Ако е чист витамин ц нема врска од која фирма е. Сите се добри. Ама гледај да е 1000ка. Јас на каливита пиев.
Хахаха маж ти Нека седи мирен бебо таму уште 5 недели барем Знам дека е екстремно ама јас како ми поминуваа неделите во секоја недела проверував колку им се шансите статистички да преживеат Тоа ми даваше мир колку толку. Така да за 32 недела шансите се огромни 95%. Се надевам дека тоа нема да се случи ама добро е да се знае. Инаку за движењето, јас сум 36+ и уште ја осеќам интензивно само разликата е што нема простор да ме клоца и движењата се повеќе како тегнење.
Здраво мамички. Сакав да прашам во Македонија какви испитувања се прават во бременоста? Јас сум во Канада, тука имаме само два ултра звуци, еден во 12 недела, за генетски мутации скен пропратен со милион крвни слики и мокрача и потоа уште еден ултра звук за анатомски скен во 20 недела и проверка на гликоза во крв. Е тек после 20та недела одиш почесто на гинеколог ама пак нема месечни ултразвуци. Ме паничат луѓе од таму како било тоа можно да не одам секој месец на преглед, па и требало секој месец ехо не било во ред медец и пол да сум немала проверено крвна слика итн значи цела ноќ не сум спиела, а не е тука баш дека можеш да одеш кога душа ќе ти посака, ако ти е здрава бременост не ти даваат упат за ултразвуци кога ќе ти текне…
Нека поседи. Како и да е, без грижи и паники покриена си со све сега . А наместен ли е надоле? Мене вчера чудни тегнења некако, па си реков може се врти надоле со главче.
Здрабо, и јас сум иста ситуација како тебе, само во В. Британија сум. Инаку да во Македонија има прегледи почесто, тоа сум и јас збунета што овде баш и не се прават такви прегледи редовно туку само по потреба. Јас си барам секој месец да ми проверат крвна слика и урина. Еве и брис почнав да барам да ми прават ради сигурност, ехо ќе одам приватно да го видам бебчето. Така да пробај и ти, малку преувеличувај за да имаш почести прегледи
Дали некоја од вас е во план или има ваква цедалка за цуцли и шишиња сакам да купам на имтернет нема многу па ако има некоја да пише од кај и е. Некако ми е шубе да мешам на беба стварите со наши со обзир на тоа што живеам со свекор и свекрва. И дали е практично ? И сакав да прашам дали вреди да се купи исто стерилизатор за шишиња и цуцли? Ви благодарам.
Точно ти кажале, јас сум 29та недела и до сега имам правено ехо во 7ма, во 12та скрининг, во 16та ехо во 21скрининг во 26 ехо и сега на крсј на месец имам уште еден скрининг во 31ва и во 36та последно ехо и почнувам со цтг... на сите тие прегледи ми бараат крвна слика. значи секој месец крвна слика и ехо а сум слушнала дека само тука кај нас на балкан е таака другите земји се полабави. Како и да е не се паничи они си знаат најубаво што прават
Видов кај kikka boo на инстаграм имаат објавено дека имаат. Нивните производи ги имаат во локо кроко. Инаку не знам колку е практично, јас искрено не би земала вакво нешто.
Тоа во право си кога живееш со постари луѓе не иде да мешаш не поготово со времево какво што е пак стари се идат по автобуси може да закачат све колку и да пазиш пак поблизок ќе ти пренесе вирус.
Ако земеш стерилизатор не то треба пва. Во него ке си стојат до 24 часа стерилизирани ако не го отвараш. Ова за мојот важи, на чико имам само со вода стерилизира. Јас доста го искористив и практичен е. Ако имаш повеќе пари купи си го. Ама ако доиш и ти е скап не ти е неопходен. За едно цуце кое можеби и нема да го сака подобро земи си гезве и таму си вриј.
Претпоставивам за флостеронот прашуваш кога ќе се намалат движењата. Мене после двете дози утредента ми се намалија. Буквално цел ден два пати го осетив. Истото беше 3-4 дена потоа почна пак да мрда повеќе.
