Здраво, да ве прашам од каде најдовте мрежести гаќи да купите за во болница? Во ниедна аптека и маркет нема...
Кај нас мислам дека само овие ги има ако некоја знае нека ти пише. https://www.encimenci.com.mk/ga-i-za-rodilki-gol-4-chicco-113700040
Мене ми кажа гинекологот а и на нет читав дека е нормално во бременоста да има повеќе исцедок. Јас имам многу и цело време со влошки сум и се мијам. Плус ми кажа да се намали со благо и од тоа се правело. Најдобро ќе каже брис ама не се плаши повеќе исцедок е нормално особено ако нема мирис и боја.
Дали ви се случило да имате зелен секрет долу? Имав јадеж ставав канестен и додека ги ставав ми течеше само нормално бело прање како од вагиналетата вчера завршив значи не ставав и оп на бришење зелено ко мрсол извинете за изразот без мирис и без чешање..
Дм и мислам дека феминки имаат пишано дека во аптеката во Ремедика ги има, ама искрено, според мене џабе фрлени пари (ако не беа околу 300-350ден 4 пара) за само еднаш да ги облечеш. Можеш и памучни гаќи да си носиш. Додуша мене и во болницата ми беа големи.
Ве молам дали некој имал ист случај како мене да сподели искуство. Близначка бременост срцева акција на двете во 6+2 .одлично напредуваа последно беа 8+4 и 8+2 и денес шок. Едното е добро и си одговара на 9+5 но другото за жал без срцева акција останато на 8+5. Докторката вика можно е да прокрварам или да почне да се суши плодот. Останува само да пратиме и да се молам едното да е во ред.Ве молам некоја со вакво искуство избезумена сум од страв
@kostovaivana мислам дека од тебе читав дека си поминала низ истото... извини ако сум те помешала со друга членка или ти будам не убави спомени ама мислам дека твоето искуство би била огромна мотивација и охрабрување.
Не си стварај стрес за работи на кои не можеш да влијаеш. Ништо не можеш да сториш, затоа само позитивна мисла, има многу случаи на близначка бременост кои завршиле како една, успешно. Најверојатно се двојајчани, по природна селекција останал посилниот. Го имало тоа и во време на нашите баби и мајки, само немале можност да ѕиркаат и да се стресираат. Наместо тоа, си се радувале на состојбата. Пушти музика, шетај во природа, гледај филмче или серија и не мисли на лоши сценарија.
@betty oh Убаво паметиш. Душо ич да не се секираш. Јас исто, близначиња носев ама не знаев. 8ма недела на преглед се виде дека се две, ама на едното му престанала срцевата акција во 7ма недела. Од памет бев извадена што и како. Мене докторката ми кажа може да прокрвариш сам организмот да се исчисти или ништо да не се случи само да се ресорбира. Јас бев у втората категорија. Ништо не се деси, не прокрварев ништо. Ми дадоа утрогестан со 16та недела и тоа беше тоа. Цела бременост активна преактивна си бев, и секс и се. Никаков проблем немаше. Од кога се породив и на постелката имаше ептен малку останато, значи самиот организам го ресорбирал плодот. Не се секирај, другото бебе ќе си се развива без проблем. Со лесно мила
Ти благодарам од ❤ за брзиот одговор. Се надевам дека се ќе биде во ред. Се плашам зошто докторката ми кажа дека доколку дојде до крварење можно било НЕ ДАЈ БОЖЕ да го повлече и другото бебе
Нема проблем. Знам како ти е. И јас бев во шок, со не знам колку луѓе и доктори се консултирав, и пренатален тест правев и секоја недела две на гениколог бев. Сите ми рекоа дека колку порано се деси тоа поубаво и без последици за другото бебе. Нека ти даде утрогестан, ставај/пиј 2 дневно до 16та недела. Во 16та недела веќе постелката почнува да лачи прогестерон и не ти треба плус. Се ќе биде во ред, не се плаши.
Здраво, кај мене истото се случи во 17 недела, а откривме на ехо во 20та недела. Тие 3 недели имав проблеми (отоци, болки, повраќање), но за среќа се заврши добро. Од тогаш сум на клексани и редовни прегледи. И кај мене постоеше ризик да не добијам контракции, но фала му на Господ се е ок сега. Тој плод е сеуште во мене, од 17цм, сега е помал од 4цм. Јас ја терам 34+...
Ти благодарам за споделеното искуство. Се надевам дека и кај мене ќе биде се во ред . Со лесно до крај ❤
Во ДМ, на Chicco .4 во кутија има , околу 300 и нешто ден. Низ аптеките барав ,но немаше во ниту една.
Дали знаете од колку до колку саат е подигање на резултати од брисеви во центар за јавно здравје? Се си мислам од 13:00-14:00 ама не сум сигурна.
Од 13-14.00 ама ти препорачувам и малку порано зошто е голема гужва, турканици и чекање. И ако немаш ливче што ти наплатиле, (а претпоставувам дека како трудница не ти наплатиле), напомени им обавезно зошто ги немаат тие испринтано.