Женски каков магнезиум примате...јас сум 14 недела и дури од денес вклучив магнезиум директ од оние прашината...може тие веројатно или...?
Мене докторите ми рекоа магнезиум цитрат не е препорачливо во бременост, плус од 2 другарки претходно бремени истото го слушнав.
Веројатно е до самата "определба" на докторите. Сепак секој е најдобро да го користи тоа што препорачал докторот лично нему.
Другарки денес на контрола др.ми препиша полигинакс ради малку бело прање ..но сега имав ептен густ бел и леплив исцедок.Веќе две недели ги пијам утрогестанот зарем е можно уште да излегува од него оти денес и ми мереа цервикс вагинално па се мислам да не е од тоа
Здраво, јас сум бремена и живеам Германија, за патувањето да, отприлика до 26-28 недела, уствари зависи од Авио компанијата сите имаат свои правила. Најдобро директно да им пишеш и да прашаш, Визз Аир мислам до 7 ми месец, после со докторски А-тест, ама не ме држи за збор. Иначе за породувањето треба да се пријавиш порано во болницата каде што сакаш, ти земаат анамнеза, прават преглед и договор за раѓање. Имаат и некои подготвителни курсеви. Иначе она што не го знаев и на среќа најдов е Hebamme или бабица по нашки, таа е задолжена пред, за време на пораѓај и после да те поддржува и помага во целиот процес. Искрено за мене и за сите што немаат фамилија тука и се сами со сопрузите, добро ќе ми дојде некој стручен и тукашен да ми помогне околу негата на бебето, документацијата итн. Ако нешто друго те интересира прашај.
Здраво на сите мамички и идни мамички...сакав да ве прашам за мислење...бремена сум 7 недели и ме интересира дали користите шминка сега во бременоста. Нова сум и не можев да најдам кај нас ништо на оваа тема.
Јас сум комплетно природна не се лакирам, не користам шминка, не се фарбам. Мој личен избор беше тоа. Таман да ми одмори организмот од редовна употреба. Поради многу мачнини не користев ни дезодеранс и ептен се смеевме дома дека сум на органска база сега користам само павловичева крема и стик за под пазуви.
I jas piradi macninite i gadenjeto osven stik i pavloviceva do sega nisto dr Megutoa me interesira za lice, zasto nemam staveno nis povekje od mesec dena a go osekjam mn suvo Ne mi odg pavloviceva krem
Користев шминка по некогаш и мицерална вода и хидратантна крема, но до 11 недела по ретко шминка од мачнини и главоболка до ништо не ми беше
И јас сум природна овој период само стик но понекогаш сакам да ставам барем малку пудра и да се средам но ме плашат сите натписи по странските портали дека козметиката е многу штетна за плодот па затоа и сакав да видам и ваше мислење.
Прво тромесечие избегнував и внимавав да користам органски производи колку што е можно. Коса не фарбам. Еве сум сега 30+ гн терам и некако се подопуштив, нокти си направив обичен гел за туширање, обичен шампон, иначе гледав да се на природна база. Иначе за шминка пудра и маскара 3-4 пати неделно, ама верувам дека не смета воопшто. Има една добра апликација INCI baeuty се вика и ептен ми е од полза. Со неа скенираш баркодот од продуктот и ти кажува кои материи би можеле да се штетни од состојките. Ми заштедува многу време за гуглање, обично кога гледам дека има многу такви состојки( ги бои со црвено) не го купувам и не го користам продуктот.
Мами помош! Под левата града ми се појави црвенило, како растриено, воспалено. Денес приметив оти ме печеше. Научам невен. Некоја со сличен проблем ако сака да сподели како го третирала црвенилото. Инаку 25 недела сум.
Да често се шминкам , се фарбав во 12 та недела со фарба без амонијак и планирам сега пред нова година да се исфарбам црна сум па терам некако и нокти баш денес ги правев сама гел лак само .. можеш да си се средуваш најнормално само некоја козметика за нега да пазиш каков состав има
Да те виде доктор утре, можда некое чирче ќе има. Во меѓувреме облози со борна вода и можиш лист од зелкa.
Секако ќе се јавам на доктор. Не ми изгледа на чирче, баш како растриено е на поголем дел под градата не е една точка. Сепак фала ти