Приска ви закажуваа ли во ист ден кога го правевте и скринингот? Прв скрининг ми закажаа на 7ми навечер, па на 8ми не се работи, и сигурно за Приска ќе треба да одам на 9ти. Ја прашав сестрата кај докторот, ми рече не е проблем што не е ист ден, ама во првата бременост правев во ист ден, а и имам читано дека така треба.
Мислам дека не е проблем. Јас на ГАК правев, прашуваа од кој ден се мерките така што може и да не се од истиот ден.
А каде се прави Приска? Одма ли кога ќе се влезе од главниот влез, зградата од лево? Уште е тука, и на приземје ли или на спрат? И има ли гужва или брзо се завршува?
На приземје, јас влегов од влезот што е за паркингот на ГАК таму има службен влез, го даваш упатот на обезбедувањето, те пушта да влезеш. Од влезот лево по ходникот, втората врата.
Devojki , jas pravev prv skrining i napraviv harmony test Doktorkata mi kaza deka nema potreba od priska stom go pravam ovoj test
Женски дали некоја знае дали е дозволен влез за трудници без сертификат некаде. Некаде прочитав дека во сити Мол е дозволено ме интересира дали е точно и дали може придружба од сопруг исто без сертификат
Можеби пуштаат во Сити Мол трудници со потврда за бременост, но не верувам продружба да пуштаат На кој основ би пуштиле без сертификат не знам. Ова секако ако има некој да стои на врата. Пред една недела бев, имам една доза и потврда за бременост мислев така да прашам да влезам но за среќа никој не стоеше на влез. Така да, зависи како ќе ти се погоди најверојатно
Сити мол пуштаат трудници без сертификат, а за сопругот мора да има, ма да и било каков да покажеш не е страшно оти не се замраат многу. Барем така беше јас коа бев пред 2 недели.
За трудници е дозволено без сертификат, јас имам влегувано, а сопругот без сертификат нема да го пуштат. Ама да, не се замараат и да покаже друг нема да приметат. Во рамстор еднаш влегов ама на среќа, немаше никој на врата, така да не би знаела трудници дали пуштаат. По другиве трговски не (ова што сум слушнала, немам пробано да влезам)
Без разлика нa имање /немање сертификати сведувајте на минимум шетки по молови. Не да ширам паники но во минатиот зимски бран на ковид, имавме две пациентки трудници чии бебиња имаа малформации. Не би пишувала за малф, да не ширам паника и грев, ама јас лично сум исплашена. Башка сега и со патолошката, скратен цервикс, серклаж се изјаснив дека не сакам гости и посети. Во понеделникот одам накај болница со кола, пациентка чека такси(повеќе патници да се соберат) за да оде на пцр а со брз аг тест +, и со пцр +. Ако вие пазите, друг не пази. Чувајте се, ништо нема да остане некупено.
Исто и мене многу ми е страв и воопшто не шетам по молови па ни општо не излегувам да се мешам со луѓе. Сеупте не знам дали донесов правилн одлука што не се вакцинирав и дали сега да се вакцинирам пак со 2 дози Ова ептен дека беше недела а друг маркет во близина немаше отворено, па до рамстор да испазарувам, а вака шетања по продавници