Кај нас има дури и премногу Во Македонија преглед обавезно еднаш месечно кај матичен, до 12 недела јас бев еднаш во 5та недела за потврда за бременост, после во 7ма за да слушниме срце, во 12 на скрининг,приска(генецки аномалии) и брисеви, мислам беа 4 брисеви за 4 бактерии, исто во 12та недела бев за тест за хив и сифилис тука го бараат како задолжителен документ за на пораѓај, после овој скрининг во 12та одев секој месец по еднаш, други скрининзи имав во 20та недела плус оваа недела преглед за срцето на бебето, уште еден скрининг мислам во 29 или 30, ама на 4 недели обавезно ехо. Од 24 до 28ма недела се прави тест за гестациски дијабет. Единствено ова не го правев бидејќи матичниот ми рече нема потреба . Сега во 33-35та недела пак брисеви за друга бактерија мислам стафилокок. Комплетна крвна слика и мокрача правам секој месец пред ехото и одам со резултатот кај матичниот да ги види резултатите и да ги спореди со предходните. Тоа се покажа како добра тактика бидејќи од мала настинка желозото жи падна од 20 на 9 па преку резултатите тоа се виде и ми дадоја соодветна терапија за железото да се подобри. Сега од 36 недела натаму ќе видиме. Обично не превзема докторот што ќе не породува. Јас бев кај докторката од почеток на 8ми месец паралелно и кај матичниот. Значи на две недели еднаш кај докторката еднаш кај матичниот. Докторот за пораѓај можеме сами да си го одбериме по наша желба или по препорака од матичниот. Ако е на приватно сите овие работи се прават исто само што кошта поскапо и можеш од почеток да си одиш кај докторот што планираш да те породи. Некои прават и скрининзи на две места, кај матичниот и кај специјалист,тоа е се по желба на родилката. Ама скрининзите,брисевите ни се задолжителни и во документ за на пораѓај ги бараат некои работи. Сите овие информации заедно со мерење на притисок и килажа матичниот ги запишува во мајчина книшка, како досие за текот на целата бременост.
Се извинувам што ќе упаднам во муабет, но да си прашам одам само кај специјалист гинеколог на ехо сега и прв скрининг таму ќе правам, не ми мери тежина немам мајчина книшка. Треба да побарам мајчина книшка, дека негде прочитав не постојат веќе? Брисеви правев пред ивф, задолжително ли е пак да се прават? Благодарам
Мајчина книшка мене ми отвори матичниот, брисевите јас знам дека се задолжителни и ги пишува во домументите кои се бараат за самиот пораѓај, но најдобро прашај си кај докторот кој ти ја води бременоста. Ако се пораѓаш во приватна болница мислам дека мајчина книшка не е потребна ама брисеви и тест за хив и сифилис преку крв мислам е задолжително. Сепак консултирај се со докторот.
Имам некои чудни болки како боцки на десната страна долу некаде над препонот и истата страна позади бубрегот. Пиев магнезиум ама не попушта Има ли место за паника? Бебе го осеќам на средина на стомакот
И тука беше така, сега измислија 300 прегледи без веза. Таман како што викаш, ако е здрава бременост, ако се осеќаш добро, нема потреба од паничење, си знаат тие што ја водат бременоста таму што и како треба. Спиј си спокојно
Ќе поставам едно 'просто' прашање, па би сакала да чујам искуства и да пробам да се смирам. Грлото ми е ок нели, 34мм. Малку само омекнато. Постелка хомогена. Бебе е 8 дена понапредно, околу 1.9 2 кг е сега. Ноќва и претходната примав по 12мг флостерон. Боцкам и инсулин за шеќерот, кој еве денес на гладно одма ми рипна на 7,2 ( нели од кортикото се качува). Прашањето ми е Дали може да се случи да се породам деновиве и ако се породам дали ќе ми преживее бепка? Прв пат у бременоста да сум волку исплашена. Или па сметате дека би терала уште некоја недела со оглед дека грлото е затворено? 31+5 сум денес
Бубаче чим е затворено можеш да тераш уште. Гледај повеќе да одмараш и позитивни мисли. Не си задавај стрес на самото тело со такви мисли. Бебче може да преживее