Здравоо, не знам каде на друго место да го поставам прашањево, темата за конизација е затворена. Ме интересира дали има бремени девојки после конизација и како тече бременоста ? Дали веднаш се смета за патолошка, дали мора да се лежи итн? Серклаж дали мора? Знам сите сме различни ама ме копка
Сестрами беше душо после конизација и секако дома на патолошка таа издржа со одмор и секако терапија без серклаж со лесно
Јас не сум сеуште бремена, породена сум со царски пред 2 години, и летово што помина правев конизација. Имам девојче две години, не знам колку ќе можам да одморам со нејзе, или да почекам барем уште некоја година, не знам. После колку време од конизацијата остана бремена сестра ви ? Фала многу инаку
Нека ја пие терапијата за уреаплазма . Нека одмара , 15 та недела е не е ни прва ни последна со бактерија. Јас пиев сумамед исто . А дабростон не и дадоа? Не требало да го прекинува утрогестанот. Најверојатно и го вратиле И обавезно 2 мислење . Кај мене светло кафеаво има од хематом
После 1ипол година од конизација внуката имаше 3 години и она беше со царски и со двете нема проблем мила
Пие Дабростон да, и го зголемија на 3х1 сега. Утрогестанот не и го вратија. И јас ја имав во двете бремености ама никогаш вака.. до контракции да дојде.. И кажав и јас да мирува, 3 години се бореа за бебево уште ова сега ... Фала ти, ќе ја убедам за второ секако.
Мешиња, пишав во темата "Количка" ама ќе пишам и тука. Од повеќе мислења нема штета Може ли да ми кажете на што треба да внимавам при избор на количка? Има многу убави што ми фаќаат око, ама сепак освен убавината треба да е и функционална. И предложете ми некоја од која сте задоволни, секако вие што веќе имате купено или што чекате второ/трете дете
Мамички извинете за гадниов пост ама морам вас да ве прашам дали исцедоков ви изгледа нормален во бременоста или не? За 2 недели сум на преглед и ќе правам пак брисеви. Фала ви.
Ставаш ли вагиналети? Утрогестан? Мене вака ми тече од утрогестанот.. инаку и цела бременост имам ваков секрет а све чисто на брисеви и урина
Внимавај тркалата да се силиконски, да не се пластични или на пумпање бидејќи на тие знаело да се издише/пукне гума. Така ме советуваа женските тука кога купував јас. Исто види висина, дали ти одговара на тебе и на сопругот, да не ви е превисока/прениска и дали се подесува рачката. Исто повози ја низ продавницата да видиш дали ти е лесна на возење и дали можеш да ја маневрираш со една рака. Може бебеуш да не сака да се вози па да треба да го држиш во раце а количата да ја буткаш со едната рака. Јас одбрав 3 во 1 модел (сакав и корпа да има), ама сите ми рекоа дека и 2 во 1 им бркала работа, така да тоа е лично твој избор. Јас за корпата гледав да има добра изолација, да не го дува бебуш од негде..
Не ставам ништо. Само завршив некои работи по дома и одма ваков исцедок , некогаш и кога седам ми истекува истиот. Претходните брисеви беа чисти сега ќе видам што ќе биде.. од второ тромесечие почна ваков исцедок.
Obicno i mocniot meur ne drzi mnogu zaradi zgolemuvanje na matkata taka da moze i da se podmockas bez osetno. Mene i toa mi se slucuva
Истото ми се случува, најчесто при активност или по активност. Се појави последователно по брисевите кои беа чисти, односно да старт на второ тромесечие. Веќе еднаш пишував на темава, мене ми кажа гин дека обично се зголемува исцедокот во бременост заради хормоните (второ тромесечие), или заради претерано благо. Јас сега ќе побарам втори брисеви чисто да сум раат иако тој ме убедуваше дека не е ништо и е нормално.
Супер, фала ти многу. За тркалата еднаш прочитав по форумов, ама еве сега да не пишеше немаше да се сетам.. и изолацијата е секако битна многу, да. За кој модел се одлучивте? Јас тек сега почнувам да гледам, не знам ни каква е таа корпа во 3 во 1
Ќе научиш сеа се, не се секирај, немав поима ни јас, само гледав да е убава. Женска работа 3 во 1 моделите се со корпа која посебно се става на количката, во која што бебето си лежи до 6 месеци, бидејќи нели не можат да седат до тогаш. Си има и дел за седење каде што ќе си го возиш дур сакаш нели и транспортер. Овие 2 во 1 моделиве ја немаат таа корпа, ама па самата количка си се подесува така на почетокот за да си лежи бебушот. Тие се нешто поевтинки со цени, ама мене корпата ептен ми праеше мерак, ептен фенси ми беше некако, не дека немаше да поминеме без неа. Јас ја земав Moto Jungle од Enci Menci, ко на сликава, само на сиво. Материјалот е многу убав, квалитетен, нема зима со неа Ќе видиме како ќе се покаже.. Леле пази на тие пусти тркала заради нив 100 пати сменив мислење за 100 колички што ми се свиѓаа
Zdravo Bi sakala da prasham dali nekoja od vas imala zgolemeno lacenje na plunka ? Jas sum 11 nedela i 4 dena , megutoa premnogu lacam plunka, koj sto me tera na gadenje
Јас од сам старт сум со ваков исцедок и стварно баш коа одам или нешто работам си тече тоа...ме подутеши сега. А кај мене и побајаги го има. Последни брисеви пред 2 недели чисти, а претходни со кандида. А сега од 8ми коа влегов убедливо најмногу го има..
Освен тоа што ти го посочија провери и дали ти ја собира во гепекот затоа што погломазните колички баш и не ги собира во гепекот на помалите возила да не ја возиш после на седиште
Леле да, како изумив и ова. Многу битна работа. Нека ти ја склопат продавачките пред тебе на лице место да си видиш дали ќе ти ја собира во гепек и дали лесно се склопува @Mrs.Sofija