Девојки денес за првпат станав мајка, се роди мојата среќа, мојот син, моето се 3.500кг во 36+3 недела. Ви посакувам на сите ваква среќа
Тие што имате спремни торби, ако може набројте што се' имате спакувано, пошто не знам од кај да почнам и некако не ми се остава на тоа не ти треба ништо за во приватна, таму ќе ти дадат се. Јас да си бидам спремна, па нека ми дадат ако мора.
Девојки од вчера на бришење имам густ исцедок, како гума е растегливо, еднаш/два пати како кафеавко, а денес еве пак еднаш жолтеникаво, нема мирис ама сепак некако ми ствара немир,на тоалетна само ми се појавува. Се јавив кај матичниот ама сестрата ми вика не бил на работа до понеделник. Да одам до ГАК или си праам паника за ѓабе? 19+3 сум иначе.
Јас сум тазе, денес проверив бета хцг и позитивно е .. Со работа не знам што како, премногу ми е стресна и со притисок, на неопределено сум, но со патолошка се зема 70% плата?? Кажете што може што не треба да се јаде? Прво искуство ми е
Јас не сум во Мк, тука си носиш се сам ако почнам да ти набројувам ќе чудиш Од облека за себе за бебе козметика мало кадиче за бањање душече за пресоблекување. Дури и ноќница за пораѓај. Има тема за потребни ствари за во болница кај нас ѕирни таму.
Да одиш.Може да не е ништо, инфекција некоја, а може и страшно да е. За вакви работи се оди на лекар одма, незз како чекате така..
Несакам да те паничам ама јас имав таков секрет кога за жал во 23 недела го изгубив првиот син.. не сакам да те плашам ама од искуство те молам не чекај одма оди со лесно и убава мисла..
Мислам дека е добро да одиш. Јас таков исцедок и кафеаво имав од мукозниот чеп. Не сакам да те плашам ама оди за мирна глава. Се надевам не е ништо сериозно. Со лесно