Незнам искрено да не те лажам прашај си го матичниот за сигурно. Јас во бременост земав и од аптека едни во мали кесички брусница биле безбедни за трудници.
Мамички сега брзо породени во Систина, каков е протоколот со тестирањето за корона еве на пример за природен пораѓај? Дали денот кога осануваш во болница ви прават тест ? И потоа дали сопругот може на посета да доаѓа? Искустваа чекам
Тоа е можноста после породилно да земеш 3 месеци неплатено (тоа значи те одјавуваат и немаш никакви придонеси - заедно со здравствено, само обврска и е на фирмата да ти го задржи работното место, односно после 3 месеци, те пријавува повторно).
Јас бев вчера 31+ сум ги имам ми рекоја само да внимавам како станувам и седнувам на кревет и помалку да движам барем до 36 а најдобро да си отидеш на доктор...
Јас некаде 19гн имав карлични болки, ама многу јаки, дури ни магнезиум не помагаше, за неколку дена помина, и оттогаш не ме фатиле такви, дури кога се гледам многу сум тесна во кукови слаба дури, загрижена , само 5кг сум поправена. Тебе таман со двечки порано те фатиле им треба повеќе место. За појас види во медикус хелп.
И јас сум, слабичка, тесна карлица, малечка сум... Ама ај да сме само живи и здрави и ние и бебињата се ќе издржиме ❤️
Со лесно мила, ти ептен си готова за породување хехех, ајде нека пројде се ко што треба па ќе ми раскажеш како си поминала
Девојки ве молам за совет... Цела бременост леукоцитите ми се 11-12 (што викаат дека е нормално). Пред 10 дена се разболев ми скокнаа на 14.8. Пиев цефалексин, пред 2 дена го завршив. Денес леукоцитите 14.2. Незнам главата кај ми е. Инаку сум 35+4
Девојчиња, Бидна и тоа чудно. Се роди утрово моето девојченце. Тешка 3.400 гр, долга 51 во 38+3. Царскиот помина одлично, дури сум воодушевена. Одлично се чувствувам сега за сега, се видовме еднашка со бебето, ми поплака и ми поврати и толку беше од романтиката Среќно на сите наредни на списочето.
Честитки!!! Да сте здрави, живи најсреќниии. Чекаме породилна приказна како си задоволна од болницата, од др.