Само да ви кажам се е во ред со бебка, си расте, др. ми пушти и 4д да си ја видам се растопив таму ко кашкавал. Полипот си сакал да ме раздрма. За секој случај ќе проверам и брисеви утре иако во 12та недела беа чисти. Ви благодарам на сите за советите, прекрасни сте. Да ви даде господ се што си посакувате.
Од 140 со 90 се смета за висок. Не па, жениве не читаат и вадат луѓе од памет после. Све смееш освен цигари, алкохол и морска храна. Дури и морска храна ако каснеш некогаш не е страшно. Исто со кофеин не треба да се претерува. Ја по 1 до 2 кафиња пијам на ден.
Мислиш на намалени времиња на хемостаза? Ако мислиш на тоа, да примаат клексани заради намалени времиња, а пример имаат ниски ддимери. Јас пак сум обратно, добри времиња, ддимери се покачуваат постепено, ехо ок, нема лакуни, хомогена постелка и еве до 32 терав само со аспирин, сега во 36 пак ќе проверам и ако пак се покачени ддимерите може ќе вклучиме две-три недели клексани.
Здраво! Бидејќи се работи за миом на матка во бременост пишувам тука. Дали некоја од вас имала ваква ситуација, јас сум 6+6 и на преглед ми лоцираа миом, за кој докторот рече дека нема да прави проблем во текот на бременоста. Инаку секогаш редовни гинеколошки прегледи, последен ми беше два месеци пред да останам бремена и се беше во ред. Ве молам ако имате искуство да споделите. Фала!
@Ani93 како помина? Добри ли сте? Праќам позитивни мисли. @TanyaClover живи здрави да сте, брзо и лесно закрепнување и уживање со бебе 1. Ако се осеќаш добро, не би требало да е проблем. И јас многу сакам да пешачам, ама оваа бременост телото ми праќа сигнали дека не треба да форсирам. Неколку пати се напнав на пешачење во природа5-6 км, ама после со денови имав чувство дека се распаѓам, и болки долу кај задник/вагина. Се откажав, малку, до умерено пешачам. Сега исто имам чувство дека се распаѓам, само со одење и работа низ дома, ама изгледа таква ми е бременоста. Минатата бременост немав никакви болки, можев маратон да истрчам мислам, овојпат сосем различно. Прави како ти годи, ако се сомневаш најдобро доктор да си прашаш. 2. Јас си ја позадржав трудничката гардероба неколку месеци. После царски бавно ми се враќаше стомакот во нормала. Искрено, никогаш и не ми се врати баш, ама јас се тешам дека ми е таква конструкцијата и не носев постпородилен појас после пораѓај.
Девојки дали ве боли кога кивате? Кивнав денес и осетив многу јака болка десно во нискиот абдомен како нож и се исплашив, дури сеуште ме трне. Читав на нет вика Some pregnant women experience a sharp pain radiating around their belly when they sneeze. This can be painful, but it isn't dangerous. As the uterus grows, the ligaments that attach it to the side of the abdomen are stretched. Doctors call this round ligament pain. Ви се случило???
@Honny ако ти одговара да пешачиш тогаш пешачи. Однесувај се нормално освен доктор ако не каже поинаку. Во нормална бременост се е дозволено. Скали качување пешачење секс, ако немаш болки. Јас се правев без никаков проблем. За тоа и се клексаните, за подобра циркулација. Ако димерите се високи или времињата изместени се примаат клексани. Ама се во договор со гин и транс. Проблем е што кај нас често има поделени мислења за ова. Имаш тема за димери таму има повеќе искуства. Да ама не сум обрнала внимание. И кога не сум бремена знае да ме здоболи при кивање.
@Anaksunamoon ми зема брисеви, резултати во пон., се надевам и да има нешто нема да е страшно до пон. без терапија. Матичниов вика дека од полипот е тој исцедок затоа што е баш на средина на каналот и при секој контакт реагира, со оглед на тоа дека немаме сексуални односи, единствено може да делува тоа што пешачев повеќе деновиве ама па 4 и пол месеци само дома сум, психата ми се разниша ништо наредниве две недели строго мирување и утрогестан сеа 2х1. Фала што ме помисли, праќам гушки.
Да и тоа премногу јака болка која е дел од секунда и одма поминува читнав дека е нормално а и до сега два пати ми се случи од како сум бремена.
Да, многу пати. Баш ко со нож кај препоната да ме пресекува. Трае неколку секунди и поминува. Ништо страшно.
Девојки вие што сте веќе во 9ти месец влезени.. Која недела почна да се спушта бебуш надоле? Јас сум 33та, бебе со нозете во желудник ме мава, а желудникот во грло веќе го осеќам.. И одвреме на време се потешко дишам.. Вака е последнава недела.. Ни легната ни станата одговара..
Лелее, ако и синко мој реши да не се спушти воопшто " блазе мене", се надевав дека ќе почне по малце да се спушта.. Вака ни јадена, ни спиена ќе си седам до крај..
Блазее тебе! јас за ништо не сум функционална моментално, а најмалку за секс апетит за јадење конечно ми се отвори, али ништо не можам да задржам.. Стани, седни и се така по цел ден.. Али ајде уште малку ќе се издржи..