Пациентките во кој месец закачиле ковид? И дали биле на терапија? Исто и јас избегнувам гужви, контактите ми се максимално ограничени ама има работи кои мора да се земат. Сега пример треба да гледаме креветче и количка, тоа си бара шетање... На работа не одам, се гледам само со 5/6 души.. ме фаќа и мене многу страв ама некои работи се неизбежни
Од завчера искуство, бараат и тоа го гледаат. Три пати влегов и излегов силум прилике и 3 пати ми бараа и го гледаа и тоа убаво. Не сум трудница ама се важи мислам мислењето. Не е битно дали е ковид или не, одбери си неколку модели и само тие погледни ги, нема потреба од гужвање сега. Мој совет, не мора да го послушаш.
Да, така и планирав. За колички имам само 3/4 модели кои секако сакам во живо да ги погледнам. А за креветче ќе биде покомплицирано, уште немам почнато да гледам на нет и искрено немам појма каде да барам и каде се квалитетни..
Се докажа ли дека е од ковид малформацијата? Дај не бидете ко баби да пишувате се и сешто. Значи јас прележав сега ковид и сега те читам тебе , на памет кажување работи. Бравос
И ние немаме ништо спремано буквално дури ми фали и облека за мене и ми е многу проблем што неможам да отидам да видам да пробам каде и да е треба да почнеме да спремаме и за бебка затоа и прашав
Најди си убава блуза, еднобојна без натпис, и однеси ја да ти испечатат. Јас така би играла @LiquidLuna жива и здрава да е Софија, многу гушки праќаме ќе ни фалиш во Труднички. Пиши ни како сте поминале @eli25 Нема потреба од дрскост, имаше студии летото, објавени во научни списанија дека Ковид предизвкува, меѓдругото, малформации на плодот. Настрана доказите дека бремените се на удар од посериозни компликации. Членката најдобронамерно советува, со вакви бројки и лудост е да се пикаме по гужви невакцинирани, а мислсм дека е и медицинско лице. Едно Благодарам би било посоодветно.
Исто и јас како растам во стомачето гледам дека немам џемперче/блуза што би ми го покрило цело стомаче. Кога носам пантолони. А за по дома си носам дуксери или пижами И си викам ај за мене ќе се снајдам некако за лога ќе треба да излезам, со зимски фустанчиња и сл. и не ми е толку приоритет. Ама за бебето ништо немам земено. Додуша мене рано ми е, ама морам да почнам да купувам
Се согласувам дека треба многу да внимаваме периодов, ама па искрено и во страв не се живее. Што се однесува лично за мене еднаш имам појдено до сити мол ама беше неопходно, почнаа и пижамите да не ме собираат а мм ми купил ххl, си помислив може толкава му изгледам Луѓее ко во торба да влегов бев Иначе јас седам дома, а он оди на раб. и секој ден има контакт со пац. ма да носи заштита цело време али пак на крајот на денот си викам чувај не господе. Извинете на рефератов сакав да кажам дека јас ве осеќам тука како едно големо семејство и не гледам причина да се напаѓаме или да си правиме паники. На крај секоја од нас е различна и секоја бременост си е своја, тоа што ми се случило мене не значи и на некоја друга дека ќе и се случи. ууу се забораив со куцање. Ве поздравувам сите.
Мислам дека сите сме доволно свесни дека не треба да движиме во големи гужви, треба да обрнуваме посебно внимание итн. Мене ниеден доктор не ми го кажал ова, од причина што стресот (што трае со месеци додека родиш) во врска со оваа тема може да донесе поголеми компликации од самата корона. Не е ова расправија, меѓутоа реално не сме доктори, а и никој нема да не послуша на форум - ако сака ќе шета, а не е убаво да шириме дополнително паника на некој што може многу да му влијае. Прочитав ананас ако изедеш може бебето да го изгубиш. Се консултирам со доктор, се смее колку е тоа непроверено и нема потреба од стрес. И така, некако најубаво е да не мешаме вакви многу специфични и чувствителни работи во темава.
За какви банални работи се крева овде паника, некогаш стварно човек да не може да се воздржи а да не даде ироничен коментар... За едно кивнување, за некој грч почувствуван повремено некаде каде што е многу нормално да се почувствува и за нешто што треба во 'од' да се помине ако не е интензивно и постојано. Јас еве жена сум, трудна сум, ама толку претерување не е ок... Првично за самата трудница, па после и за тие околу неа.
Здраво Од вчера имам некоја тапа главоболка, а почеток на бременост ми е. Можам ли нешто да се напијам, не се издржува веќе вака со главоболка. Спиев, одмарав, не ми помогна. А, сакав ништо да не пијам во прво тромесечие, но не можам да ја издржам главоболката... И да ве прашам кафе дали пиете во бременоста? Откако дознав дека сум бремена, неколку дена не пијам веќе кафе, а изгледа навика ми беше турско на сабајле, па си викам може затоа сум вака како зашеметена, кафе дека прекинав. Ќе се навикнам, но време треба.
Овде исто и за чај се пишуваше да не се пие. Кога имав уринарна инфекција докторката ми рече да пијам повеќе течности/чаеви. И баш ја прашав нели не смее, вика па ти нема цела кутија да испиеш во еден ден. Шоља, па и две нека се ништо не може да наштети. Јас пијам секој ден по 1 до 2 кафиња. Првото обавезно ми е турско. Додуша на почетокот не пиев бидејќи ми сметаше ама сега немам гајле. И јас кога не се напијам кафе сум со глабоболка и како зашеметена цел ден.
Пијам по едно кафе и едно какао. Обично нес. Денес се напив две , ме искина главата. Смееш кафе , се умерено да биде.И во првата бременост си пиев по едно кафе.
И јас не можам без кафе, низок притисок имам така да си пијам турско на сабајле обавезно, и некогаш кока кола, ми поминува и главоболката и зашеметеноста.
И јас седам дома по цдли денови што ќе отидам до маркет да испазаеувам и 3 - 4 пати што сум отишла до ваикики оутлетот за нешто бебешко да видам иако немаат ништо све си нарачав преку интернет. Нема живеам со свекрва и свекор еве свекорот има температура идам во исто вц со него во идта куќа пипкаме исто ќе се падне некогаш ист прибор да земеме маж ми идто така на работа сите му се болни он беше болен ајде пиеше фервекси витамин ц свекрвата по автобуси работи во школо. Колку и да се пазам ќе прифатам еве си кашлам нос ми тече неможам убаво да си се искашлам стомак ме боли они смеат да пијат све ние ништо со чаеви лимони супи бомбончиња љути. Не е само до шетањето и од блиските може да фатиме вируси колку и да се пазиме.