Јас си користам се нормално. И шминка иако поретко оти не излегувам, и рутина за миење си имам, користам мицеларна, тоник, пена/гел, крема се најнормално, се фарбам еднаш месечно и ставам гел на ноктите. Ништо од тоа не ми смета, па не гледам причина зошто не би користела
Доколку е тоа - првично се јавува како локално црвенило, пропратено со болка, а после неколку дена се формирс топлеста формација /колекција со гној. Друго.. Да не имаш поголеми гради? Од потење, триење, ќе се вцрви.. Чиста памучна крпичка со пегла на пареа помини ја, стави ја под града ако е тоа исто, бебешка пудра можиш да ставиш. Утре пиши ни што ќе направиш. Избегнувај лежење на таа страна.
Истиот проблем го имав и јас, само што немав црвенило туку местото ме чешаше неподносливо, и чувството ми беше како кожата да ми е изгорена. Мене ми се појави од потење и само оваа крема ми помогна, ставав кокосово масло и био оил но немаше ефект.
Ех ех, така гледано и воздухот е штетен. Мислам дека премногу се обрнува внимание на глупости, мое мислење Нормално дека нема да користиш козметика купена од пазар оти прво за тебе е штетно тоа. Ама дека од пудра и средување имало многу голема штета, па баш и не ми се верува
Воздухот е дефинитвно поштетен. Како смрди и е загадено периодов во мк, ниедна шминка не може да наштети толку.
Добро утро. Месецов 4 пати во Ремедика, еднаш кај матичен , еднаш во Систина. Во Ремедика 4x2700, матичен 300, Систина околу 3700 со прогестерон депо. Претеризам. Овие Ремедика станале ко Систина. Претходно еднаш ќе ми наплатеа еднаш не, еднаш здравствен совет ќе пишеше др. за упола цена. Ајде викаш налет. Ама што е многу, многу е. Докторката нејќеше да ме прегледа , зошто бев и минатата недела, ама морав да видам јас. Ок е бебе, понапред е 3 дена. Јас си го викам девојчето се си мислам девојче ќе е . Не битно де , живо и здраво да истераме бременостите до крај Се надевам дека ќе почнам на работа. Хематомот речиси апсорбиран докторката рече јас да одлучам. Вака се осеќам ок, незнам ама дома не се седи. Башка предновогодишна магија
Абе каква работа.. Бегај таму, одмарај дома колку што можиш. И јас бев убедена дека до 8/9ти месец ќе одам на работа, па сеа се каам и до премин на 6ти што сум одела. Претеруваат со цените. Сите викаме налет нека се, ние да бидеме добри, ама ту мач е.
јас сум 9ти ... до 15ти ми е термин и уште одам на работа мада е веќе тешкичко на крај ... муабетот ми беше имав и јас хематом негде 8 ма недела прокварев, земав 2 недели боледување кога си се повлече си се вратив на работа не ми се седеше дома, а и не ми е тешка работата физички
Јас немам физичка работа , седам, но возам до работа и знам да имам состаноци надвор од канц.па пак кола, но сепак си ја сакам работата и друго е кпга ќе излезеш од дома Си викам ќе се штедам, а дома нозе во вис- така ми викаше матичната кога идев на работа. Ако ми стане ептен напорно ќе отварам пак боледувања. Браво за тебе. Јас прошлата бременост имав ептен болки а ти во 9ти на работа ,супер!
Јас пак не сакам да одам на работа, на боледување сум сега. Ако можеме патолошка да направиме. Со корона мерките нема уште ништо поднесов барање да ме ослободат од работа. Мојата и баш не е лесна работа, на норма сум, во смени одам. Онака ми е супер работа ама за со бебе во мене не.
И јас сакав да одам и трчев постојано горе доле, си ја сакам работата, ама кога излезе скратување на цервикс, серклаж, лежење во кревет сватив дека нема поважно од здравјето. Само им досадував на вибер на сите, и мешам прсти у мој термин администрација.
Читај интертриго, не треба да е страшно, воспаление или растриено што викаме. Одржувај го суво за да не се развијат габички и посети доктор за да ти даде некоја маст, има ефикасни. Јас од Германија можам да ги препорачам Mirfulan ili Multilind маст, не знам кај нас дали ги има, ама против воспаленија на кожа се специјални и 100% ефикасни. Ставај и газа ако имаш под града за да стои суво. Ќе помине брзо.
И јас вака како тебе си викав, ќе одам на работа до крај, можам, немам тешка работа, седната на компјутер цел ден.. И терав така до 6ти месец, кога во 6ти си закачив корона, три недели саглам не можев да се опоравам, мислев ќе си умрам од што ми беше лошо, и реков после, налет и работа и се, ќе пукнам дома од досада, само до крај да изгурам како што треба.. Еве сега 33та недела сум, досадно дома, ствара и нервоза али ќе се најде некоја занимација од време на време и ќе помине времето.. Мисли си на здравјето, пред се.. Особено сега во оваа сезона на нов сој и еден куп други вируси..
Јас бетер. Закачив корона само што добив позитивен тест Среќа вакцинирана па лесно пројдовме. А стално си закачувам од синко од градинка вируси. Дека паднат имунитетот де стомачен , сега некока настинка со затнат нос Господ да не чува сите …
Ти благодарам на советот. се јавив на доктор ми кажа дека е од триење настанатиот од зголемени гради и се растура бидејќи местото се шири цело време. Ми даде судокрем и дневен заедно да мачкам, и да ставам газа изврши за да нема допир кожа со кожа.