Можеби е само исплашен па за тоа не го фаќа стомакот. Мажот ми беше исплашен 'да не го повредел' за готвење и пазарење и јас се си правев сама имав нормална бременост не ни барав од него пошто работи по 12h ,освен кога требаше да се купат големи и тешки работи како прашоци омекнувачи тогаш одеше он. За гардероба си купував исто без него со пријателки или мајка ми оти него не му се разгледуваше и само ме брзаше ајде ајде а јас кога ке влезев во бутик испод еден час не бев,само количка и креветче купивме заедно сепак поголеми ствари се ми требаше и негово мислење. За шетање исто може се плаши за тебе и бебето ама 'мажот' во него не му дава да каже се плашам па си наоѓа изговори од типот ме мрзи. Ке видиш колку ке се смени се кога ке дојде на свет бебето,тогаш ке сватиш колку е среќен и дека бил во грч цело време. Маж ми плачеше ко бебе и уште знае да се расплаче кога ке не види заедно како лежиме или се доиме..не е прибран само докупува нешто и ужива да го прави тоа,разгледува и он на нет бетер од мене е со емоциите. Така да не му се секирај далеку од тоа дека е незаинтересиран верувам дека е само исплашен.
Кај мене мм раб од пон до петок само 1 смена пак не е тоа тоа ја си нодам детергенти сама. Ќе видиме здравје кога ќе си дојде беба како ќе биде дали ќе се смени.
Мм многу се плаши да ми го допира стомакот да не го повредил бебето. Му велам нема што да се плаши и само го бакнува мешето, да пипне нема шанси.
Мила ние женските се приврзуваме со бебето уште откако ке ги видиме тие две цртички додека мажите најчесто се приврзуваат кога ке го земат во раце. Тогаш реалноста ги пука во глава дека имаат бебе. Еве маж ми со првото помагаше околу обврските ама мислеше ако ми го допре стомакот дека нешто ке му бидне на бебето, кога мрдаше паничеше, рака на стомак само јас ако му ставам и тоа мислиш како којзнае што кршливо да пипа ама откако се роди душа дава за него. Еве сега и со второво е слична ситуација. Меѓутоа ако ти фали внимание од него седни и направете муабет за тоа што мачи или пак организирај ти некоја кино вечер, прошетка или слично каде што ке можете да си поминете заедно време тројцата.
Ако ми веруваш дека исто се осеќав. Тотално незаинтересиран, тотално си бркаше своја работа. Еднаш дури ми се слоши, јас имам некоја состојба со срцето, се извадив од памет едвај се собрав. Уште немаше пола саат поминато, ми вика ја ке одам да ја перам колата. Исто ми се случи, еднаш повраќав толку многу што почнав да губам свест, не дојде ни да ме види, ни да ми помогне. На крај кога излегов од вц ми рече, што се правиш како само ти да си трудна. Слично, негов братучед ќе имал бебе, ама сеирот е голем бидејќи не им дозволувале од дома да се земат, и запамтил дека девојка му е 18 недела, се јавува после пола саат мајка му, прашува Љубова која недела беше и овој со цел памет ме праша која сум ... не ни знаеше. Така што муабетов што си го пишала, исто како во рана да ми брцна. Јас го репив проблемот, со тоа што го седнав, му објасив дека ако не преземе обрвски, ако не го смени односот и заинтересираноста, ич не ми ни треба бидејќи и онака се сама проаѓав. Кога сфати колку е тешко, и колку не секоја бременост е иста, и колку внимание тррба да даде, сега се труди и пробува да се корегира. Јас не сум трпелива како другите членки, моите промени, стравови, болки, нејадење, мака, се поважни од негоавата индиферентност, немам време да чекам да се роди па да видам дали ќе се смени. Сакам одма резултати. Седни го на здрав муабет, и ти посакувам да се освести поскоро.
Мами што ставате за затнат нос? Настината сум носот ми е затнат скроз, солена вода такви спрејови не ми помагаат
Јас ставив еднаш само оперил капки и веднаш ми помина носот и не ми ни течеше знам дека не се препорачува да се користи ама немав друг избор…
Сум разговарала исто како што викаат постарите јас зборам канти си тропаат е кога ја нема да комуницирам тогаш све ја сум крива зашто не зборам еве пример сестра му е исто така трудна па маж и не дозволува ништо да пипне во продавница он оди да пазари. Све сум пробала телефонот и игрите се најбитни. Спална правевме све дама си средувам не дека ми е тешко никогаш нема да се пожалам или нешто слично или за во продавница што одам најмногу ми е за недај боже ако нешто се случи од нормална бременост пак може нешто недај боже во такви ситуации да се деси нешто несакано. Тоа е. Само што ми е многу тешко бидејќи никој не те сослушува не ти дава совет.
Јас престанав да правам се. Јас сум многу борец за моите права, и не можам да со помирам со таков однос. Престанав да готвам редовно, да перам, да кревам легени, да носам кеси... И кога е куќата запоставена, почнува да се буни и настанува кавга. Дечкото немал перени фармерки. и ја немам прашок. Енде на дискусија. Тоа го користам за да извадам негативна енергија и за што треба и не треба. На крајот од денот ти и бебето и вашето здравје сте најважни. Ни перењето ни пазарењето ни готвењето, нема да ти помогне ако нешто се искомплицира. Остави се, и не попуштај. Тоа дете бара двајца родители и верувај ако сега не ги остави игриците и телефонот, па со бебето па ич нема да ги остави и пак се ќе биде на тебе. Најлесно е напрај го детето и свиркај си, а ние поминуваме низ физичка, психичка промена, поголема потреба за внимание, нежност, мачнини и куп други работи. Ако не сака со муабет, почни со акција, батали се посвети се на себе и бебето. И многу ми е жал што повеќе жени поминуваме низ вакво нешто. Едит: кај мене овие тактики навистина помогнаа, помага низ дома и почна да се интересира за бебето. во моментотв не можам да се жалам, ама пројдов низ напорен и тажен период.
Здр девојки денес 36+3 бев брис да ми земат , сега на бришење приметив мн малце секрет пропратен со сувокрвица ….претпоставувам тоа ми е од брисот…нели
Мене ми земаа со две стапчиња, брис од вагина и стрептокока, внатрешно беше, ми ги брцна тоа стапчињата, малку е болно ама ништо страшно, не ми пикна спекулум туку директ стапчето
Да. Мене кога ми земаше докторката брис, баш спомна дека е можно да се појави малку крв потоа. Вика да знаеш да не се исплашиш.
денес се консултирав со докторката... точно е ако си примил клексан не смее да се прими епидурална наредните 18 саати