Цервикс 34мм е одлично. Мене со 3 во 30та не ми ни дадоа утрогестан ни зреење. Нема да се породиш, рано е. Во 36+0 та нешто помалце од 2 ми беше, утре 38+0 сум веќе, абер нема. За првото 2.2 од 20 та ми мереа во 41 ва со провокација го родив. Не знам ни јас зошто толку краток беше за првото лежев, ми беше страв, примав и зреење, после молев да ме породат надносено над 4 кила. Многу е индивидуално на крајот на денот, ама над 3 е супер одлично. Лежи си со помалку стрес, лесно е да се каже, ама има еве примери дека се ок излегува на крај...
Мешиња дали знаете каде можам да најдам ранец за бебешко од киккабоо. Мислам дека сите онлине продавници ги прашав и немаат
Ми се смирува душата кога ќе слушнам дека и утре да се породам бепка ќе преживее. Ако верувате од сношти до сега исконтактирав 11 гинеколози. Т.е Не ги барав јас. Мм таа работа Чинам он поголем стрес ми ствара.
Apsolutno ke prezivee, pa pred 40 godini prezivuvale bebcinja vo tie nedeli a ne pak sega koga sepak medicinata e otidena napred. Se ke bide vo najdobar red!
Бубче, мислам дека немаш ни толку индикации дека би се породила сега. Како и да е, немаш простор за грижи. Уживај си и пробај да не ти влијае тоа што сопругот со најдобра намера се обидува да се информира за сите опции
Пред 4 дена во парк со малата запознавме девојче што е родено на 7 месеци со 700грама. Само мирувај и минимален стрес
Ги читам другите феминки и некако и јас се исплашив. Јас сум 11+4, бев еднаш во 6та недела за срцева реакција, па во 8ма недела за контрола како напредува. Тогаш докторот ми препорача Нифти, го правев во 10 недела и закажав за скрининг во 12та. Еднаш на своја иницијатива правев уринокултура, и еднаш крвна слика. Докторот не ми спомна ништо за други прегледи, освен после скринингот што ќе треба некои брисеви да се прават.
Ич не сум спиела, имам страшни болки во рамово, ни лево ни десно можам да се наместам, и приметив оток само на десна рака, баш тоа рамо ме боли, незнам дали е поврзано, сакав ибупрофен да пијам,читам не е препорачливо во првие 6, ниту во последните 3 месеци и баш ме збуни, закажав масажа после малку да ме фати масеров пошо ова не се трпи од болка. Искуство со отоци и ибупрофен некоја?
Искрено мислам дека штета едно апче нема да направи, мислам дека не треба да се пие секој ден, или почесто. Реално ни парацетамол не е добро да се пие многу, а јас дури и за витамин Ц читав дека не смее во големи количини (како што сме навикнати 500/1000мг), туку до 75мг.
Бубе мила јас со синко во 31 недела бев отворена 4 прста синко беше во родилниот канал што да кивнам ќе родам ама јас бев многу упорна од кревет не станав во кревет јадев и само до вц станував мм ме бањаше на стол и тоа само ме полие со вода и толку… шеќерот го качив 15 на гладно од инфекциите и јас ги примав така да те молам само со позитивни и убави мисли ќе издржите барем до 38 како јас со синко гушкаа
На другарка близначките се родија 31-ва недела. За недела дена ги пуштија од болница, здрави, прави. Речиси три години се веќе и напредуваат како и доносените деца на нивна возраст. Успокој си се.
Иста бев на двете страни ноќва. Од болки станав. Јас на големи болки мачкам блокмакс и кратка масажа со домашен масажер.
Бубче ја мислам дека не си ни блиску со индикации за пораѓај. Одмарај си и разгали се со нешто. Башка што веќе си во 8ми и покриена со терапија, а бебчо си е таман со килажа. Се ќе биде супер. Примери има од 900 грама мажи израснале, не па твојов борец од 2 кила.
Оф душа, се распаѓаме веќе, на толку витамини и пак коски не болат, ќе видам јас дали ќе пројде од масажа, ако не ќе земам и јас блокмакс, убаво ти ја отстранува болката, има јако дејство?
Според пишаното немаш индикации за породување сега. Ќе истераш како не... Цервиксот ти е бетер од книга, 40 ката ќе ја стигниш за пораѓај. Останатите феминки во изминатите постови ми дават надеж и за мене. 25та недела почна, почнав со станување, не работам ништо по дома, само и ставам млеко ли, играчка да и дадам, нешто да земам. Ама денес скрос гњавеше и ја испратив кај мама. Секој ден штом станам броам денови изминати на апликацијата.. Молам бога да стигнам над 30та. Од серклажот немам отидено на контрола, дури кај 29ти ноември, таа недела ќе одам, едвај чекам
Фала ви на сите за убавите желби и за споделените искуства. Многу ме успокоија. И маж се научи да чита овде па и он е помирен. Ама за утре е организирана жена да дојде да исчисти, испегла, спрема торбица, елка да украсе. Он бил у Еурофарм и си пазарувал шише, цуцли, чешли.... 720 ден едно шише за млеко, најмалото. Боже мили толку ли е све скапо Му рекле 2-3 да земе , арно што не купил толку. Леле живи циркузи сме по дома. Он си е мераклија на узенце, али овие 2-3 дена го е страв капка у уста да стави. Се расприкажав ама од кога се смирив сега на смеа ме тера. Мапет шоу сме по дома. Можете ли да не замислите какви родители тресулајќи ќе бидеме, со оглед дека јас сум 44, а на него од коа наполни 60г веќе не му ги бројам Фала ви уше еднаш мешиња. Четврток сум на доплер кај Маџунков па ќе видиме што и како. Пораѓај планирам Чаир или евентуално Санте, ако се договориме со Маџунков и жена му за там. Многу многу го 'засакав' тој доктор