Како да се читам сама себе. во понеделникот ми закажаа царски за на 9ти декември и јас толку многу се возбудив што почнаа солзи да ми течат во кола. Со првото исто завршив со итен царски ама од толку големи болки јас бев практично во несвест не се сеќавам дали ме болело. Знам дека откако ми ставија анестезија болките стивнаа и јас тотално се исклучив не се сеќавам на ништо. Со лесно! Ќе се гушкате утре, само позитивно се ќе биде во ред. Јас сум превозбудена откако влегов во 36та недела, се будам сред ноќ и не можам да презаспијам.
Да се надеваме на најдоброто и да бидеме по опуштени за тоа што следи.Ти посакувам лесно да поминеш на пораѓајот.Се најдобро!
Фала ви на сите!! Уштр не ми се верува, а и прво ми е па се ми е ново @Ivana-Iva.94 Да 120.000 е, еве ги подетално пакетите
@Tanja90 и @Speechless со лесно утре, дојде моментот на запознавање . @Speechless уплати капар за пакетиве или секако таа е цената немора капар? 35+ почна еуфорија да ме дрма. Почнав со перење на алиштенцата, скоро се имам, уште козметика да купам и спремни сме
Фала многуу Инаку не уплатив капар, се мислевме со мм ама после прочитав дека пишува за капар ако сакаш да користиш некоја од бенефициите, па не ни прашавме на лице место
Со лесно девојки на сите нека ни е. Почна во темава еуфорија предпородилна јас да прашам што мислите дали е добро да се чита во породилни приказни или ќе си правам стрес ако читам?
Може да ми каже некој за почеток што е потребно од козметика за новороденчето? и кои се добри мустела или веледа или некои други?
Имам пишано повеќе пати. За мене eucerin се ултимативно најдобрата козметика. Син ми имаше атопичен дерматит, исклучиво нежна кожа. И само eucerin му годеше. И јас ја користам. Еве 4 години има сеуште ја користам за него. И за бебе планирам да не ја менувам.
Се породив јас денес во Систина, ковид тест и анализа на крвта на бебе последен ден пред испис е плус, 2100 и 1500 мислам кажаа. Со лесно утре
Што све е пожелно да се купи за бебка? Јас го користам млекото за тело. Не ни знам што све имаат. Ако не ти е тешко конкретно да ми наброиш што да купам. Утре ми е во план баш тоа да снабдам
Честитки до сите нови мами Живи и здрави да се бебушките. Со нетрпение ја очекувам @S.o.F.i да раскаже
Каде ја има колекцијата на еуцерин бебешката ја немам сретнато до сега на интернет не ми вади ? На мустела на акција ги има во аптека виа фарм на интернет -25%
Јас не би преорачала маслена купка т.е. медицинска козметика за бебе без да има потреба. Ако има атопична да ама ако нема? Моја препорака е веледа куферче за старт.
Да не знаеш случајно од каде може да се набави Веледа куферчето? Гледав дека е на -20% во Lifeline аптекиве ама немаат на залиха