Со кои вагиналети ја излечи кандидата? Јас 2 месеци скоро ставам пробиотски вагиналети „Pro balance lady“, ама нема никаков резултат. Инаку немам ни чешање ни печење, само обилен густ исцедок што се движи од жолтеникава до зеленкаста боја. Мене кандидата ми ја утврдија преку брисеви. Инаку во прв триместар само користев утрогестан, и да, имав повеќе исцедок, ама не менуваше боја и брисевите беа чисти. Така што може да ти е од утрогестанот.
Дали имате информации некоја дали овие мерки што ги предложија сега за задолжителна вакцинација ќе важат за трудните? Ич не сакам сега да се вакцинирам.
Дали некој знае како иде во чаир со собите кај што си посебно дали неколку месеци пред се закажува кај да се јавам некоја информација?
Probalance Lady се вагинални пробиотици и тие не ја лечат канидата, па ставај колку сакаш. Кандида се лекува со вагиналети со антифугално дејство како Канестен, Макмирор, Гинекс, Полигинакс, итн.
Јас сум имала обилен исцедок, бел со густина на млеко, без мирис и без непријатни симпотоми па на брисеви излезе кандида. Значи брисеви да се прават, да не се нагаѓа.
Здраво мами Тука сме поактивни, па нека пише некоја Денес ми видоа хематом 1,1 цм. Имам само сукрвица еднаш до два пати дневно на бришење, денес и саботата. Во саботата во Систина не го видоа, денес бев во Ремедика и одма го виде. Се наоѓал близу грлото. Даде терапија . Ми рече да мирувам, да не кревам тешко. Ко демек немалп мн.влијание ама сепак да одмарам. Споделете цело време ли лежевте? На грб, на страна? Што да очекувам Со плодот се беше ок.
Безбедни ли си во бременост? Зашто погоре што ми ги препорачаа Мелиора и во упатството пишува дека не се препорачуваат на бремени и доилки. Јас пред бременост имам излечено кандида со Gyno-daktarin вагиналети, ама и тие не се дозволени сега во бременост поради тоа што содржат миконазол.
Не се секирај, одмарај лежи, терапија и ќе се ресорбира за кратко. Штом е долу, нема опасност по плодот. Ќе си лежиш како ти е згодно.
И мене ова ме интересира... Ниту јас не би се вакцинирала сега, дури и по цена да ја загубам работата.. Каква е оваа демократија
Кој ти кажал ова за миконазолот? Совршено безбеден е. Јас ги немам користено вагиналетиве конкретно ама сум читала на форумов дека многу трудници ги користеле. Антифугално дејство има, делува на вагината и не сфаќам како би стигнало до плодот воопшто. Дури и изгуглав, ма да знам дека е безбеден. Све ова што набројав имено е безбедно и се од ова иам користено, 32+ сум.
Здраво,денес пак бев на цтг и за утре во 8ч ми закажаа царски (болки немам)иако во вторникот докторката спомна да сме пробале природно,ама со консултација на главниот доктор рече да било царски,бидејќи при вагиналниот преглед со рака утврди дека тесно било дека дури ја допира и коската.И да сме пробале природно пак ќе сум завршела царски немало да се отворам што беше случај и со првото.Кога ме фати една возбуда па притисокот 160 со 90 кога ми го измерија незнам како ќе издржам со мислите до утре сабајле.Не дека е прв пат ама сепак чуствувам страв како ќе биде.Инаку со спинална анестезија ќе ме прават,е сега некоја да ми каже дали се осеќа голема болка при ставањето.Со првото од што имав болки дури и не се ни сеќавам дека осетив нешто оти повеќе на болките бев сконцентрирана ама сега без болки незнам како ќе биде дали е болно или не?Инаку до денес сум 39+2.Поздрав и се најдобро!