Здраво Денес дознав дека сум бремена. Имам болки во стомакот како пред циклус слични. А неколку денови имам и намален апетит. Кога го гледам јадењево чувствувам некоја одбивност. Дали е ова нормално?
Да 70% од плата се зима. Мене онака ми е ок работата, ама сега со бебе во мене не сакам да работам. Се очекува од мене многу работа и од мене зависат многу луѓе. Јас се јадам ама умерено, газирано не пиев и пред да останам бремена. @Erika.greeneyes нормално е.
Јас имам тројца доктори. Не смеат да ти кажат ништо. Мојот матичен само ме праша дали и каде сум направила втор скрининг зашто не беше кај него. Реков на ГАК. Толку беше муабетот. Таман работа ако им се мислиме и за тоа. Секако гледаме да биде најдобро за бебе.
Оваа листа ти е за покачен крвен притисок? Оти мислам дека членката збори дека работата и е под притисок
И јас имав такви благи менструални болки до 10та недела негде. Од коа ќе потврди гинекологот бременост може ќе ти воведе и Утрогестан и/или магнезиум. Ама тоа само докторот може да ти каже, на своја рака ништо. Со лесно!
Одете ли многу во вц? Јас да, некогаш не многу, некогаш пак ми се случува и за 5мин да одам пак 8+2 сум.
Ова е листа со дозволена/недозволена храна за хипертензија, не за нормална бременост. Во нормална бременост освен да пушиш, пиеш алкохол све смееш. И морски плодови/риба заради живата не треба да се внесуваат. Премногу шеќери и бел леб важи за секој човек дека не е здраво да се внесува, не само за бремени. Не ја третитајте бременоста како болест. Ова не е само за вас наменето туку за сите што прашуваат за се што ќе внесат дали смеат. Да, во нормална бременост скоро се смее!
Исто ми се случи откако дознав (4+0). Имам намален апетит, уствари го немам ич. Не ми се гади од ништо ама уста не ми се отвара. Јадам со сила салати и пијам јогурт. Единствено нешто што ми се прави се цигарки и кафе Имам и повремени благи бодежи, грчеви во матката. Викаат нормално било се додека не се јаки. Јас според апликација сум 5+3 денес, на прв преглед сум во понеделник (6+1).
Ова 5+3 е бројот на недели и денови? Абе тебе те знам, ти си ми пријателка од другата тема Инаку според моите пресметки некаде помеѓу 11 и 15 ноември сум забременила. Значи отприлика некаде од 17-20 денови сум бремена.
Според последна менструација се пресметуваат неделите а не според денот на зачнување тоа у глобала никој неможе да ти каже точно кој ден си останала бремена.
Добро е што не ти се гади ништо. Јас кога дознав дека сум бремена ваљда од среќа само измислував нешто дека ми се јаде и тоа траеше 1 недела после кога почнаа мачнините и повраќањето едвај преживува така што само уживај !
Да и многу се израдував кога ти го видов тестот сабајле Ист тест имав на 17-18 дпо. Тука си негде. Да, 5+3 се недели и денови и јас сега учам, прва бременост ми е, се ми е ново. Инсталирав пет апликации за водење бременост и само читам
Немав често односи и за првите два, три пати после 14 денови тестот беше негативен а мислам после 14 денови треба да покаже веќе.. А имав уште два пати од кои беа поминати само 10 денови од прилика, и затоа не покажал тестот рано било. Денес кога направив беше позитивен.
Леле колку сум среќна што е вака зошто и онака си имам осетлив желудник. До сега фала му на бога не сум осетила мачнини, само се молам и надевам така да остане
Абе и јас знам точно кога останав оти маж ми отиде на службено патување после тоа ама пак го рачунаат од последна менструација Со лесно во бременоста
12+5 г. н недела сум и чувствувам болка како печење во левиот јајник (препони) болката не е константна на неколку минути се јавува... Дали сте имале сличен проблем?!
Што се рачуна за хипертензија во бременост? Колку е притисокот? На почеток не видов што пишува на листот, се исплашив ја се јадам од графата не смее (освен месо)