиот, да функционирам на 50% од батеријата.. Се изнаспремав деновиве, торба почнав да полнам. Ранец е додуше, оти не сум фан на фенси торбици за мајки, плус дискриминација ми е за татко - а ранец и он може да носи. Плус, од пракса спремен ранец со бебешки работи само да се дигне од било кој родител пред излегување е рајски. Мм вика да не форсирам многу со подготовки, оти баткото се роди наредниот ден од кога го наместивме креветчето. Овојпат договорени сме тие двајца да го наместат непосредно пред да си дојдиме од болница, може малер ни е. Па го потсетив дека подобро е да имаме спремно сѐ што е потребно и му текна како трчаше на - 10 по влошки, кремови, стерилизатор, стерилни гази, па после благодарен што сакам да го поштедам. Сеа финансиски не му се допаѓа, забегувам по малку (три органски купки од разни производители, две масла, кутија за цуцли а дома имам веќе 2 ама нерозеви). Ај, ќе ме истрпи уште малку, после други маки доаѓаат (слатки, најголем дел од нив). Се токмам за трет скрининг, сакам на едно одење и да се договорам/распрашам за пораѓај, минатиот пат по протокол ќе одев после 36та недела, па по телефон од влез на Скопје со дупнат водењак прашував "Колку е пораѓај кај вас?" ко божем торта ќе купувам или мајстор за кречење барам. Инаку, општото стање како и на 80%тука: стомак тежи, колкови болат, не се спие, нит се лежи, ова и рима има, ама ич не штима, да си труден и во никое време буден..
Подлоги за преспблекување се најпотребни, без нив ништо да си купиш обавезно.... Јас без нив до сега ќе требаше да фрлам гарнитура за само месец
Здраво женски,денес бев на CTG и не покажа никакви котракции инаку сум точно 39 недела.Во четврток сум пак па ќе видеме што ќе кажат,доколку не ме фатат болки па да одам порано.Инаку првиот пораѓај ми беше царски,поради тоа што не се отварав,а оттогаш има поминато скоро 7 год Д -р ми рече може да пробаме спонтано бидејќи бил долг периодот.Најискрено ме фаќа страв зошто со првото дете имав болки како за природно,но не се отворив доволно и завршив царски,се плашам дека и сега може така да се случи па два пати да си истрпам болки.Дали некоја од вас се породила природно после царски да ми каже како поминала на пораѓај(знам дека тоа е индивидуално но сепак да сподели искуство).Доколку има некоја од вас што се разбира да ми каже што значи наодот од денешниот преглед.Ви благодарам.Поздрав до сите и со лесно.