Да не имаме иста матична Мојата прошлата бременост ме паничеше така. Пример околу 14 та недела, ми рече блиску е плацентата до грлото спуштена. Викам шо значи тоа. Па ако се спушти скроз може да крвариш, леле една и го изгуби, ама не мисли ти на тоа Па и ми мереше нешто колку мм над грлото ми била Јас во солзи трк во ремедика. Мери докторот вика висока плацентата, далеку од грло. Ми рече сега да и се јавиш да и дадеш слика и извештај на неа. После ми измери кратко грло Маж ми ми рече сега да не си стапнала кај неа. Ама измеѓу ќе комбинирам со ремедика Инаку, ве читам поназад за болки со колкови, мене само перница за трудници ме спасуваше. Како тоа не сте набавиле Рај Синоќа имав големи болки , тек 9та недела ама оваа бременост ја стартував со плус 4кг од прошлата и уште две се поправив па се мислев да вадам ли перницата
Незнам може да е истата Претходната бременост од памет ме извади на 3 дена да одам на ехо големи биле шансите да е вонматерична и ја будала си одев мажми вика ќе идеме систина, тамо докторот вика како може да е вонматерична кога гестацискиот сакус е во матката и така и испадна безразлика што зврши со киретажа. Сега ми вика приска немора да правиш направи пренатален поубаво да видиме со тебе на се да внимаваме треба и на кардиолог да отидеш. А ова што е ниско сакусот видоа другите доктори? викам да ама никој посебно не ми кажал ништо загрижувачки. И она ми вика загрижувачки е како не е. Ова е само дел од работите за жал.
@bybeDkid @LiquidLuna Отидов на преглед, не додржав. Вели обичен зголемен исцедок, немало мукозен чеп толку рано, ниту пак водењакот можел да пукне, дури и слатко се насмеа. Брисевите не ми се направени зошто матичниот рече во 13 недела, а требало до 10 најдоцна, ужас. Ќе ги направам итно неделава. Бебка добра, мрда како луда. И мене ми го рекоа истото, апсолутно никаква потреба ако имаш пренатален, само редовно ехо и после накај 20 или 28 недела, ама тој скрининг е за нешто друго.
А да направите вие цела дружина со бурмите, конците и содата ехо во соодветна недела, па да оставите науката да си го напраи своето?! Во 21 век не ми се верува што правите и во што верувате
Тоа е само зафрканција не дека од почеток ја му верував на тестот од урина до 20та недела не бев сигурна дека е девојче
Не беее, не е до 10та најкасно мислам. Јас во 12та ги направив Ама така ми се поклопи терминот за преглед, не дека ми кажаа стрикно у 12та
Во првата бременост се боцкав до крај со клексан. Во 8 сабајле се боцнав во 8:30 ми пукна водењакот и како што кажуваш не знаеш кога ќе биде за да прекинеш 24 часа пред пораѓај. За епидурална не знам дали може да се прими зошто не побарав.
Ааа не, а? Зашо ги праите тогаш тие работи?! Немате попаметна работа или тоа спаѓа во категорија "смешно и забавно"?! Еве ја не сум чула за ова и баш ме фасцинира како некој во 2022 коа има начини да се утврди пол и пред 10г.н. уште си се забавува со тоа да гледа дали бурмата идела горе-доле или лево-десно или незз како иде, сепак не сум родена во 1925та. Па уште и погодило тоа полот. Поточна метода нема. Ја и на ехо не би идела.
Не знам што е толку страшно а и твојава бурна реакција е непотребна. Се гледа дека на шала е правено и споделено тука ете малце за хумор. Одма само рипате по луѓево без потреба.
Жалам, не ми спаѓа ова у категорија хумор и не видов дека некој се забавува тука освен они 3/4 што ги праат тие работи. Не можам да 'сварам' бабини деветени во 21век и не можам.
Мене во Ремедика ми препорачаа пренатален и плус правев скрининг кај нив, без земање на крв, само на ехо. Така они ми кажаа Инаку во врска со муабетот за пол, татко ми до ден денес тврди дека знае кој пол е бебето откако ќе го види стомакот. И до сега 2 на сестра ми погоди. За мене не издржа срце јуначко си барав со пренаталниот да ми кажат пол, така што не ја тестирав теоријава и кај мене. Женско цуце носам
Мами знам дека ве има и во Германија сакам да ве прашам до кој месец смееш патуваш? Постои ли закон дека пример до 7ми месец можеш да патуваш или нема врска? И како иде пораѓај таму? Која има ако сака нека ми пише и лп ви благодарам
Ако прочита убаво за баба станува збор. Баба знчи стара жена. Не знам која баба има размислување ко нашето. Ако не ти е смешно и збавно ич да не се смееш. И да не идеш на ехо, со инка слушај го како што и го слушале бебето на баба ми.
Да, прочитав дека си и дозволила на баба ти да протне конче низ бурма и сеа се прашуваш колку вистина има у тоа. Се извинувам длабоко што не ме насмеаа методите на предвидување пол на баба ти. Пошо се прашуваше колку вистина има во тоа еве ја ти одговорив. Не знам чему нервоза. Можда дека носиш машко па понервозна си.